Роми не е „валкан“ збор

17/08/2009

Еден млад активист има мисија да ги разоткрие стереотипите и да стави крај на дискриминацијата врз една од најлошо третираните етнички групи во Европа.

Од Брајан Салми за Southeast European Times во Подгорица -- 17/08/09

photo

[Марина Рогановиќ]

Чист, дотеран и уреден, Јаха Самир е далеку од извесниот цигански стереотип. Тој е образован, вреден, јасно се изразува -- претставник на една нова генерација активисти кои ќе го променат начинот на кој луѓето гледаат на неговиот народ. И нема ништо против ако го наречете Циган.

Самир признава дека неговиот народ го користи овој поим и дека не се спротивставуваат енергично кога и другите го прават тоа се додека намерата не е да потценуваат. Зборот „Циганин“, објаснува Самир, „првобитно значел „валкано - не допирај“. Оваа етикета му била прилепена на неговиот народ пред многу векови. Во 1973-та година, започнува силен обид за заменување на поимот Циганин со Ром, поим кој е многу поприфатлив за него.

И покрај долгогодишните стереотипи, Самир се обидува да ја избрише стигмата која ја носи неговиот народ. Тој вели дека во Европа се појавува нов тим на лидери кој ќе ги изведе Ромите од општествениот прогон во кој се наоѓаат уште откако за прв пат мигрирале од Индија пред еден милениум.

Во текот на 1980-те, современите Роми со помош на различни меѓународни организации започнуваат да се оттргнуваат од гетата, реално и психички, во кои биле затворени, вели Самир. „Тоа е првиот пат кога голем број Роми се прифатени во европските универзитети“, вели 25-годишниот татко на едно дете, кој е директор на црногорската невладина организација „Млади Роми“. Таа тенденција продолжува во изминатите две децении и денес 250 Роми дипломираат на македонските универзитети секоја година.

Ромските невладини организации низ Европа активно привлекуваат нови членови од ромските студенти. „Тие студенти сфаќаат дека можат да изградат успешни кариери и во исто време да им помогнат на другите Роми“, вели Самир.

Во Црна Гора има само десет Роми запишани во високите образовни институции. До денес, само двајца од нив дипломирале, а едниот од нив наскоро ќе биде вработен од страна на црногорското министерство за малцинства. Самир планира да стане третиот дипломец; тој работи на дипломски труд за предучилишното образование и се надева дека ќе го заврши следната година.

photo

Ученик пишува фраза на ромски во училница во Букурешт. Новата генерација на Роми се надева дека ќе ги надмине вековите на сиромаштија и стигма. [Getty Images]

Иако ќе биде кавалификуван да предава на деца од предучилишна возраст, Самир се сомнева дека ќе го напушти директорството на Млади Роми. „Не можам да си замислам дека ќе го постигнам истиот степен на задоволство од учењето на деца, што го добивам кога му помагам на мојот народ“, вели Самир.

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) го обучи Самир и тој се здоби со потребните знаења за водење на невладина организација во 2005-та година. Други организации како што е Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и Институтот „Отворено општество“ (ИОО), брзо ги забележаа неговите знаења и одлучноста и оттогаш заеднички работат со Млади Роми на различни проекти.

Тамара Срзентиќ, координатор за ромската програма за канцеларијата на ИОО во Црна Гора, вели дека Самир е „еден најзабележителните и ангажираните млади Роми со кого работи нашата фондација во последните десет години, откако започнавме да работиме на ромските прашања во Црна Гора“.

Пред да биде обучен за водач на граѓанското општество од страна на ОБСЕ, Самир ги наследил способностите од својот татко, кој станал активист во 2000-та година. Младиот Самир работи со невладината организација на неговиот татко се до неговото повлекување, заради здравствени причини, во 2003-та година и Јаха заминува од дома за да се запише на студии. Меѓутоа, во 2005-та година, Самир се враќа дома во Херцег Нови, каде е крајно незадоволен од работата на организацијата и од насоката на новото раководство.

„Се обидов да работам со нив, но тоа не успеа и одлучив да основам моја невладина организација“, вели Самир, кревајќи ги рамениците. Првите проекти, на кои Самир и неговата група Млади Роми започнуваат да работат, вклучуваат Роми кои се исклучени од образовниот систем.

„Целта на проектите беше да им се понуди втора шанса да се вклучат во образовниот систем“, вели Срзентиќ. Вниманието беше насочено кон Ромите меѓу 9 и 18-годишна возраст, кои не можеа да се запишат во основно училиште, бидејќи беа премногу стари. После овие првични проекти, Самир успеа да изгради доверба кај донаторите и ги зголемува неговите активности.

Во моментов, Самир се обидува да добие документи за лична идентификација за приближно 5000 од вкупно 11 000 Роми во Црна Гора. Најголемиот број од тие 5000 дошле во Црна Гора од Косово, за време на воената интервенција на НАТО на Балканот во 1999-та година. Без документи за државјанство повеќе од половина од Ромите во земјата не се под закрила на црногорската социјална мрежа, која го вклучува правото на формално образование.

„Најважното нешто што можеме да го направиме сега е да добиеме документи за нив“, вели Самир. Процесот е тежок, кавкијански кошмар од бирократија и такси, во просек, повеќе од една година и чини помеѓу 500-600 евра за лице.

Аспирациите на Црна Гора да стане полноправна членка на ЕУ ја обврзуваат да направи големи чекори за интегрирање на ромското население во земјата. За Самир и другите, кои се решени да ја остварат таа мисија, често тоа е фрустрирачка и тешка работа. “Понекогаш, тешко е да се работи со луѓе кои се неписмени и не секогаш го разбираат и ценат она што го правиме за нив. Лесно избувнувам, но учам да се справам со тоа“. Запрашан како успева да стане, да оди во канцеларијата и да излезе на терен, секој ден, Самир се насмевнува и одговара „Тоа е моето семејство“.

Дури и личниот живот на Самир е длабоко политички. Кога се женеше, пред пет години, тој прекрши едно строго табу -- неговата жена, шест години постара од него, е етничка Србинка. Двајцата работеле во продавници една спроти друга во Херцег Нови. Самир одел во продавницата на неговата идна сопруга за да купи списанија, а таа одела во неговата продавница за да купи овошје и зеленчук. Знаејќи дека нивната „љубов е забранета“, на Самир му биле потребни два месеца за да собере храброст да ја покани да излезат -- два, „многу дооооолги“, месеци, се смее Самир.

Поврзани написи

Loading

Тие излегуваат многу тајно шест месеци. Родителите на Самир заминуваат за Германија на средината од периодот на додворување. Кога се вратиле Самир имал лоши вести за нив. Ја изгубил работата, го расипал семејниот автомобил и се заљубил во Србинка. „Не им беше мило“, вели Самир, со срамежлива насмевка. „Особено за мојата сопруга“.

Семејството на Самир се помирува, но не и семејството на неговата жена.

При разменувањето на брачните завети, не присуствувал никој од роднините на невестата. По раѓањето на нивното дете дедото на Самир конечно ја прифаќа реалноста и тројцата како дел од семејството.

Придобивајќи го дедото на својата страна, тој успева да убеди еден од своите сонародници дека Ромите не се „валкани“. Тоа е еден помалку, а остануваат уште повеќе од 600 000.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар