Спортистите од Балканот се упатуваат кон Ванкувер

08/02/2010

Над 100 спортисти од 11 земји од Југоисточна Европа ќе учествуваат на 21-те зимски Олимписки игри во Ванкувер. Колку од нив ќе успеат да се искачат на подиумот? Циничните велат ниту еден -- за другите постои надеж оваа зима.

Од Светла Димитрова за Southeast European Times во Софија -- 08/02/10

photo

Трибините за натпреварите во сноубординг се поставени на планината Сајпрес, Британска Колумбија, Канада. [Getty Images]

Зимските олимписки игри ќе бидат отворени на 12-ти февруари -- доведувајќи 2500 спортисти од целиот свет во Ванкувер, Британска Колумбија --а, ќе бидат затворени две недели подоцна. Во трката за злато ќе учествуваат 105 спортисти од 11 балкански земји.

Косово е единствената земја од Југоисточна Европа која нема да учествува на 21-те зимски Олимписки игри. Со исклучок на Словенија, Хрватска е единствена земја од поранешна Југославија која освоила медал на зимските Олимписки игри, и тоа на своето прво појавување во 1994-та година во Лилехамер.

Алпските скијачи, Ерјон Тола (23) од Албанија и Бојан Косиќ (19) ќе ги претставуваат своите земји во Ванкувер.

Кога Тола се натпреваруваше во машкиот веле слалом „Супер-Г“ на зимските олимписки игри во Турин 2006-та година, тоа беше деби на Албанија на Олимписките игри. Тој беше рангиран на 35-то место во светот во дисциплината, негов најдобар резултат досега.

Кипар, исто така, ќе испрати алпски скијачи -- Кристофер Папамикалопулос (21), кој ќе се натпреварува во машка конкуренција; и 19-годишната Софија Папамикалопуло која ќе учествува и во женски слалом и во веле слалом.

Зимските Олимписки игри во Торино беа единствените игри кога спортистите од Србија-Црна Гора учествуваа во заеднички тим. Игрите во Ванкувер ќе го означат нивното деби како конкурентни, независни земји.

Србија ќе испрати 11 спортисти во Ванкувер, меѓу кои и натпреварувачите во боб Слободан Матијевиќ, Вук Раденовиќ, Игор Сарчевиќ и Милош Савиќ. Во српскиот тим ќе бидат и алпските скијачи Јелена Лоловиќ (28) и Невена Игњатовиќ (19); заедно со двајца сноубордери, пар крос скијачи и еден натпреварувач во бијатлон.

Ова ќе бидат петтите Олимписки игри за Босна и Херцеговина (БиХ) која дебитираше во 1994-та година во Лилехамер. БиХ ќе испрати шест спортисти, меѓу кои и алпските скијачи Зана Новаковиќ, Маја Клепиќ и Марко Рудиќ, како и Косарац во бијатлон и крос скијачот Младен Плакаловиќ. Тања Карисиќ ќе се натпреварува и во бијатлон и во крос скијање.

Претстојните олимписки игри во Канада ќе бидат четврти зимски Олимписки игри за Македонија како независна држава. Во нејзиниот тим кој брои три члена ќе се најдат алпскиот скијач Антонио Ристевски и крос-кантри скијачите Дарко Дамјановски и Росана Кироска.

photo

Хрватскиот скијач Ивица Костелиќ ја расчистува капијата за време на првиот круг во веле слалом во Крањска Гора. [Getty Images]

Шест од седумте олимписки медали освоени од Хрватска и припаѓаат на сега повлечената алпска скијачка Јаница Костелиќ, која освои три златни и една сребрена медала на зимските Олимписки игри во Солт Лејк Сити во 2002-та година. Таа ја збогати својата колекција со уште една злтана и една сребрена медала во Торино.

Братот на Јаница, 30-годишниот Ивица Костелиќ, стигна на подиумот на олимписките игри во Италија 2006-та година, освојувајќи сребрен медал во „супер комбинирано“ скијање во машка конкуренција. Има надеж дека тој ќе го освои златото во Ванкувер. Иако се смета за еден од најдобрите технички скијачи во светот, измените на правилата годинава може да претставуваат проблем за тој да постигне успех.

Во хрватскиот тим кој брои 18 члена ќе се најдат уште девет други алпски скијачи, меѓу кои Натко Зрнчиќ-Дим, кој го освои бронзениот медал во супер комбинирано скијање на Светскиот Куп 2009-10Ч и Ана Јелусиќ, која заврши на 15-то место во женски слалом во Торино на 19-годишна возраст.

Хрватскиот тим вклучува и четири натпреварувачи во боб, двајца бијатлонисти и двајца крос-кантри скијачи.

Олимписките игри во Ванкувер ќе бидат 18-ти зимски олимписки игри за Бугарија и 17-ти за Грција. И двете земји ги исфрлија нивните први зимски тимови на игрите во 1936-та година кои се одржаа во германските градови Гармиш и Партенкирхен.

