Од тепања до Твитови, расизмот во Грција во пораст

06/08/2012

Актуелната економска криза и растот на неонацистичката група Златна зора вперени кон имигрантите.

Енди Дабилис за Southeast European Times во Атина -- 06.08.12

photo

Грчки демонстранти и имигранти што живеат во Грција маршираат за време на митинг против расизмот во центарот на Атина на 24. април. Митингот беше против фашистичките напади и плановите на владата да направи притворни центри за нелегалните имигранти. [Ројтерс]

Реакциите против брановите на имигранти кои ја користат Грција како појдовна точка за влез во Европа доведе до пораст на расистичките напади, тврди извештајот на американската група Хјуман рајтс воч, а политичките водачи велат дека стравуваат дека екстремистичките групи се обидуваат да создадат фашистичка држава.

Во извештајот насловен „Омраза на улиците -- ксенофобично насилството во Грција“, кој излезе после шест месеци истражување во Атина и други грчки градови, главниот истражувач Џудит Сандерленд вели дека групата открила најмалку 300 напади во три месеци врз азиски и африкански имигранти, вклучувајќи и брутални тепања на тинејџери и бремени жени од страна на групи на мажи.

Антиимигрантската жестокот се зголеми во Грција поради катастрофалната економска криза која предизвика намалување на платите, даночни зголемувања и драстично намалување на пензиите, оставајќи ги Грците загрижени за својата иднина, додека пак групите како што е нео-нацистичката партија Златна зора ги обвинуваат имигрантите за растечкиот криминал.

Во Грција, земја чија популација изнесува 11 милиони, има околу 1 милион имигранти, многу од нив нелегални.

„Се надеваме дека можеме да ги убедиме дека ова е важно, дури и во услови на економска криза, бидејќи ако тие не го решат овој проблем сега, тој ќе се влоши ... има банди на силеџии кои шетаат и напаѓаат луѓе“, Сандерленд, која се сретна со претставници на министерството за јавен ред и заштита на граѓаните, изјави за SETimes.

Во извештајот се истакнува дека никој не е осуден според грчкиот закон за злосторства од омраза од 2008-та година, а полицијата не успеала да ги заштити жртвите на расистички напади и да ги казни сторителите. Хјуман рајтс воч ја повика новата коалициска влада да направи план за борба против расизмот, вклучително и обука за полициски службеници -- се зборува дека 50 отсто од нив гласале за Златна зора и неколкумина од нив неодамна беа обвинети за тепање на еден авганистански имигрант.

Златна Зора, која освои 18 пратенички места со платформата да се исчисти Грција од имигранти, се поврзува со голем број напади. Исто така, беше утврдено дека партијата стои зад еден расистички твит кој вели дека комарците кои го носат смртоносниот вирус Западен Нил ќе најдат "домашна храна" во африканските имигранти. Твитот беше испратен од грчката атлетичарка во трискок Параскеви Папахристу, која беше избркана од грчкиот олимписки тим непосредно пред Олимпијадата во Лондон.

photo

Грчката олимписка натпреварувачка во трискок Параскеви Папахристу беше повлечена од Олимпијадата во Лондон откако таа објави коментар на Твитер кој беше доживеан како расистички. [Ројтерс]

Партијата, која постави народни кујни и организираше групи за заштита за да поттикне поддршка, жестоко ја бранеше својата тактика.

„Единствен расизам во Грција е расизмот против Грците. Секој кој кажува дури и еден збор против нелегалните имигранти се соочува со јавен потсмев ... ќе биде поискрено да се донесе закон за осуда со смрт со каменување на сите кои имаат различни ставови“, се вели во едно соопштение на групата.

Во земјата има малa благонаклонетост кон имигрантите. Владата затвори илјадници нелегални имигранти и гради кампови за притвор. Премиерот Антонис Самарас рече дека еден од неговите приоритети е да ја исчисти Грција од имигрантите кои според него не припаѓаат во земјата.

„Мораме да ги вратиме назад нашите градови“, рече тој, велејќи дека имигрантите се "болест". Тој рече дека, исто така, сака да ограничи или одземе некои од правата дадени на имигрантите и нивните деца кои се родени во Грција.

„Прашањето за расистичкото насилство не е на агендата на владата“, изјави за SETimes Костис Папајону, шеф на Националниот комитет за човекови права.

Џо Осамуи, 43-годишен нигериски имигрант, рече дека се има соочено со дискриминација во неговите 16 години во Грција, но не со оној степен на насилство против странците што се случи доцна една ноќ неодамна на автобуска станица каде што тој чекал. Еден имигрант кој стоел до него, кажува тој, одеднаш бил претепан од група напаѓачи.

„Тие не кажаа, но се знае дека тоа беше Златна зора“, изјави тој за SETimes.

„Златна зора е само забава, тие профитираат од бедата и корупцијата“, оставајќи ги Грците загрижени за својата иднина, рече тој. Осамуи, компјутерски научник, кој вели дека може да најде работа само како чистач на маси во рестораните во Грција, рече: „Кај мене на работа има расизам и можете да слушнете зборови на предрасуди“.

photo

Африканските имигранти во Грција се соочуваат со дискриминација и закана од насилство. [Енди Дабилис/SETimes]

Нема знаци дека расизмот се намалува. Портпаролот на Златна зора Илијас Касидиарис -- кој е обвинет за напад врз двајца пратеници од левицата за време на една телевизиска емисија во живо пред изборите од 17. јуни на кои освои едно пратеничко место -- рече дека непријателите на Грција сакаат да ја претворат земјата во „беден протекторат населен со полулуѓе без совест, земја или култура“, и побара нагазни мини да бидат поставени по должината на границите на земјата.

Поврзани написи

Loading

„Проблемот со расизмот во Грција е сложен. Има опасна ескалација на расистичкото насилство против бегалците и мигрантите“, и некои групи се обидуваат да ја искористат загриженоста во Грција, изјави за SETimes Кети Кехајлојлу, информациски службеник за високиот комесар на ОН за бегалци (УНХЦР) во Атина.

„Економската криза предизвика фрустрации и социјални немири кај емоционално оптоварената популација која бара жртвени јагниња", додаде таа. УНХЦР направи пилот програма кон крајот на минатата година за да ги следи нападите, и рече дека тоа расистичко насилство „се шири со едно застрашувачко темпо и претставува закана за веќе нарушената социјална кохезија во земјата.

Џавиед Аслам, кој предводи една група на пакистански имигранти поврзана со атинската Кампања против расизмот, им кажа на истражувачите од Хјуман рајтс воч дека тој и пет други имигранти биле брутално претепани од напаѓачи кои со сила успеале да влезат во седум куќи, напаѓајќи ги сопствениците и уништувајќи го имотот.

„Ова се фашистички банди и некој мора да ги запре“, рече тој.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Focus on Ukraine

Репортажа

Воената медицина ги поврзува армиите на БалканотВоената медицина ги поврзува армиите на Балканот

Армиите во регионот ја унапредуваат соработката преку заеднички воено-медицински активности.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали Исламската држава Ирак и Левант (ИСИЛ) е закана за Југоисточна Европа?

Да
Не
Не знам