Гораните ги негуваат старите обичаи

28/02/2011

Една посебна култура се соочува со нови предизвици за нивниот начин на живот кој го негуваат.

Фотографии и текст од Никола Барбутов за Southeast European Times во Белград – 28/02/11

photo

Поделени двапати во текот на изминатите сто години, заедницата Горани сега се протега на три држави.

Масивните падини на планината Шар Планина се протегаат по должината на јужниот дел од Косово. Делот од планината наречен Гора е населен од луѓе кои го носат истото име -- Горани. Некои велат дека тие се населиле тука пред повеќе од 700 години.

Гораните имаат свој јазик, но само во говорен облик. Тие имаат своја уникатна традиција и култура. Нивните традиционални ткаени носии се детални уметнички дела, но сепак побарувачката се намалува со менувањето на времињата. Денес нивниот број се движи меѓу 6000 и 8000 луѓе, а во почетокот на 1990-тите нивната заедница беше три пати поголема.

„Јас немам кого да го учам“, воздивнува 53-годишната Вернеса Хајрадини, која има поминато 35 години зад разбој. Нешто како тоа не може да се научи преку ноќ: мора да го посветите целиот свој живот на тоа. Хајрадини поминала децении зад разбојот, секој ден од седмицата.

Таа главно го користи разбојот за плетење на традиционални носии. Но, иако некогаш имаше голема побарувачка за оваа облека, тоа веќе не е профитабилен бизнис. Семејството има корист од она што Хајрадини може да го направи и продаде сега, но не како порано.

photo

Фактот дека тие не брзаат да се модернизираат им помогна на Гораните да ја задржат својата култура и традиција.

Ткаењето е исклучително тешко и сложено. Изработката на само дел од носијата на Гораните што личи на престилка може да потрае и до две недели. Хајрадини може да го продаде за 180 евра, под услов да може да најде купувач. Доколку сакате да се облечете од глава до пети во носија на Гораните тоа ќе ве чини 400 евра, а тоа би значело два месеци напорно ткаење за Хајрадини.

Нејзината помлада ќерка, Анита има 31 година, а последните десет години ги помина живеејќи и работејќи во Австрија. Нејзината постара сестра ја напушти Гора неодамна и замина во Франција минатата година. Синот на Хајрадини, 26-годишниот Еркин и неговата сопруга Мебруља имаат две малолетни деца, но Еркин, исто така, планира да оди во странство, бидејќи во Гора за него нема работа.

„Јас немам диплома, освен деветмесечен фризерски курс. Тешко е да се најде работа, дури и со соодветно образование“, кажува тој за SETimes

photo

Иако голем број работат во странство, Гораните продолжуваат да негуваат една силна врска со своите домови и земјата.

Неговиот татко, Нехру Хајрадини, работи како учител, но тој не може да му помогне на својот син да најде работа. Пред неколку години, тој ја потроши својата заштеда на земјиште во едно од предградијата на Белград, надевајќи се дека тоа ќе помогне неговата фамилија да остане заедно. Белград, размислува тој, не е толку далеку колку Франција.

Гораните се вредни луѓе, со силно чувство за сопственото културно наследство и за припаѓање на територијата во која живеат. И покрај тоа што ја примиле исламската вера за време на Отоманската империја, тие се сеќаваат на нивното христијанско минато и сé уште се собираат за да го одбележат Божиќ, Ѓурѓовден и Митровден.

Оние кои живеат и работат во странство се враќаат во Гора само неколку пати годишно. Дури и ако тоа е премногу, поради нивните обврски, тие ќе најдат доволно време да се вратат во Гора барем еднаш годишно - и тоа сигурно ќе биде на пролет, на Ѓурѓовден. Тоа е времето кога Гора оживува, полна со многу бои, а луѓето се облечени во богата традиционална облека.

Тогаш насекаде има смеа, пеење и танцување. Празничната атмосфера трае три дена и ги опфаќа случајните Срби и Албанци.

photo

Вернеса Хајрадини ткае традиционална облека веќе 35 години.

Гора не е лесно место за живеење. Во зима, температурата опаѓа и под нулата и снегот покрива цели долини. Денес, поголемиот дел од селата на Гораните имаат асфалтирани патишта, струја, телефон и интернет пристап, но порано не беше така.

Поврзани написи

Loading

Фактот дека тие не брзаат да се модернизираат им помогна на Гораните да ја задржат својата култура и традиција. Долги години тие беа отсечена и недостапна заедница, како резултат како на географијата, така и на нивниот начин на живот.

Многу одамна, Гораните беа познати како изработувачи на пушки и пеливани - борачи кои заработувале за живот, борејќи се за пари или храна. Тие, исто така, имаа репутација на вешти овчари. Всушност, само овците од Гора се служеле на кралската маса во тоа време.

Со текот на времето, Гора беше поделена два пати, прво со формирањето на Албанската држава во 1912-та година, а неколку децении подоцна и со распаѓањето на поранешна Југославија, кога делови од Гора станаа македонска територија. Сега Гораните живеат во три држави. Од нивната вкупна територија од 500 квадратни километри, 310 се во Србија, 150 во Албанија и 40 квадратни километри се во Македонија.

Градилиштата се вообичаени во селата на Гора. Нови и често несфатливо големи куќи се градат покрај малите, стари, запуштени куќи. Овие служат како различна поткрепа за Гораните, врзувајќи ги за спомените од домот. Всушност, ако еден Горанин умре во странство, дури и ако живеел и работел надвор од Гора со децении, неговото или нејзиното тело ќе биде вратено во семејниот дом на еден ден или два пред погребот на локалните гробишта.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Екстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирањеЕкстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирање

Економските можности и образованието се неопходни за запирање на ширењето на екстремизмот меѓу младите.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали овозможувањето силен балкански економски пазар ќе го подобри процесот на помирување во регионот?

Да
Не
Не знам



Види ги резултатите Додадете коментар