Грција, која ги пропушти игрите во 1960-та година во Калифорнија, сеуште не го има освоено својот прв медал на зимските Олимписки игри. Бугарија има освоено шест, меѓу кои и еден златен.

„Не одиме во Ванкувер за да освоиме медали; ќе им го оставиме тоа на професионалците“, рече менаџерот на грчкиот тим Василис Катцорас. „Одиме со цел солидно да се претставиме и да го подигнеме знамето што е можно повисоко. Секое место во првите 30 во натпреварите каде учествуваат од 100 до 120 спортисти, за нас е како освојување на медал.

Крос кантри скијачот Василис Цакирис (45) кој ќе се појави по петти пат на зимските Олимписки Игри, беше избран за да го носи класичното бело-сино грчко знаме на „парадата на нациите“ за време на отворањето.

photo

Александра Јекова од Бугарија (горе) се натпреварува во текот на Светскиот куп во сноуборд 2010 на 19-ти декември 2009-та гоина во Телурид, Колорадо. [Getty Images]

Неговата ќерка -- 19 годишната Панагиота Цакири -- е натпреварувачка во бијатлон, а тренер е нејзиниот татко. Таа ќе оди во Ванкувер со уште двајца алпски скијачи и три крос-кантри скијачи.

„Успех за еден натпреварувач е да даде 100 проценти; ќе биде успех за мене, лично, ако го надминам 23-то место што го освоив во Торино“, рече грчкиот алпски скијач Василис Димитријадис.

Цакирис и хрватскиот натпреварувач во боб -- 48 годишниот Иван Сола -- се меѓу најстарите спортисти кои некогаш учествувале на зимските Олимписки игри.

Надежите на Бугарија за нови медали во Ванкувер се насочени кон ветеранката, лизгачката на кратки патеки Евгенија Раданова. 32 годишната Раданова го освои сребрениот медал во женска конкуренција во 500м во торино 2006-та година, а освои злато и сребро во Солт Лејк Сити во 2002-та година.

Сноубордерката Александра Јекова (22) се смета за светла точка на Бугарија. Таа освои сребрен медал на светскиот куп во Капелко, Аргентина во септември и заврши седма во декември во Колорадо.

Ова ќе биде 19-то појавување на Романија на зимските Олимписки игри. Таа има три бронзени медали од Игрите во Гренобал, Франција во 1968-та година и нејзиниот национален тим е најголемиот на Балканот со 32 спортисти.

Три члена од романскиот тим -- бијатлонистот Река Ференц (20) и крос-кантри скијачите Паул Константин Пепене (21) и Петрика Хоагиу (18) -- сите освоија медали во последните натпреварувања.

Ференц го освои златото во индивидуалната трка на 12,5км во Светскиот јуниорски куп во бијатлон во Шведска. Папене го освои првото место во машка конкуренција на 30км на Светскиот куп во крос кантри скијање за јуниори во Хинтерцартен, Германија, каде Хоагиу го освои сребрениот медал во женска конкуренција на 20км.

photo

Тугба Карадемир од Турција ја лизга нејизнта кратка програма на 14-ти ноември 2009-та година на Гранд прито во уметничко лизгање во Лејк Плесид, Њу Јорк.[Getty Images]

Првото учество на Турција на зимските Олимписки игри беше во Гармиш-Партенкирхен во 1936-та година. Тие сеуште немаат освоено медал. Турција ќе ја претставуваат тројца крос-кантри скијачи, двајца алпски скијачи и лизгачката Тугба Карадемир, која се пласираше на 21-то место во Торино.

Сместена на јужниот пацифички брег на Канада, Ванкувер е третиот канадски град кој ќе биде домаќин на Олимписките игри. Монтреал беше домаќин на летните игри во 1976-та година, Калгари во 1988-та на зимските игри.

Поврзани написи

Loading

Недостигот од снег на планината Сајпрес, местото за слободно скијање и сноубординг, е клучен предизвик за Комитетот за организација на Ванкувер (ВАНОК). По најтоплиот јануари забележан досега, организаторите презедоа драстични мерки, вклучувајќи и камиони кои носеа снег на одалеченост од 150км и го фрлаа на планината.

„Мислам дека никој не помисли дека ќе имаме јануари без снег, но имавме“, рече шефот на ВАНОК Џон Фурлонг.

Куглањето на мраз, хокејот на мраз и лизгањето ќе се одржат во Ванкувер, каде ќе биде и отворањето и затворањето. Планинското одморалиште Бистлер -- 125км северно од градот-- ќе биде домаќин на алпското скијање, крос кантри скијањето, ски скоковите, нордиска комбинација и натпреварувањата во бијатлон заедно со боб санкањето, скелетон и санкањето по двајца.

Дописниците на Southeast European Times Антонио Прленда во Сараево и Хари Цанис соработуваа за овој напис.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Гласаj

Loading

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

Која социјална мрежна алатка ја користите најчесто?

Facebook
Poznanici
Hi5
Ibox
Друго



Види ги резултатите Додадете коментар (16)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's