Попоски ги оценува односите и случувањата во регионот

28/11/2011

Висок дипломат на земјата вели дека економската интеграција -- се уште неостварлива во поголемиот дел од Балканот -- е клуч за просперитет во регионот.

Горан Трајков за Southeast European Times во Скопје -- 28.11.11

photo

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски. [Горан Трајков/ SETimes]

На возраст од 33 години, македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски претставува нова генерација на балкански политичари. Тој има живеено во странство, во Франција и Ирска, и има работено во Европската комисија. Пред да стане министер за надворешни работи, тој беше постојан претставник на Македонија во ЕУ во Брисел.

Во ексклузивното интервју со SETimes, Попоски зборува за спорот со Грција, соработката со другите соседи и дипломатската офанзива што Македонија ја води со цел да добие датум за преговори за членство во ЕУ и НАТО.

SETimes: Во 20 години независност, кои се најзначајните дипломатски постигнувањата и предизвици на Република Македонија?

Никола Попоски: Во однос на успехот, верувам дека тие се поврзани со нашите стратешки цели. Фактот дека ние ги исполнивме претходно утврдените услови за да станеме земја-членка на НАТО е дефинитивно едно од најзначајните достигнувања. Врз основа на трите последни годишни оценки на ЕК, тоа исто така важи и за почетокот на пристапните преговори со Европската унија.

Придобивките од визната либерализација се непроценливи. За нив беше потребен огромен напор од исклучително широк спектар на нашите административни и дипломатски капацитети. Двете цели (членството во НАТО и ЕУ) нé доведоа до клучниот предизвик: грчката тенденција да има де факто неповолен став кон членството на Македонија во двете семејства.

photo

Македонскиот премиер Никола Груевски (лево) со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо. Изоставувањето на придавката „македонски“ во последниот извештај на ЕК предизвика јавна кампања на пишување писма. [Ројтерс]

SETimes: Дали спорот околу името меѓу Македонија и Грција е долгорочно замрзнат поради тешката ситуација во -- и нестабилност на -- Грција?

Попоски: Историски, опструктивните однесувања не се непознати за нашиот регион, но е доста невообичаено што тие се базираат врз таква ирационална основа и се подгревани од целосно непостоечки закани. Ова им дава основа на грижите дека изгледите за решение не може да биде сфатени како најсветли досега.

Грчката должничка криза и нејзините политички последици сигурно не е она што некој може да го посакува. Но, можеби постои уште една голема можност која може да се искористи.

Никогаш нашиот јужен сосед немал влада со таква широка основа во парламентот. Со малку политичка мудрост, најстарата земја-членка на НАТО и ЕУ во регионот може да стане конструктивен победник во проектот „Мир и стабилност на Балканот“. Убеден сум дека ова е историска можност за промена на концептот „Јас блокирам, затоа што можам“ во регионален концепт, кој ќе промовира вклученост и почитување на основните човекови европски вредности.

SETimes: По извештајот на ЕУ во октомври во кој беше изоставена употребата на зборот „македонски“ како придавка, јавноста испраќа бранови писма до ЕК. Каков ефект има овој протест „писма до Брисел“?

Попоски: Содржината и бројот на овие писма ја одразуваат реакцијата на еден народ, чие основно право беше негирано. Значителни грчки напори се вложени за да исчезнат сите референци за параметрите за национална самоидентификација во институционалната документација на ЕУ. Природниот ефект што овој вид на практика го има врз едно човечко суштество е една длабока неправда. А, да не зборуваме колку е некомпатибилен таквиот начин на притисок со основните европски вредности.

Се чини очекувано дека во една постмодерна европска средина, севкупниот наднационален интерес и вредности ќе преовладуваат над една тенденција да му го негирате правото на самоопределување на вашиот сосед. Од таа перспектива, јас сум убеден дека Европа ќе ја зачува привлечната сила што ја има. „Обединети во различностите“ го покажува патот што ЕУ го има и треба да го фаворизира.

photo

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов (лево) се состана со својот бугарски колега Георги Прванов за време на посетата во Софија на 28-ми мај.

SETimes: Можете ли да дадате оценка за односите со двата други соседи на Македонија, Србија и Бугарија?

Попоски: Со Србија имаме еден континуитет на добри односи кои датираат од федералното минатото. Луѓето, бизнисот, културните настани имаат изградено силни врски помеѓу нашите држави. Еден сериозен предизвик се појави со нашата одлука да ја признаеме независноста на Косово.

Поврзани написи

Loading

Историски, односите со Бугарија отсекогаш биле предодредени од поширокиот политички контекст. Сепак, верувам дека човечките и економските врски кои го поврзуваат нашиот билатерален однос преовладуваат. Во почетната фаза на процесот на создавање на модерната држава на Балканот, голем дел од македонската интелектуална елита се образоваше во Софија. Ова е и предност и пречка за развојот на нашите билатерални односи. Ние, исто така, неколку децении бевме одделени со „завеса“.

Денес нашите односи се подобрени поради нашата заедничка иднина во поголемото евроатлантско семејство. Ние треба да поттикнеме подобри инфраструктурни врски кои ќе ги зајакнат регионалните врски. Потенцијалот за економска соработка е навистина голем за двете земји. Ова е нашиот заеднички регионален интерес.

SETimes: Дали одлуката на Албанија и Косово да отворат заеднички конзуларни претставништва е закана за политичкото статус кво на Балканот?

Попоски: Заедничките конзуларни претставништва се всушност доста современи, ако ги гледаме од перспектива на регионална интеграција. Ако ова не е ограничено на само две земји -- а, јасно е дека тоа не е така -- јас се трудам да го сметам тоа како можност, а не закана. Сегашниот статус кво значи недостаток на интеграција на Балканот. Она што може да му помогне на просперитетот на нашиот регион е поголема интеграција.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Регионот зазема став против корупцијата во фудбалотРегионот зазема став против корупцијата во фудбалот

По години обременети со скандали, официјалните претставници преземаат чекори за ставање крај на корупцијата и на криминалот во фудбалот.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Aмерикански брод и екипаж ги вршат последните подготовки за да го неутрализираат најопасниот дел од сирискиот арсенал на хемиско оружје. Колку според вас е важна оваа операција за заштита на цивилното население од хемиско оружје?

Многу е важна
Не е многу важна
Воопшто не е важна
Не знам