Импровизирани сојузи се закануваат да ја попречат демократијата

14/08/2012

Политичката сцена во многу земји во Југоисточна Европа е слаба, а гласачите повеќе не се главна грижа на партиите.

Александар Павлевски за Southeast European Times во Скопје -- 14.08.12

photo

Симпатизери на најголемата опозициска партија во Македонија, Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија, извикуваат партиски слогани за време на еден митинг во Скопје. Партијата неодамна формираше коалиција со големите ривали, Демократската партија на Албанците. [Ројтерс]

Политичарите и партиите во целиот регион најчесто ги напуштаат своите идеали и се менуваат со политичкиот ветер и ја зграпчуваат или одржуваат нивната контрола врз власта, велат аналитичарите. Резултатот е збунувачка каша за гласачите кои повеќе не може да сметаат на партиите да ги претставуваат нивните сопствени убедувања.

„Политичките партии веќе одамна ги напуштија своите традиционални идеолошки и политички упоришта и стануваат т.н. „сеопфатни“ партии, кои му нудат на секој граѓанин сешто само за да дојдат на власт“, изјави за SETimes Билјана Ванковска, професор на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје.

Крајниот резултат се заканува да ги разочара гласачите во младите демократии во регионот.

„Сите партии не изневерија и никој не работи за луѓето, туку само за себе", изјави 72-годишната Станка Билиќ од Белград за SETimes.

Во Македонија, двата најлути политички противници се обединија за да ја соборат владата со коалиција која нема политичка идеологија или дефинирана политичко-економска програма. Коалицијата помеѓу Социјал-демократски сојуз на Македонија (СДСМ) и Демократската партија на Албанците (ДПА) го формира она што тие го нарекуваат „прва мултиетничка коалиција“ пред локалните избори кои треба да се одржат во март 2013-та година.

„Граѓаните и самите членови на партиите се збунети за тоа каков вид идеологија ќе промовираат и што тие ќе понудат кога нема изборна програма -- покрај желбата да се дојде на власт после шест порази по ред“, Виктор Трифуновски, сопственик на компанијата Интер Карго, изјави за SETimes.

Ванковска вели дека немајќи идеолошки принципи, партиите се здружуваат на неметодичен начин со ништо заедничко или заедничка визија за раководство.

„Граѓаните ... ја сметаат опозицијата за пасивна и без идеи за тоа како да се реши економската криза. Проблемите се системски, а повеќето од политичарите кои се обидоа да ги решат се покажаа како неспособни и корумпирани“, вели Ванковска.

photo

Коалицијата СДП/СДА во Босна и Херцеговина се растури. [Ројтерс]

„Мнозинството [гласачи] во Македонија й ја дадоа својата доверба на владата, поточно на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот коалициски партнер, шест пати по ред, бидејќи понуди јасна програма. За прв пат во повеќепартиската демократија на Македонија, владата се смета себе си одговорна пред јавноста врз основа на тоа каков вид на резултати постигнува“, Стевко Дојчиноски, жител на Прилеп, изјави за SETimes.

Според аналитичарите од регионот, наместо да се работи кон подобра политичка визија за подобрување на практичната јавна политика, има взаемни исклучувања и нечесност помеѓу левицата и десницата, што ги отуѓува граѓаните од политичарите.

„Многу луѓе мислат дека решението е демократизација на политичките партии, или замена на корумпираните елити, или појава на нови партии. Ваквите чекори можат да ја подобрат ситуацијата, но само краткорочно“, вели Ванковска.

„Довербата што гласачите ја имаат во владата не е само поради тоа што владејачките партии нудат програма и работат транспарентно за да ја реализираат истата, туку и затоа што опозицијата не понуди алтернативни идеи или кадри“, изјави за SETimes Бранислав Тодоровски, жител на Скопје.

Во Србија, опозициската Социјалдемократска партија, која настапи заедно со Демократската партија, го напушти својот коалициски партнер и се приклучи на владејачката коалиција во средината на јули.

