Нови обиди екстремизмот да се прогласи за противзаконски на Балканот

07/05/2012

Последните напори за забрана на активностите на ултранационалистичките групи во Србија и Хрватска предизвикаа и скептицизам и пофалби.

Лили Линч за Southeast European Times во Белград -- 07.05.12

photo

Целта на забраната на екстремистички групи е спречување на потенцијалното насилство. [Ројтерс]

Во текот на изминатиот месец, владите на Србија и Хрватска ги засилија своите напори за забрана на екстремистички групи и собири. И додека некои ги поздравија потврдите ставови на двете влади за екстремизмот, други се сомневаат во мотивите кои стојат зад забраните.

На 12-ти април, хрватскиот премиер Зоран Миловановиќ најави дека ќе го забрани собирот на екстремните десничарски европски партии во Загреб. Настанот беше организиран од страна на хрватската Чиста партија на правата, група позната по славењето на про-нацистичкиот усташки режим од Втората светска војна во Хрватска.

Учесниците планираа да се соберат во знак на поддршка на Младен Маркач и Анте Готовина, двајца поранешни хрватски генерали обвинети за воени злосторства минатата година. Во изјава за јавноста осудувајќи го митингот, премиерот соопшти дека „повикот за прогонување на Србите и Ромите, како и за освојување на територии ... нема да помине во Хрватска“.

Сепак, некои активисти велат дека забраната е спроведена само откако тие извршиле притисок врз владата преку ад хок иницијатива составена од невладини организации и граѓани.

23-годишниот Демијан Вокси, студент и анти-фашистички активист, за SETimes изјави, „Ние сме задоволни од фактот што собирот и групата беа забранети, но не сме задоволни што мораше да реагира една иницијатива. Владата и полицијата требаа да реагираат побрзо и поефикасно“.

Други, исто така, изразија мешани чувства за забраната. Флоријан Бибер, професор по студии за Југоисточна Европа на Универзитетот во Грац, за SETimes изјави, „Забраната на митингот во Загреб, секако, е знак дека Хрватска е помалку расположена да ги толерира таквите манифестации. Дали ова претставува една подлабока промена останува да се види“.

Бибер, исто така, истакна дека Миловановиќ присуствувал на годишната комеморација во Блајбург во 2008-та година, настан на кој фашистичките симболи беа отворено прикажани.

И покрај овие очигледни противречности, Бибер рече дека забраната „можеби го отсликува слабеењето на екстремистичките групи во регионот за време на избори и нивната намалена способност да ја диктираат политичката агенда, што често беше случај во текот на последната деценија“.

photo

Екстремисти ја прекинаа Парадата на гордоста во Белград во октомври 2010-та година и се судрија со полицијата. [Ројтерс]

На друго место, канцеларијата на јавниот обвинител во Србија побара од Уставниот суд да ги забрани ултранационалистичките групи Наци и Српското народно движење (СНП) 1389. Во јавната расправа на 17-ти април, канцеларијата на јавниот обвинител го опиша наводното учество на групите во насилството и уништувањето на имоти кои следеа по објавувањето на независноста на Косово во 2008-та година и Парадата на гордоста во Белград во 2010-та година.

Покрај тоа, канцеларијата на јавниот обвинител тврдеше дека СНП 1389 неодамна го прослави масакрот во Сребреница од 1995-та година во кој беа убиени над 8.000 бошњачки мажи и момчиња.

Гордана Јаничиевиќ, заменик државен обвинител, накратко ги прикажа активностите на групите пред судот како „постојана закана за човековите права и слободи“ и „предизвикување на омраза кон другите народи“.

Данијела Ломбарда, портпарол на Уставниот суд, за SETimes изјави дека одлуката на судот, најверојатно, ќе се чека до јули.

Групите во прашање велат дека нема законска основа за забрана. „Секоја активност во која се вклучуваме е легална. Ние сме регистрирана организација и секој наш протест е пријавен во полиција, како што налага српскиот закон“, изјави 24-годишниот Миодраг Милосављевиќ, потпретседател на СНП 1389, за SETimes.

Многу граѓани, сепак, сметаат дека групите како СНП 1389 треба да бидат забранети. 57-годишната Миленка Ѓуровиќ, пензионирана медицинска сестра која живее во Белград, за SETimes изјави дека таквите групи треба да бидат прогласени за противзаконски бидејќи „секогаш кога во Србија ќе се случи нешто со што тие не се согласуваат, тие користат насилство за да покажат дека тоа не им се допаѓа“.

Други, пак, изразија сомнежи за посветеноста на владата за прогласување на екстремистичките групи за противзаконски. Горан Милетиќ, програмски директор на организацијата за граѓански права на бранителите за Западен Балкан, за SETimes изјави дека смета дека владата нема намера да спроведе забрана и дека судските постапки не претставуваат ништо друго туку „преправање на владата дека прави нешто“ за екстремизмот во Србија.

photo

Графити на СНП 1389 бараат обединување на сите Срби, вклучувајќи ги и оние во БиХ. [Лили Линч/SETimes]

Во меѓувреме, Саша Јанковиќ, народниот правобранител на Србија, се прашува дали целосните забрани се најдобар начин за справување со проблемите предизвикани од страна на екстремистички групи. Во интервјуто за Б92 на 17-ти април, Јанковиќ рече дека забраната на Уставниот суд можеби ќе може привремено да ги запре активностите на екстремистичките групи како што е СНП 1389, но нема да ги реши основните проблеми кои ги прават овие групи привлечни за младите луѓе.

Поврзани написи

Loading

„Сите ние го поддржуваме Новак Ѓоковиќ, но колку млади луѓе во Србија знаат да играат тенис или ги постигнуваат своите амбиции во областа на културата и музиката? Отсуството на овие можности ги прави младите луѓе подложни на екстремни идеологии, и ако ние не почнеме да се занимаваме со тоа, забраната на Уставниот суд нема да реши нешто“, изјави Јанковиќ.

Јанковиќ, исто така, истакна дека многуте пропусти на полицијата, обвинителите, судовите, образовниот систем и министерствата за образование и спорт придонесоа за една ситуација во која забраната на правото на една регистрирана група на здружување, кое е загарантирано со Уставот на Србија, мораше да се смета како последно средство.

Иако некои ги сметаат обидите за забрана на ваквите групи за неискрени, Вокси укажува дека предложените забрани може да помогнат вниманието на јавноста да се фокусира на прашањето за екстремизмот, каков што беше случајот во Хрватска.

„Ние сме задоволни од реакцијата на медиумите, која беше огромна и обединета во осудата на фашизмот. Реакцијата на хрватската јавност беше, исто така, дека во големо мнозинство тие ја поддржуваат нашата кауза, докажувајќи дека фашизмот во Хрватска не е толку моќен како се мислеше досега. Сепак, не можеме да дозволиме да го игнорираме тоа“.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Извештај за човековите права забележува дискриминација, кривични дела од омраза во регионотИзвештај за човековите права забележува дискриминација, кривични дела од омраза во регионот

Според неодамнешниот извештај на Амнести Интернешенел, кршењето на човековите права продолжува во регионот.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Советот на Европа вели дека постојат доволно докази за поддршката на партијата Златна зора на насилството, за Грција да ја забрани партијата, но Атина одбива да го направи тоа. Дали треба Златна зора да биде забранета?

Да.
Не.
Не знам.



Види ги резултатите Додадете коментар