Турција ја одбележува 60-годишнината од членството во НАТО, Македонија на добар пат

27/02/2012

Додека Турција го одбележува членство во НАТО, за Македонија и Црна Гора има охрабрувачки знаци.
photo

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу и генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен се сретнаа минатиот месец во главниот штаб на Алијансата во Брисел. [Ројтерс]

Откако Турција стана членка на НАТО на 18-ти февруари 1952-та година, организацијата остана столб на безбедносната политика на земјата, штитејќи ја од внатрешните и надворешните закани, притоа формирајќи го камен-темелникот на евро-атлантската интеграција и соработка.

Иако односот не беше гладок -- особено околу Кипар -- тој сепак негуваше мир и стабилност. Во перидот по Студената војна, улогата на НАТО и позицијата на Турција во неговите рамки се променија, бидејќи двете страни мораа да се приспособат на новите безбедносни предизвици и да ја одржат Алијансата значајна и ефикасна.

Покрај традиционалните закани за безбедноста, неизвесноста и нетрадиционалните закани -- вклучувајќи го и тероризмот, организираниот криминал, трговијата со дрога, изобилието на оружје, миграцијата и пиратството -- ја сменија безбедносната средина и природата на Алијансата.

Во 2004-та година Бугарија, Романија, Словачка и Словенија станаа членки на НАТО, следени од Хрватска и Албанија во 2009-та година.

Земја која сега чека на прагот е Македонија. Иако Грција работи активно да го блокира членството на Скопје -- најпознато на самитот во Букурешт во 2008-та година, поради билатералниот спор за името со Македонија -- се чини дека изгледите се подобруваат.

Овој месец, велесилата во НАТО Германија испрати јасен сигнал за поддршка, кога канцеларката Ангела Меркел имаше средба од еден час со македонскиот премиер Никола Груевски во Берлин.

На заедничката прес-конференција подоцна, Меркел повика на крај на опструкцијата.

photo

Премиерот Никола Груевски обезбеди поддршка од германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин на 14-ти февруари. [Ројтерс]

„Правилата се јасни -- несомнено Меѓународниот суд на правдата (МСП) донесе пресуда [против Грција], што е успех за македонската влада. Јас лично верувам дека пристапувањето во НАТО е од клучно значење и дека преговорите за името со Грција мора да продолжат со цел да се најде решение“, рече Меркел.

Медиумските извештаи, исто така, истакнаа дека таа постојано го користеше уставното име на Македонија. Односите меѓу Грција и Германија се заострија во последните неколку недели околу последниот пакет за спас што го доби Атина.

Од своја страна, Груевски уште еднаш повтори дека Македонија ги исполни сите критериуми за членство во НАТО.

„Македонија како нација учествува секаде каде што НАТО побара од нас. Нашите војници учествуваат во мисиите предводени од НАТО и нашите пратеници никогаш не гласаа против тоа. Македонија е петта земја според бројот на војници распоредени во Авганистан и половина од одбранбениот буџет на земјата се троши на нашите напори во Авганистан. Сепак, ние сме попречени да станеме членка како резултат на спорот со соседна Грција околу нашето име, идентитет и јазик“, Груевски беше цитиран од МИА.

Во исчекување на самитот на НАТО во мај во Чикаго, тој рече дека Македонија има „разумни очекувања“ со оглед на придонесот на земјата во Авганистан и пресудата на МСП во корист на Македонија.

Даниел Сервер, професор на Училиштето за напредни меѓународни студии „Џонс Хопкинс“, за SETimes изјави, „Македонија е целосно квалификувана, но Грција сè уште блокира, како што направи во Букурешт. Ова е една неправда што треба да се исправи во Чикаго, во согласност со Меѓународниот суд на правдата“.

Подгорица, додаде Сервер, исто така има причина за оптимизам. „Црна Гора не е сосема подготвена -- таа треба да го заврши својот акциски план, но треба да добие некои позитивни вибрации на самитот во Чикаго“.

Турција ја покажа својата подготвеност за членство во НАТО со тоа што учествуваше со речиси 5.000 млади луѓе во операциите на ОН за време на Корејската војна - претрпувајќи над 700 човечки жртви и стекнувајќи ја довербата и почитта на сојузничките армии. Со нејзиното вклучување започна модернизацијата на нејзината армија во согласност со западните стандарди.

photo

Авганистански војници учествуваат во воена вежба на турскиот центар за обука на командоси во Испарта. [Ројтерс]

За време на Студената војна, Турција одигра клучна улога во запирањето на Советскиот Сојуз, а нејзиното членство во НАТО дејствуваше како сидро кое ја зацврсти западната ориентација на Турција.

Поврзани написи

Loading

Членството во НАТО на Турција й даде западен идентитет и право на глас за европската безбедност. За возврат, Турција ја презеде одбраната на југоисточниот дел на НАТО од слабата точка на Советскиот Сојуз“, вели пензионираниот генерал-полковник Сади Ергувенц кој служеше како турски воен претставник на НАТО.

Од гледна точка на Турција, проширувањето на НАТО, без разлика дали преку влез на нови земји-членки или воспоставување на партнерства во Медитеранот, земјите од Заливот и државите од поранешниот Советски Сојуз, ќе придонесе за консолидација на стабилноста и безбедноста во рамките на Евро-атлантската заедница и пошироко.

„Од гледна точка на меѓународната безбедност, од најголема важност е да не се остави ниту една земја или “мртов“регион“ надвор од безбедносната и одбранбената закрила на Алијансата“, објаснува професорот Хасрет Чомак, заменик-ректор на Универзитетот во Кочаели и експерт за проширување на НАТО при Центарот на експерти за стратегиски студии (БИЛГЕСАМ).

„Фактот дека има земји кои сакаат да бидат членки на НАТО докажува дека тој сè уште е значајна алијанса која ги задоволува безбедносните и одбранбените потреби на државите“, рече Ергувенц.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Извештај за човековите права забележува дискриминација, кривични дела од омраза во регионотИзвештај за човековите права забележува дискриминација, кривични дела од омраза во регионот

Според неодамнешниот извештај на Амнести Интернешенел, кршењето на човековите права продолжува во регионот.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Советот на Европа вели дека постојат доволно докази за поддршката на партијата Златна зора на насилството, за Грција да ја забрани партијата, но Атина одбива да го направи тоа. Дали треба Златна зора да биде забранета?

Да.
Не.
Не знам.



Види ги резултатите Додадете коментар