26/10/2009
Зоран Кесиќ е домаќин на една од најпопуларните забавни емисии во Србија Фајронт Република (Closing Time Republic), на ТВ ФОКС. Во опуштената атмосфера во емисијата, Кесиќ има пречекано голем број познати лица, актери, музичари и политичари.
Од Бојана Миловановиќ за Southeast European Times од Белград -- 26/10/09 Фотографии на Никола Барбутов
![]() Зоран Кесиќ е домаќин на шоуто Фајронт Република (Closing Time Republic). |
Улогата на шоуто Фајронт Република (Closing Time Republic) на Зоран Кесиќ е „очекувај го неочекуваното“. Кесиќ е познат по неговите необични и провокативни прашања, како и по скечевите во кои ги претставува неговите гости на хумористичен и искрен начин.
Меѓутоа, заради неговата претерана искреност неколку гости одбија да останат на снимањето на емисијата. Главните ликови во скечевите се дела на Кесиќ и служат како претставници на некои луѓе од српското општество -- од земјоделец до бизнисмен.
Благодарение на неговата смисла за хумор и директниот пристап, Кесиќ стана едно од најпопуларните телевизиски лица во Србија. Иако неговата публика главно ја сочинуваат помлади гледачи, бројот на постарите обожаватели кои го гледаат шоуто, исто така, се зголемува.
Во ексклузивното интервју за Southeast European Times, Кесиќ зборува за неговата емисија и српската телевизија.
SETimes: Вашите почетоци беа во новинарството и телевизијата?
Зоран Кесиќ: По завршувањето на средното училиште започнав да работам во белградската телевизија Студио Б. Се пријавив на аудиција за утринската програма и започнав како репортер. Се фокусирав на општинските прашања: зелениот пазар, паркинг сервисот, градската администрација. Тогаш кај мене се појави интерес за редактирање и снимање, толку многу што почнав сам да ги снимам и редактирам сите написи. Тоа повеќе беа кратки филмови отколку репортажи и написи. Почнав да сфаќам дека повеќе сакам сам да смислувам статии, отколку да бидам новинар.
SETimes: Како би го опишал шоуто Фајронт Република и причината за неговата популарност?
![]() Смешните нешта кои не се поврзани со некоја актуелна ситуација ме засмејуваат, вели Кесиќ. |
Кесиќ: Тоа е говорна емисија во која најголем дел од гостите се познати личности, со скечеви во кои глумиме јас и мојот колега Игор Бугарски. Публиката е значаен елемент од приказната, бидејќи тоа е не најмена публика која оди од шоу во шоу; неа ја сочинуваат мои пријатели од Фејсбук и оние кои доаѓаат затоа што мислат дека е смешна. Енергијата на сите оние кои сакаат да бидат присутни е силна и тоа можеби е главната карактеристика на шоуто.
Секое снимање е како театар и после снимањето сите одиме на забава, најчесто кај мене дома. Навистина не познавам ниту еден водител кој својата публика ја носи дома после шоуто, тоа е навистина многу гостопримливо.
SETimes: Познат сте по своите необични и провокативни прашања што им ги поставувате на своите гости? Дали тие некогаш се вознемируваат?
Кесиќ: На еден гостин, нема да кажам кој, не му се допаднаа скечевите за нив и нивната работа и го напушти шоуто после 10 минути. Но, реакциите на моите гости се главно добри, бидејќи тие веќе знаат какво е шоуто и каков сум јас, па не се премногу изненадени ако кажам нешто смешно или ако се однесувам чудно. Едноставно се однесувам онака како што се чувствувам во даден момент и често поставувам прашање кое не сум го планирал, туку тоа ми паднало на памет во тој момент.
SETimes: Што ве засмејува, што е хуморот според вас?
Кесиќ: Смешните нешта кои не се поврзани со некоја актуелна ситуација ме засмејуваат. Според мене сатирата не е смешна, повеќе некој вид на класичен хумор, се разбира момците од Монти Пајтон, секогаш. Кога правиме нешто смешно во нашето шоу, јас и моите колеги се тркаламе од смеење за време на монтажата. Имаше, на пример, еден скеч каде министерот за труд и социјална политика Расим Љајиќ оди во Америка и има „наводна“ средба со гувернерот на Калифорнија Арнолд Шварценегер. Можеби нема некоја посебна поента тука, но самиот факт што Расим се среќава со Шварценегер, и Шварценегер му вели „Ќе се вратам“ за време на интервјуто ми беше смешно.
SETimes: Дали постои „српски хумор“ и дали има неше посебно околу тоа?
Кесиќ: Сакаме да се фалиме дека сме духовити луѓе, за тоа колку сакаме да биеме шеги, но јас навистина не знам кои се карактеристиките на српскиот хумор. Можеби не можеме да го кажеме со прости зборови, не можеме да го генерализираме. Има духовити луѓе кои сакаат да бијат шеги, тоа зависи од нив. Главна карактеристика на една интелигентна личност е неговата/нејзината смисла за хумор, а тоа значи дека ние Србите сме интелегентни луѓе.
SETimes: Што мислите за програмите што ги нудат српските телевизиски канали?
Кесиќ: Хрватската телевизија, на пример, изгледа многу подобро и посредено од нашата национална телевизија. Мислиме дека можеме да сме подобри, а сепак сите нивни емисии изгледаат попрофесионално. Според мене, хрватската телевизија е поблиску до глобалните стандарди од нашата. Нашата телевизија е некако здодевна и се чини дека од таа програма сеуште се шири мирис на мувла. За реалните шоуа нема ни да зборувам, тие секогаш нудат исти гости и ефтина забава. Луѓето сакаат да го гледаат тоа и да ѕиркаат во спалните соби на другите луѓе. Не ги сакам реалните шоуа бидејќи во нив има многу малку реалност. Условите во нив се лажни. Каков вид на реалност има во Големиот Брат кога учесниците не можат да излезат надвор? Противник сум на ваквите шоуа затоа што мислам дека ја намалуваат интелегенцијата на луѓето.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's