„Ова беше една од најтешките одлуки што ја донесов заедно со моите колеги во партијата. Свесен сум дека тоа е морално дискутабилно, и поради тоа се чувствувам лошо, но ние избираме помеѓу опстанок и згаснување на СДПС“, изјави на 19. јули лидерот на партијата Расим Љајиќ.

Ѓорѓе Вуковиќ, од невладиниот Центар за слободни избори и демократија, вели дека законот за избор на пратеници не е главниот проблем, туку изборот на кадри во рамките на партиите.

"Партиите сега ги критикуваат пратениците кои ги напуштаат да се префрлат во друга група. Ова го поставува прашањето за тоа како тие им ги препорачале овие пратеницина гласачите кога ги вклучиле во нивните изборни листи“, изјави Вуковиќ за SETimes.

Коалициските партии во Босна и Херцеговина (БиХ) го следат начелото "секој со секого", укажувајќи на тоа колку е тешко да се биде политичко раководство, а камоли да се биде квалитетна алтернатива за владејачката политичка опција.

photo

Социјалистичка партија на Албанија, предводена од Еди Рама, предизвика двегодишен политички ќор-сокак. [Ројтерс]

Во моментов, тешко е да се каже кој е на власт, а кој е во опозиција во БиХ. За време на општите избори во октомври 2010-та година, државата доби влада во која победничките партии -- Социјалдемократската партија (СДП) и Партијата за демократска акција (СДА) -- формираа коалиција.

Но, коалицијата се растури во јуни минатата година поради несогласувања околу политичкиот правец на БиХ и сега СДА е во опозиција.

СДА претходно ја обвини СДП дека им дава поголеми овластувања на кантоните, со тоа поткопувајќи ја политичката стабилност на БиХ.

„Партиите го загубија своето идеолошко значење, бидејќи личните интереси станаа нивен приоритет. Така, гласачите престанаа да бидат медиумот за подобрување на нивната иднина. Тоа е вистинската причина зошто СДА ја напушта водечката политичка позиција во БиХ и најверојатно ќе оди во нашите сеќавања. Гласачите едноставно не се препознаваат себе си во истата идеологија од војната до денес“, изјави Мирза Бечировиќ, професор на Универзитетот во Тузла, за SETimes.

Експертите велат дека недостатокот од политички елити е главна причина за проблемот.

Поврзани написи

Loading

„Нивното создавање обично трае долго време, но во помалку развиените земји е потребно подолго време и тоа е причината поради која имаме ваква ситуација на неконсолидирана опозиција, иако истото може да се каже и за владејачките партии“, Ќани Мехмеди, уредник на Инфопрес и политички коментатор во Приштина, изјави за SETimes.

Тој објасни дека она по што е позната опозицијата во Албанија е оспорување на изборните резултати до точка на попречување на политичкиот систем.

„Ако Албанците ја прослават 100-годишнината од албанската држава, ние во исто време, исто така, ќе одбележиме 100 години од злоупотребата на албанските гласови. Без да се реши проблемот на целосно почитување на гласањето, не не сме ја сме утврдиле власта, опозицијата или државата“, вели Мехмеди.

Дописниците на SETimes Игор Јовановиќ и Бојана Миловановиќ во Белград го дадоа својот придонес во овој напис.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Focus on Ukraine

Репортажа

Армиите на Балканот покажуваат соработка во кризни ситуацииАрмиите на Балканот покажуваат соработка во кризни ситуации

Експертите и официјалните претставници се согласуваат дека соработката помеѓу вооружените сили се покажува како скапоцена во справувањето со природните непогоди.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Војските во Југоисточна Европа работат заедно да им помогнат на граѓаните во соседните земји во вонредни ситуации и катастрофи. Дали ги поддржувате дополнителните вежби за соработка за поддршка на оваа мисија?

Да
Не
Не знам