Косово смета на силна поддршка од Турција

30/04/2012

Косово и Турција го имаат она што поранешниот косовски претседател Фатмир Сејдиу го опишува како "златни односи", силни политички и економски односи поттикнати од религиозните и културни афинитети развиени за време петвековното отоманско владеење.

Мухамет Брајшори за Southeast European Times во Приштина -- 30.04.12

photo

Граѓаните на Косово гледаат пријателски на Турција, со оглед на верските и културните афинитети. [Ројтерс]

Кога Косово ја прогласи својата независност во февруари 2008-та година, Турција беше меѓу првите земји која го призна. Движејќи се брзо во месеците кои следеа, Косово отвори амбасада во Турција до крајот на годината. Беким Сејдиу беше одговорен за да го надгледува незјиното основање, а подоцна беше именуван за амбасадор во Турција.

Оттогаш, „Односите [се] спроведуваат на државна основа. Ова не беше случај за време на деветте години на меѓународна управа над Косово“, изјави Сејдиу за SETimes.

„Второ, воспоставувањето на дипломатски односи и отворањето на амбасади ја зголеми комуникацијата и соработката меѓу двете земји. Исто така, има и други фактори од геополитичка, економска и друга природа, кои влијаат позитивно врз односите.“

Посетите на косовските и турските официјални претставници се доста чести. Премиерот Реџеп Тајип Ердоган беше највисокиот официјален претставник кој го посети Косово во 2010-та година. Минатиот месец, косовската претседателка Атифете Јахјага беше во Истанбул на средба со нејзиниот турски колега Абдула Ѓул.

Јахјага ја пофали помошта и поддршката што Турција ја нуди и повика на проширување на взаемната соработка, особено во трговијата.

Во текот на последните две години, турските компании ги добија тендерите за некои клучни стратешки јавни проекти во Косово.

Турско-американскиот конзорциум Бехтел-Енка го гради првиот автопат на Косово, кој го поврзува со Албанија на југ и со Србија на север. Овој проект отвори околу 4.000 работни места.

Турската компанија Лимак го доби тендерот за управување со Меѓународниот аеродром во Приштина, кој се реновира и проширува. Турските компании се, исто така, претенденти за други стратешки проекти, вклучувајќи и нова електрична централа во Косово. Други работат во здравството и образованието. Амбасадорот Сејдиу вели дека привлекувањето на странски директни инвестиции во Косово е една од главните цели на владата.

photo

Турските претпријатија се јавуваат на тендерите за стратешки инфраструктурни проекти во Косово. [Ројтерс]

„Има многу турски компании кои инвестирале во Косово во секторите како што е банкарството и други услуги, рударството, градежништвото итн. Наша цел е да се зголеми ова. Во реализирањето на оваа цел, нашата амбасада [спонзорира] четири до пет бизнис форуми и слични активности во различни градови од Турција секоја година, што ги промовира инвестициите од Турција во Косово“, изјави тој за SETimes.

Досега, Косово и Турција имаат потпишано 16 договори, што сведочи за динамиката во нивните односи. Но, врските со Турција се фокусирани, исто така, на зголемување на бројот на признавања на независноста на Косово. Ова прашање има централно значење во однос на политичката соработка.

„Во текот на последните четири години, главната цел на надворешната политика на Косово е да се зголеми бројот на билатерални признавања на независноста ... и членство во меѓународните организации", додаде Сејдиу.

Тој нагласува дека дека секој дел од поддршката на Турција кој ги подобрува капацитетите и ефикасноста на државните институции, или го зголемува економскиот развој, или го промовира Косово на меѓународно ниво, ја потпомага евро-атлантската интеграција на Косово.

Сејдиу ја опишува Турција како клучен евро-атлантски сојузник, нешто што е потврдено повеќе пати за време на најтешките поглавја на Косово: војната во 1990-тите години, реконструкцијата и последиците од прогласувањето на независност.

Според мене, овие решавачки моменти покажуваат дека ставот на Турција за Косово се спојува со евро-атлантската рамка и оттаму е во целосна согласност со ставот на други клучни стратегиски сојузници. Само треба да ја видите листата на земји кои ја признаа независноста на Косово во првата недела од прогласувањето ... за да се потврди ова“.

Но, нео-отоманизмот на турската надворешна политика не се смета универзално како позитивен меѓу некои академски кругови во Косово. Сејдиу признава дека станува збор за влијанието на наследството на Отоманската империја на билатералните односи. Тој вели дека интеракцијата помеѓу минатото и сегашноста на Балканот ја илустрира познатата забелешка на Винстон Черчил: понекогаш Балканот произведува повеќе историја отколку што може да конзумира.

photo

Сејдиу вели дека соработката со КБС „е една од најактивните форми на соработка меѓу двете земји.“ [Ројтерс]

„Не е реално целосно да се занемарат историските сознанија, во обликувањето на надворешната политика. Тоа не е највлијателен фактор кога станува збор за формулација на параметрите на надворешната политика на државите, било тоа да е Косово, Турција или друга држава. Не сакам да кажам дека историското наследство ја нема истата улога во секоја земја или регион во светот. Она што сакам да го истакнам е фактот дека историските перцепции и чувства се секогаш испреплетени со други фактори, кога станува збор за нивното влијание врз парадигмите на надворешната политика“, објасни Сејдиу.

Поврзани написи

Loading

Турција е важен партнер во прашањата поврзани со одбраната, но додека другите земји во регионот имаат потпишано Спогодба за соработка со Турција во полето на одбраната, Косово нема. Сејдиу вели дека сепак, Косовските безбедносни сили (КБС) имаат силна соработка со турската армија и дека односите меѓу министерството на КБС и турското министерство за одбрана се динамични.

„Веќе се потпишани некои договори во оваа област меѓу Косово и Турција. Тие одговараат на потребите и реалната состојба во Косово ... Можам да кажам дека оваа [соработка со КБС] е една од најактивните форми на соработка помеѓу двете земји и Косовските безбедносни сили имаат голема корист од оваа соработка.“

Тој вели дека албанската заедница која живее во Турција и турската заедница во Косово се клучен фактор во потпомагањето на билатералните односи.

„Јас мислам дека основниот фактор во односите меѓу двете земји е нивната визија за иднината. Концепциски, ова е местото каде нивните патеки може да се спојат или да се разделат, па дури и да се судрат. Косово и Турција ја делат истата визија за Балканот. Имено, и двете сакаат да видат стабилен, демократски и просперитетен регион, интегриран во ЕУ и НАТО“.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Извештај за човековите права забележува дискриминација, кривични дела од омраза во регионотИзвештај за човековите права забележува дискриминација, кривични дела од омраза во регионот

Според неодамнешниот извештај на Амнести Интернешенел, кршењето на човековите права продолжува во регионот.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Советот на Европа вели дека постојат доволно докази за поддршката на партијата Златна зора на насилството, за Грција да ја забрани партијата, но Атина одбива да го направи тоа. Дали треба Златна зора да биде забранета?

Да.
Не.
Не знам.



Види ги резултатите Додадете коментар