Нејасната економија во Македонија во центар на вниманието

02/11/2009

Минатата година, владата кажа дека Македонија ќе биде имуна на светската економска криза, но погреши. Сега земјата презема чекори за решавање на дилемата.

Од Зоран Николовски за Southeast European Times во Скопје -- 02/11/09

photo

Петар Гошев, гувернер на Народна Банка. [Томислав Ѓеорѓиев/SETimes]

Се чини дека економската сосотојба во Македонија беше разјаснета по посетата на ММФ минатата недела. И додека владата беше задоволна од наодите на ММФ, партиите од опозицијата не беа толку воодушевени.

Се очекува постепено враќање на растот, а се предвидува БДП да се намали помеѓу 1 и 1,5 отсто оваа година -- мало подобрување во однос на претходното предвидување според кое се очекуваше пад од 2,5 отсто, рече шефот на мисијата за Македонија на ММФ Вес Мекгру.

„И покрај тоа што кризата очигледно влијаеше врз Македонија, таа се покажа значително подобра од повеќето други земји во регионот“, соопшти владата на заедничката прес конференција со шефовите на македонските финансиски институции.

Меѓутоа, Социјал Демократскиот Сојуз за Македонија (СДСМ) предупредува дека ММФ предвидува висок ризик од макроекономска нестабилност.

„Владата останува сама во нејзините нереални предвидувања за 2009-та година спротивно на ММФ, ЕБРД [Европската Банка за реконострукција и развој] и предвидувањата на ММФ“, рече потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски.

Дебатата за влијанието на глобалната економска криза се вжешти изминатово лето.

Во јули во весниците имаше наслови „Македонија пред банкрот“. Овие шпекулации во медиумите беа предизвикани кога министерот за финансии Трајко Славески соопшти дека земјата била на раб на неликвидност. Тој побара од парламентот ребаланс на буџетот и да ги намали издатоците за приближно 100 милиони евра.

photo

Народна Банка на Република Македонија. [Народна Банка на Македонија]

„Не чекајте до септември, направете го тоа до крајот на месецот“, рече Славески.

Оваа тревога ја шокираше земјата. Многумина шпекулираа дека работните места на граѓаните и пензиите може да бидат намалени за справување со долгот на земјата -- ваквите стравови никогаш не се остварија.

Сепак, земјата беше погодена од глобалната финансиска криза и новиот министер за финансии Зоран Ставрески, кој е и вице-премиер, соопшти дека земјата се наоѓа во рецесија.

„Никој не треба да биде изненаден дека во текот на 2009-та година Македонија има негативни стапки на раст како и другите земји и дека ќе влезе во рецесија оваа година. Ако целиот свет е во рецесија, неверојатно е да се очекува Македонија да не е“, рече Ставрески во парламентот.

Иако Ставрески не беше изненаден, некои од насловите на владината веб страница беа застрашувачки.

Во еден наслов пишуваше, „Директните странски инвестиции во првите четири месеци од 2009-та година изнесуваат приближно 90 милиони евра“.

Според написот, во истиот тој период минатата година, вкупно 142,5 милиони евра директни странски инвестиции влегле во земјата.

Во еден друг наслов, и можеби најалармантниот, пишуваше „Стапката на раст на бруто домашниот производ (БДП) во првото тромесечие од 2009-та година е -0,9 отсто“.

Сите написи користат податоци добиени од државниот Завод за статистика.

Кризата, речиси исто како и во другите земји, остави најголеми последици врз работничката класа -- особено кога станува збор за аплицирањето за кредити. Потрошувачкиот кредит се зголеми од 10 отсто на 14,5 отсто во просек, а следејќи ја политиката на Народна Банка, банките спроведоа кредитни ограничувања заради кои кредитите им беа недостапни на повеќето луѓе.

photo

Зоран Ставрески, министер за финансии. [Влада на Македонија]

Политиката на гувернерот на Народната Банка Петар Гошев е цврста од неговото преземање на водечката позиција во централната банка -- нула толеранција за промена на стабилниот курс на денарот. Кога се појавија првите знаци на економската криза, Гошев воведе радикални анти-инфлациски мерки.

Во март, Гошев соопшти дека курсот на денарот е сериозно загрозен и дека тој ќе го брани утврдениот курс по секоја цена. Тој, исто така, презеде мерки за радикално зајакнување на веќе строгата монетарна политика при што каматната стапка на благајничките записи на Народна Банка се зголеми за два процентни поени, а банката се обидува да ги зачува девизните резерви, да го одржи девизниот курс и да избегне девалвација.

Претпријатијата извесно време се жалеа дека рестриктивната политика на Народната Банка ги поскапува кредитите и капиталот и го отежнува извозот.

Во август, некои искри на надеж, како здравиот буџет, го поттикнаа Ставрески да побара од гувернерот да ги намали каматните стапки.

Во интервју за локалниот дневен весник Утрински весник, Гошев рече дека е премногу рано за да се олабави монетарната политика. Банкарските добивки беа пониски за речиси 86 отсто во споредба со минатата година.

Последиците од кризата се чувствуваат и во девизните резерви. Според Народна Банка, девизните резерви се намалени за 101,5 милиони евра годинава. Позитивни сигнали се појавија во јули кога девизните резерви се зголемија бидејќи владата ја издаде т.н „евро-обврзница“, како и заради дознаките на емигрантите од Македонија.

Поврзани написи

Loading

Во ноември 2008-та година, иако владата рече дека кризата ќе ја одмине земјата, таа најави пакет од 330 милиони евра за да ги олесни последиците во случај на криза. Пакетот, меѓу другите мерки, содржеше намалување на царинските давачки и намалување на даноците за земјоделците.

Според Мирољуб Шукаров, професор на тетовскиот Универзитет на Југоисточна Европа, производите што Македонија ги извезува не се незаменливи. Шукаров изјави за Македонскиот Бизнис Портал дека производите што Македонија ги увезува се незаменливи, како нафтата и електричната енергија. Така, доколку кризата трае, на Македонија ќе и бидат потребни многу повеќе од вообичаените половина милијарда евра за да се справи со последиците од неа, според Шукаров.

Обичниот граѓанин може да ја сумира ситуацијата. „Не сум вработен, па не сум засегнат од светската економска криза. Јас сум во постојана криза“.

Во моментов, стапката на невработеност во Македонија е 33,8 отсто.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар