08/03/2010
Со зголемувањето на интересот за општествените медиуми во регионот, дури и претседателите стапуваат во акција.
Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб - 08/03/10
![]() Ако имате компјутер, имате пријател. [Getty Images] |
Со 400 милиони членови низ целиот свет, Фејсбук најверојатно е најпопуларната интернет страница за општествено поврзување од сите. Огромна во Соединетите Американски Држави, голема во Кина и допирајќи до сите континенти, оваа веб страница нуди преводи на повеќе од 70 јазици. Многу од тие јазици можат да се најдат на Балканот, каде Фејсбук -- заедно со youtube.com и мноштво имитатори -- има собрано неколку милиони корисници.
Фејсбук е толку популарен, така што и новиот хрватски претседател, Иво Јосиповиќ, има своја профил страница. Музичкиот композитор и адвокат кој стана политичар -- избран во јануари -- има 5000 онлајн „пријатели“ кои редовно ги коментираат неговите јавни и приватни активности.
Тој е член на Фејсбук заедно со приближно 800 000 други Хрвати -- колеги политичари, голем број познати личности, актери, уметници, спортисти и обични граѓани. Меѓуотоа, не станува збор само за забава, бидејќи луѓето, исто така, ги користат општествените медиуми за собирање на средства за жртвите на земјотресот во Хаити или за болните деца во другите делови од светот на кои им е потребна медицинска нега.
![]() Поврзи се со SETimes на Facebook! |
Веб страниците на весници, телеграфски служби, телевизии и радија предизвикуваат голем интерес кај корисниците на интернетот на Балканот. Меѓу топ страниците се koha.net, gazetaexpress.com, telegrafi.com и B92.net. На овие сајтови, се одвиваат дебати на различни теми од етничко ривалство до литература и уметност.
Во Бугарија, бројот на членови на Фејсбук се зголеми за десет пати од 2009-та година и стана вториот најпопуларен сајт на светската мрежа, според Алекса Интернет Инк, подружница на Amazon.com кој ги следи информациите на светската мрежа. Над 80 отсто од сите корисници на Фејсбук во Бугарија се на возраст под 40 години.
Исто така, во Бугарија голем е општиот топ блог svejo.net -- рангиран на 25-то место и попопуларен и од Twitter и од myspace.com во Бугарија. Меѓутоа, оваа земја има најмал процент на домаќинства поврзани на интернет, околу 30 отсто, според податоците од агенцијата за податоци на ЕУ Еуростат.
![]() Српските политички партии брзаат да го искористат растечкиот интерес за општествените медиуми. [Никола Барбутов/SETimes] |
Бројот на интернет корисници во Македонија е 42 отсто, а во Србија 37 отсто.
На крајот од 2009-та година, Романија беше рангирана на четвртото место за најбрза интернет конекција, според Акамаи, кој објавува тримесечен извештај. Оваа американска фирма ја пласира Романија после Јужна Кореја, Јапонија и Хонг Конг за брзината на интернетот.
Меѓутоа, во оваа балканска земја само 38 отсто од домаќинствата се поврзани на светската мрежа. Во Романија втора по големина, после Фејсбук, е домашната социјална веб страница наречена neogen.ro.
Пред две години, романската верзија на youtube.com -- позната како trilulilu.ro -- продаде 41 отсто од акциите на еден француски бизнисмен кој, исто така, инвестираше во една онлајн стратешка игра наречена eRepublik.com.
Во Босна и Херцеговина, истражувањето спроведено од агенцијата ГфК БХ покажува дека 52 отсто од сите жители на БиХ на возраст од 15 години и повеќе го користат општественото мрежно поврзување на интернет. Половина од нив се на Фејсбук, а повеќе од 50 отсто се жени. Според агенцијата ГфК БХ, многу малку од машките корисници на Фејсбук во БиХ се постари од 45 години.
Во Косово, општествените медиуми станаа секојдневен алат за одредување на јавната реакција на широк избор на настани -- политички, културни и секојдневни. Фејсбук е домашна страница на дискусии на теми како „Косово во ЕУ“, „Република Косово“ и изборот на убавица „Мис Косово“.
Во Србија, Фејсбук владее. Таму, луѓето се поврзуваат со стари пријатели како дома, така и во странство, наоѓаат нови и одат да работат за политички кампањи откако нивниот интерес е навреден онлајн.
Речиси сите српски политички партии имаат Фејсбук страница и нормално сообраќајот до овие сајтови се вжештува за време на изборите. Најактивните српски политички сајтови на Фејсбук им припаѓаат на оние со најмлади членови. Меѓу нив се Демократската Партија, Либерал Демократите, Српската прогресивна партија и Демократската Партија на Србија.
![]() Милиони граѓани на Југоисточна Европа имаат Фејсбук профили. [Getty Images] |
Фејсбук стана особено важен кога еден од лидерите на опозицијата -- претседателот на Нова Србија Велимир Илиќ -- беше нападнат на 5-ти февруари додека зборуваше со репортерите за време на еден уличен протест.
Во нападот беше задржан осомничениот Дејан Стојадиновиќ. Кога новинарите ја открија Фејсбук страницата на Стојадиновиќ тие пронајдоа бројни закани до голем број државни претставници, меѓу кои и српскиот претседател Борис Тадиќ.
Во Грција -- земја со над 11,2 милиони жители -- повеќе од половина од населението поседува компјутер. Според едно пан-грчко истражување за користењето на интернет во 2009-та година, 76 отсто од Грците користат интернет од својот дом и најголемиот број од нив го прават тоа секојдневно. Повеќето бараат одговори на различни прашања -- од медицински информации до најдоброто место каде да купат добар производ -- додека пак околу 62 отсто се онлајн за да испраќаат електронски пораки.
Само 42 отсто од испитаните Грци користат Интернет за друштвени контакти. Сепак, во изминатите пет години, жителите на Грција на возраст помеѓу 15 и 18 години го направија користењето на интернетот дел од нивните секојдневни рутини, а користењето на Фејсбук нагло се зголеми на 2 милиони корисници.
Најпопуларни сајтови во Грција се Гугл, со 96 отсто од целиот грчки интернет сообраќај, по него следи youtube.com со 67,8 отсто и yahoo.com со нешто помалку од 50 отсто. Домашниот друштвен сајт -- www.zoo.gr -- постојано расте.
Во Грција, блоговите се особено популарни -- било да се индивидуални, политички или социјални бидејќи граѓаните се вклучуваат на интернет со цел да станат познати нивните ставови. Некои блогери учествуваат во она што е познато како „онлајн активизам“ во кој јавните активности, како протестите против актуелните сурови мерки, добиваат многу поголема публика отколку стариот начин на поставување постери.
Еден сајт за општествена свест е „Нема повеќе пожари“, Фејсбук група формирана по уништувачките пожари кои ја опустошија заемјата пред неколку години.
Луѓето, исто така, почнуваат повеќе да им веруваат на блоговите отколку на комерцијалните телевизиски станици, бидејќи пласираните информации можат да бидат слободно проверени со факти од страна на групата. Всушност, пред неколку години грчката влада нареди да бидат затворени два блога откако тие открија политички скандали.
Дописниците на SETimes Светла Димитрова во Софија, Паул Чиокоиу во Букуреш, Марија Паравантес во Атина, Мањола Хала во Тирана, Бојана Миловановиќ во Белград, Јусуф Рамадановиќ и Линда Карадаку во Приштина соработуваа при изготвувањето на овој извештај.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's