Целта на иницијативата РЕКОМ е соочување со минатото на регионот

16/05/2011

Новата комисија целосно ќе се фокусира на жртвите во документирање на "едно приближување на вистината ".

Од Марина Стојановска за Southeast European Times во Скопје – 16/05/11

photo

„Силата на оваа иницијатива е во нејзиниот регионален пристап“, вели Гордана Дувњак (десно), член на координативен совет во Македонија. [Марина Стојановска/SETimes]

Кампања наречена "Еден милион потписи за РЕКОМ" е во тек во некои градови низ регионот - Белград, Загреб, Сараево, Бања Лука, Љубљана, Приштина, Скопје и Подгорица.

РЕКОМ е предлог регионална комисија која ќе се обиде да ја открие вистината за воените злосторства извршени во поранешна Југославија. Дописникот на SETimes Марина Стојановска разговараше за иницијативата со Гордана Дувњак, член на нејзиниот координативен совет во Македонија.

SETimes: Што значи иницијативата РЕКОМ за регионот, и поточно за Македонија?

Гордана Дувњак: Нашата земја беше последната земја која се приклучи на коалицијата РЕКОМ (минатата есен), но нејзиното значење набрзо беше признато и сфатено. РЕКОМ е прва меѓувладина иницијатива од ваков вид, и треба да доведе до приближување на вистината за она што се случи во овој регион по распаѓањето на Југославија, од 1991-та година до последниот конфликт во Македонија во 2001-та година.

Во изминатите две децении, Балканот се соочи со најкрвавите воени конфликти, без преседан во Европа по Втората светска војна, кои предизвикаа голем број жртви, разурнувања, миграција, како и големи политички и социјални промени. Иако интензитетот и времетраењето на конфликтите се разликуваа [од земја до земја], она што ги поврзува сите земји на поранешна Југославија е страдањето на луѓето. Болката поради загубата на саканите е подеднакво голема кај семејствата во Босна и Херцеговина (БиХ) и Хрватска, како и тие во Македонија или Косово.

SETimes: Дали учеството на невладини организации, организациите на ветерани, здруженијата на жртвите и медиумите во формирањето на РЕКОМ значи дека политичарите во регионот не се подготвени да ги прифатат фактите и помирување?

Дувњак: Силата на оваа иницијатива е токму во фактот дека таа не е наметната од некој од горе или од надвор. РЕКОМ е локална реакција, “од долу кон горе“, на зрелата социјалната свест наспроти потребата од соочување со минатото.

Тоа е еден вид на потрага по решение или модел, кој ќе биде од корист за сите жртви и идните генерации, кои веруваат дека имаат право на подобар и помирен живот.

Политичарите имаат силна интуиција за препознавање на добра иницијатива и нејзино поддржување, ако оценат дека таа може да им донесе политичка корист. Исто така, на политичките елити мора да им се наметне социјален притисок, бидејќи тоа е она што најмалку им го должат на нивните гласачи.

photo

Претседателите Јосиповиќ (преден план) и Тадиќ брзо го поддржаа овој концепт. [Ројтерс]

Претседателите на Србија и Хрватска, Борис Тадиќ и Иво Јосиповиќ, беа меѓу првите кои ја дадоа својата поддршка на оваа иницијатива. Парламентот на Црна Гора, исто така, даде голема поддршка. Досега немаме реакција што ќе го сигнализира расположениете на нашата влада кон оваа иницијатива, особено од премиерот Никола Груевски.

SETimes: Која ќе биде главна задача на РЕКОМ?

Дувњак: Процесот на формирање на РЕКОМ треба да почне од моментот кога сите земји потписнички, во нивните парламенти, ќе усвојат нацрт статут за регулирање на работата на комисијата РЕКОМ. Овој документ треба да има сила на меѓународен договор, затоа што тој ќе биде задолжителен за сите страни.

Мандатот на оваа независна комисија и изборот на нејзините членови треба да му даде силен легитимитет на ова тело. Комисијата, составена од 20 членови, со три годишен мандат - со можност за шестмесечно продолжување - ќе биде со седиште во Сараево.

Сите седум земји ќе отворат национални канцеларии, [обезбедувајќи] еден вид на логистика за РЕКОМ. Ова вонсудско тело ќе спроведува јавни сослушувања на жртвите [и] сите кои треба да сведочат за нешто поврзано со конфликтите. РЕКОМ ќе направи регистар на сите жртви, без оглед дали се цивили или од завојуваните страни.

SETimes: Веќе имавте неколку средби во неколку земји од регионот, а сега собирате потписи. Дали јавноста знае за РЕКОМ?

Дувњак: Истражувањето, кое агенцијата Ипсос го спроведе за РЕКОМ од 17-ти февруари до 20-ти март во Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија и Косово, покажа интересни резултати.

Најголемиот број на испитаници од постјугословенските земји се свесни за важноста на нормализирање на односите меѓу балканските држави. Без разлика од која земја доаѓаат, сите во голема мера го поддржуваат процесирањето на воените злосторства и одредувањето на бројот и имињата на жртвите. Тие мислат дека тоа е потребно да се дојде до извинување и помирување. За жал, повеќето од граѓаните слушнале малку или не слушнале воопшто за иницијативата.

Поврзани написи

Loading

Иницијативата е најмногу позната во Црна Гора и БиХ и нешто помалку во Хрватска. Од подоцното вклучување на Македонија во овој процес, резултатите се охрабрувачки, особено затоа што бројот на поддржувачи и луѓе кои ја сфаќаат важноста на оваа иницијатива е во пораст.

photo

Петицијата која гласи "Еден милион потписи за РЕКОМ" завршува на 6-ти јуни. [Бедрана Калетовиќ/SETimes]

SETimes: Какви резултати очекувате од оваа регионална иницијатива? Дали тоа ќе помогне да се изведат пред лицето на правдата оние кои извршиле воени злосторства меѓу 1991-та и 2001-та година?

Дувњак: Силата на оваа иницијатива е во нејзиниот регионален пристап, кој треба да го отвори патот за размена на информации, бидејќи фактите утврдени на национално ниво се едвај прифатени во целиот регион.Регионалниот пристап треба да ги избегне различните толкувања на исти настани, каде што секоја страна во конфликтот има своја сопствена вистина.

Сакам да нагласам дека РЕКОМ нема амбиција или легитимитет да биде алтернатива на Хашкиот трибунал за воени злосторства и домашните судови. Тоа е исклучиво вонсудско тело, кое ќе се фокусира на жртвите и утврдување на фактите и околностите под кои некои воени злосторства или потешки повреди на човековите права и слободи се случиле. РЕКОМ нема право да оди подалеку од овој опсег, ниту пак го бара тоа.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар