Македонија се надева дека ќе го привлече вниманието на НАТО

14/05/2012

Претставници на НАТО ќе се сретнат во Чикаго овој месец.

Клаудија Лутовска за Southeast European Times во Скопје -- 14.05.12

photo

Македонците велат дека името „Република Македонија“ во никој случај не го негира правото на земјата на идентитет. Грција вели дека името е индиректна закана за нејзината област. [Ројтерс]

Самитот на НАТО следната недела во Чикаго ќе биде кулминација на долгите години на подготовка на една мала земја која не е дури ни членка, но има големи надежи дека дводневната конференција ќе заврши со покана за приклучување кон ова елитно братство.

Македонија се подготвува за овој самит откако Грција -- нејзиниот лут јужен противник -- ја блокираше речиси сигурната покана за влез во оваа организација во 2008-та година.

Од тоа разочарување, Македонија прави максимални напори за да им докаже на 28-те земји-членки на НАТО дека заслужува покана, и се надева дека земјите ќе применат доволно притисок врз Грција, која долго време е преоптоварена со мерки за штедење, да не го искористи своето право на вето на 20-ти и 21-ви мај -- доколку ова прашање биде ставено на гласање.

Повеќе од 85 отсто од Македонците сакаат земјата да биде членка на НАТО, според неодамнешната анкета спроведена од Институтот за демократија.

„Членството на Република Македонија во НАТО останува стратешки приоритет на надворешната политика на нашата земја“, изјави за SETimes Зоран Јолевски, амбасадор на Македонија во САД. „Интеграцијата во евро-атланските структури е наша аспирација, но [исто така] логична последица на напредокот во кој земјата инвестира повеќе од една деценија“.

Македонија има голема поддршка. Во последните две недели, Латвија и Норвешка се меѓу земјите кои јавно го поддржаа добивањето на покана, а македонски официјални претставници се сретнаа со бугарските колеги минатата недела, надевајќи се на слична поддршка.

Но, постојат индикации дека молбите на земјата можеби нема да бидат слушнати во Чикаго. Нема планови на состанокот следната недела да се разговара за проширување на членството. Американски, како и германски официјални претставници минатиот месец изјавија дека Македонија мора да го реши спорот за името со Грција за да може да биде примена во ЕУ и НАТО.

Премиерот Никола Груевски побара од членките на НАТО да ја додадат апликацијата на Македонија на агендата.

photo

Графити во Скопје на кои пишува, „Се работи за името“. [Ројтерс]

„За жал, агендата не предвидува дебата за проширување на Алијансата“, напиша Груевски во едно писмо. „Процесот на проширување на НАТО треба да продолжи, бидејќи тоа несомнено ќе придонесе за зајакнување на стабилноста, просперитетот и демократијата во Југоисточна Европа. Со текот на времето, Република Македонија ги исполни сите потребни критериуми за членство во НАТО“.

Спорот со Грција е сериозен, со навидум малку простор за преговори или придвижување на двете страни. Името Македонија влече свои корени стотици години, низ римската и византиската империја.

Денес, голем дел од северна Грција се нарекува Македонија и е дом на околу 3 милиони луѓе. На север од тој регион, Република Македонија -- помала од областа на Грција и со еден милион помалку жители -- вели дека незјиното право на името "Македонија" е силно колку што е тоа на Грците.

Иако напорите за создавање на автономна Македонија датираат уште од 1800-тите години, Република Македонија почна да постои во 1991-та година, кога земјата прогласи независност од Југославија. Грција веднаш го сфати тоа како закана, тврдејќи дека името „Македонија“ имплицира право на грчката област. Двете земји се расправаа од почетокот, препирајќи се четири години за знамето на Македонија сé додека Македонија не се согласи да го промени во 1995-та година.

Македонија е призната од страна на повеќе од 100 земји и беше примена во ОН во 1993-та година, но во ова тело -- и повеќето други меѓународни организации -- се идентификува како „Поранешна Југословенска Република Македонија“.

Македонија аплицираше за членство во НАТО во 2005-та година и веруваше дека ќе биде примена во 2008-та година, но Грција блокираше една официјална покана. Во 2009-та година, Грција ги блокираше преговорите на ЕУ со својот сосед поради истото прашање.

Меѓународниот суд на правдата пресуди во 2011-та година дека грчкото вето на членството на Македонија е незаконско, но таа одлука не направи многу за апликацијата на Македонија да биде ставена на агендата на НАТО овој месец.

photo

Македонија испрати свои војници во операциите на НАТО во Авганистан за да ги подобри нејзините шанси за приклучување кон организацијата. [Ројтерс]

И покрај пречките, Македонија направи значајни чекори со надеж дека ќе се приклучи кон организацијата.

Во канцеларијата на НАТО во Брисел, заменикот министер за одбрана Петар Есмеров размени писма за разбирање на 27-ми април со НАТО за соработка во командата, контролата, комуникациите, разузнавањето, надзорот и извидувањето.

„Република Македонија е првата земја партнер во регионот која го потпиша овој договор со агенцијата на НАТО“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Овој договор го проширува патот и дава едно подлабоко и понапредно ниво на интероперабилност помеѓу армијата на Република Македонија и НАТО. "

Премиерот Груевски рече дека Македонија ги исполни сите критериуми за членство во НАТО.

Поврзани написи

Loading

„Македонија како земја учествува секаде каде што НАТО побара од нас“, рече Груевски. „Нашите војници учествуваат во мисиите предводени од НАТО и нашите пратеници никогаш не гласаа против. Македонија е петтата земја според бројот на војниците распоредени во Авганистан и половина од буџетот за одбрана на земјата се троши на нашите напори таму“.

Земјата, исто така, започна значајни инфраструктурни проекти поврзани со НАТО. Организацијата се согласи да продолжи со финансирање на реконструкцијата на 13 мостови на транспортниот Коридор 10. НАТО и Македонија потпишаа широка соработка во Брисел минатиот месец, која предвидува 8,6 милиони евра од НАТО со цел војниците на НАТО да можат да поминуваат преку патиштата.

Ова е дополнителен сигнал дека и покрај опструкцијата на Грција на членството на Македонија во Алијансата, НАТО не дозволува безбедносен јаз во регионот“, рече бригадниот генерал Рекс А. Спитлер, началник на штабот на КФОР.

Во Југоисточна Европа, Албанија, Бугарија, Хрватска, Романија и Турција се членки на НАТО. Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина имаат акциски план за членство со надеж дека ќе станат членки на организацијата.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Екстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирањеЕкстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирање

Економските можности и образованието се неопходни за запирање на ширењето на екстремизмот меѓу младите.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали овозможувањето силен балкански економски пазар ќе го подобри процесот на помирување во регионот?

Да
Не
Не знам



Види ги резултатите Додадете коментар