Крушево врши реконструкција на минатото на Македонија

02/08/2010

Реконструкцијата на Илинденската револуција е еден пример за туризам кој му дава нов живот на еден стар македонски град.

Од Марина Стојановска за Southeast European Times во Скопје -- 02/08/10 Фотографии на Томислав Ѓеоргиев

photo

Крушево е највисоката точка на Балканот на надморска височина од 1350 метри и е дом на околу 10.000 луѓе.

Како временска машина, Крушево ве враќа назад во 1903-та година, кога Македонците почнаа револуција на 2 Август - Илинден, национален празник на земјата – станувајќи против силната Отоманската империја за формирање на првата балканска република.

Крушево, родното место на пејачот Тоше Проески, е највисоката точка на Балканот на надморска височина од 1.350 метри и е дом на околу 10.000 луѓе. И покрај неговите природни убавини и богата историја, тоа беше во голема мера одминуван од туристите.

Минатата година група ентузијасти, предводена од Ранко Петровиќ и Љупчо Каров ја започнаа програмата Крушево - етно град - програма за промовирање на културно-историското наследство на Македонија и алтернативен туризам.

photo

Градоначалникот на Крушево Васко Дамчевскиi (лево), министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска (втора од лево), министерот за транспорт Миле Јанакиевски (трет од лево), министерката за култура Елизабета Милевска Камчевска (втора од десно), ко-основачот на настанот Ранко Петровиќ (назад десно) и евроамбасадорот во Македонија Ерван Фуере (десно), учествуваа на фестивалот.

Фестивалот се покажа како успешен, добивајќи поддршка од Македонското Министерство за култура, како и меѓународни организации, како УНЕСКО и Италијанската програма за соработка.

Повторно оваа година, Крушево организираше реконструкција на револуцијата од 1903-та година, каде што локалното население - и зголемениот број на посетители – носат автентична облека, прават и продаваат македонски производи и традиционална храна и пресоздаваат револуционерни борби.

Во знак на поддршка, неколку владини министри учествуваа во програмата, како и евроамбасадорот во Македонија, Ерван Фуере, кој беше облечен како македонски борец за слобода (комита) за овој повод.

photo

Програмата Крушево-етно град го промовира културно-историското наследство на Македонија и алтернативниот туризам.

„Ние ја создаваме историјата заедно ... Овој етно-проект е прекрасен за промовирање на туризмот и традициите", рече Фуере, додавајќи дека ЕУ продолжува да го поддржува обидот на Македонија за членство во ЕУ.

Министерката за култура Елизабета Милевска Камчевска ги повтори овие гледишта, велејќи дека е задоволна со негувањето на старите македонски обичаи, традиции, занаети и архитектурата.

„Министерството ќе продолжи со својата поддршка за овој настан со цел да се врати стариот сјај на Крушево како туристичка дестинација," рече таа.

photo

Посетителите можат да шетаат низ градот, да ги набљудуваат занаетчиите како прават уметнички дела од дрво и железо, и да ги вкусат традиционалните македонски и турски јадења.

Овогодинешната програма започна на 17 јули кога локалните жители и посетителите се собраа пред Музејот на револуцијата Македониум за да го прочитаат манифестот на револуцијата.

Посетителите можат да шетаат низ градот, да ги набљудуваат занаетчиите како прават уметнички дела од дрво и железо, и да ги вкусат традиционалните македонски и турски јадења, меѓу кои и македонските колачи и локумот.

Италијанските и американските посетители покажуваат особен интерес за новоотворената изложба во Домот на културата во Крушево, на која се изложени македонски везови и прекривачи.

photo

Жителите повторно го претставија народното востание и турскиот напад врз Крушево.

Организаторите работат за да го направат настан интерактивен. Посетителите можат да комуницираат со жителите облечени во автентична облека, да практикуваат етика од минатото време. Меѓу ликовите се Никола Карев - претседател на републиката - и револуционерните водачи Даме Груев и Питу Гули.

На 2 август, жителите извршија реконструкција на народното востание и отоманскиот напад на Крушево како што се прикажани во книгите и сликите од тоа време. Преку тесни, стрмни улички, градот се протега на околните ридови, каде што отоманските војници маршираат додека македонските комити се подготвуваат во шумата. Другите реконструирани настани вклучуваат организација на републиката, свикување на Собранието и изборот на претседател.

Настанот има и прогресивна компонента, исто така. Студентите на Факултетот за архитектура во црквата Св Кирил и Методиј, организираа работилница „Архитектура, традиции, меморија ".

photo

Целта на настанот е да го мобилизира населението на Крушево и да го заживее туризмот.

Ко-основачот на настанот, Петровиќ, за SETimes изјави дека настанот значи свет за Крушево. Празнувањата промовираат една атмосфера за развој на малиот бизнис; многу куќи се реновирани, па и многу други деловни гранки. Ние сме многу задоволни сега, но треба да се направи уште многу“, рече тој во интервјуто за SETimes со дописникот Марина Стојановска.

SETimes: Која е целта на програмата „Крушево-етно град“?

Ранко Петровиќ: Овој настан има поставено цел: да се мобилизира населението на Крушево, да се претстават историските вредности и да заживее туризмот. Моќта на Крушево е во неговото историско значење, и влијанието е поголемо со вклучување на различна традиционална облека која ја носат граѓаните, имитирање на различни класи на луѓе од тоа време, што изгледа како историјата да се повторува.

photo

Мештаните носат автентична облека, прават и продаваат македонски занаетчиски дела и традиционална храна и рекреираат револуционерни битки.

SETimes: Дали сте задоволен со развојот на овој проект, имајќи предвид дека тој е стар со години?

Поврзани написи

Loading

Петровиќ: Првата година беше на некој начин промотивна, со единствена цел да им се покаже на граѓаните дека преку оваа интерактивна претстава на историјата, Крушево ќе има можност да го развие туризмот, и да се ослободи од ... транзициската апатија и снемувањето на перспектива. [Оние] кои се сега вклучени имаат насмевки на нивните лица, мислат на подобра иднина, тие сметаат дека со овие свечености [доаѓа] атмосфера за развој на помалите бизниси. Многу куќи се реновирани.

Ние сме многу задоволни сега за сега, но има уште многу да се направи, бидејќи нашата цел е барем половина од граѓаните да бидат облечени во традиционална облека, а исто и туристите, кои можат да ја изнајмат или купат. Потоа целиот проект ќе стане само-одржлив и целосно имплементиран.

photo

Посетителите можат да комуницираат со жителите облечени во автентична облека, практикувајќи ги обичаите од една измината ера.

SETimes: Мислите ли дека ќе ја остварите целта, која е да се привлечат што е можно повеќе туристи и популаризирање на градот?

Петровиќ: Патот кон успехот е незибежен, можеби не сега, но за неколку години кога ќе бидат завршени сите фази, како отворање на нови ресторани, реновирање на приватни блокови за сместување, организација на хотелите, спортски и други активности. Во текот на минатата година, цената на недвижниот имот се зголеми, како и интересот за инвестирање, што покажува дека сме на вистинскиот пат.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар