Радикалниот ислам зголемена закана на Балканот

10/12/2012

Балканските безбедносни сектори треба да бидат поподготвени за да се справат со заканата од тероризмот, истакнуваат аналитичарите.

Мики Трајковски и Дражен Ремиковиќ за Southeast European Times во Скопје и Сараево -- 10.12.12

photo

Шукри Алија се обиде да ја преземе контролата над муслиманската верска заедница во Македонија. [AФП]

Како што радикалниот ислам станува поочигледен во регионот, експертите за безбедност велат дека движењата како вахабизмот претставуваат растечка закана за безбедноста на Балканот.

Радикалниот ислам се појави на Балканот во раните 90-ти кога конфликти почнаа да беснеат во поранешна Југославија. Муџахедини и верски лидери од Блискиот Исток пристигна во Босна и Херцеговина (БиХ) да се борат на муслиманската страна, и многу останаа, бидејќи беа во можност да добијат државјанство.

„Радикалниот ислам е една сериозна закана за регионот ... западна Македонија, Косово, Албанија, Санџак и Босна. Овие лица постојат во поголем број отколку што јавноста знае“, изјави за SETimes Владимир Пивоваров, поранешен шеф на македонската служба за воена безбедност и разузнавање.

Шукри Алија, кој се смета за еден од идеолозите на радикалното муслиманско движење во регионот, беше уапсен минатиот месец по меѓународна потерница. Тој беше екстрадиран во Македонија од Косово, во средата (5-ти декември), каде што ќе му се суди за серија кривични дела.

Алија беше осуден за напад врз имамите од Исламската заедница во Македонија пред неколку години, кога неговата група се обиде да ја преземе контролата врз муслиманските верски заедници во земјата.

Полицијата ја истражува неговата поврзаност со масовното убиство во близина на Скопје оваа година, кога пет рибари беа убиени.

„Според нашата оперативна истрага, Алија е еден од најголемите промотори на радикалниот ислам и не може да се исклучи можноста дека тој е организаторот на овие убиства“, изјави за SETimes Иво Котевски, македонскиот заменик-министер за внатрешни работи задолжен за односи со јавноста.

Пивоваров рече дека радикалниот ислам е присутен во земјите со слаб економски развој, што ги прави немоќни да одговорат на заканите.

Радикалниот ислам, отскочна штица за тероризам, треба да се сфати сериозно од страна на безбедносните служби на Балканот, додаде тој. „Иако владите на Балканот велат дека се подготвени да се справат со оваа појава, на терен гледаме дека тоа не е така“.

Да се дејствува превентивно е клучот, според Фросина Ременски, професор по безбедност на Факултетот за безбедност во Скопје. Но, превенцијата бара уште поголема соработка меѓу државите од регионот и безбедносните служби.

„Усогласувањето на законодавството меѓу сите земји во регионот и заеднички превентивни анти-терористички активности во тандем со постоечките анти-кризни економски политики во голема мера ќе ја намали можноста поединци да се приклучуваат кон каузата на радикалните исламисти“, изјави Ременски за SETimes.

photo

Фотографија сликана на 28-ми октомври 2011-та година која го покажува 23-годишниот Мевлид Јашаревиќ, кој стои на една раскрсница држејќи АК-47, по отворањето оган врз Амбасадата на САД во Сараево. [AФП]

Пред една година, Сараево беше згрозено од терористичкиот напад од страна на вахабистичкиот припадник Мевлид Јашаревиќ од Србија врз Амбасадата на САД. На 28-ми октомври 2011-та година, Јашаревиќ пукаше со автоматска пушка во зградата повеќе од еден час, погодувајќи ја повеќе од 100 пати, пред да биде ранет од полициски снајпер и уапсен.

Во 2010-та година, терористи нападнаа полициска станица во Бугојно, централна БиХ, и убија еден полицаец, а беа повредени пет лица. И двете истраги сè уште се во тек.

Експертите сметаат дека радикалните исламисти во БиХ имаат силни врски со групи во Санџак, Србија, како и во Македонија, Косово и Црна Гора.

Кон крајот на 2009-та година, медиумите објавија доверлив интерен документ на Канцеларијата на високиот претставник (КВП) во БиХ во кој се вели дека врвни бошњачки политички и верски претставници го финансираат тероризмот и радикалниот ислам во земјата.

Меѓу оние кои што беа споменати во документот се поранешниот шеф на Исламската заедница во БиХ Мустафа Цериќ, лидерот на социјалдемократите, Златко Лагумџија, и лидерот на Алијансата за подобра иднина и медиумски магнат Фахрудин Радончиќ.

Функционерите ги отфрлија обвинувањата, а ОХР рече дека документот е интерен.

Лидерите на радикалните исламисти стануваат сè поприсутни во јавноста, преку видео врски, комуникации, медиумите и одржување на јавни форуми.

Неформалниот лидер на вахабистите во БиХ, Нусрет Имамовиќ, неодамна рече дека БиХ треба да бидат управувана според шеријатскиот закон.

„Исламот има нераскинлива врска со политиката. За нас, суштината на исламот е џихадот. Алах ги сака оние кои се борат на негов начин“, рече Имановиќ на форумот „Екстремизмот, тероризмот - опсег и почетоци“ што се одржа во Сараево на 23-ти септември.

Поврзани написи

Loading

Џевад Галијашевиќ, член на Експертскиот тим за борба против тероризмот и организираниот криминал на Југоисточна Европа, регионална невладина организација, рече дека работите како форумот на Имамовиќ претставуваат директен напад на уставот на БиХ.

„Ова е прв пат вакви идеи да бидат претставени јавно, во срцето на Сараево“.

Ниту еден политичар не реагираше по форумот на Имамовиќ. Најлошо нешто е тоа што други муслимани страдаат поради тоа“, изјави Галијашевиќ за SETimes.

Дописниците на SETimes Билјана Лајмановска и Ивана Јовановиќ од Скопје и Белград го дадоа својот придонес во овој напис.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Регионот и Турција оптимисти за новото водство на ЕУРегионот и Турција оптимисти за новото водство на ЕУ

Официјалните претставници од регионот велат дека неодамнешните кадровски смени во ЕУ ќе имаат позитивно влијание на односите на нивните земји со Брисел.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали треба Грција да го промени начинот на кој се справува со нелегалните имигранти?

Да
Не
Не знам