Грегоријан: лошата реторика го попречува затворањето на ОХР

20/07/2009

Во ексклузивното интервју за Southeast European Times, главниот заменик на високиот претставник во Босна и Херцеговина Рафи Грегоријан ги споделува неговите ставови за актуелната политичка ситуација во БиХ.

Од Антонио Прленда за Southeast European Times во Сараево – 20/07/09

photo

Рафи Грегоријан, главен заменик на високиот претставник. [ОХР]

Босна и Херцеговина (БиХ) е потенцијален кандидат за пристапување во ЕУ, стана дел од програмата Партнерство за мир на НАТО кон крајот на 2006-та година и беше поканета да започне Интензивен дијалог за членство минатата година.

„Денес Босна и Херцеговина е далеку посигурна земја. Настаните на цивилен план продолжуваат да напредуваат. НАТО сојузниците се одлучни во намерата да и помогнат на Босна и Херцеговина да продолжи да се развива, просперира и да напредува кон евро-атлантските стандарди“, вели анализата на НАТО од минатиот март.

И покрај овој напредок, пред оваа балканска земја се уште стои долг пат за да се приклучи кон НАТО и ЕУ. Заменик високиот претставник во БиХ Рафи Грегоријан беше назначен со цел да и помогне на БиХ да го помине тој пат -- работно место кое, според Грегоријан, ќе исчезне еден ден.

„Тоа е заради изјавите на лидерите на Република Српска (РС) дека Советот за спроведување на мирот (ПИЦ) не можеше ... да донесе одлука за затворање на Канцеларијата на високиот претставник (ОХР)“, рече Грегоријан во ексклузивното интервју за Southeast European Times.

Потребно е напорно работење и да поминат уште доста години, но БиХ ќе стане членка на НАТО и ЕУ, вели тој.

Грегоријан докторирал Меѓународни односи и стратешки студии на Школата за напредни меѓународни студии на Универзитетот Џон Хопкинс во 1998-та година, магистрирал Воени студии на Кралевскиот колеџ на Универзитетот во Лондон во 1989-та година и дипломирал со почести на Универзитетот во Пенсилванија во 1986-та година. Тој е офицер на Резервниот состав на американската морнарица и служел на Косово, во Босна и Херцеговина и во Генералштабот во Пентагон.

photo

Одлуката за затворање на ОХР може да ја донесе само Советот за спроведување на мирот. [ОХР]

Southeast European Times: Каков е вашиот став за официјалната посета на српскиот претседател Борис Тадиќ на РС и неговата изјава дека „секој кој сака стабилност на Западен Балкан сака да избегне ситуации во кои законските одлуки на претставниците на народот се поништуваат?

Рафи Грегоријан: Верувам дека претседателот Тадиќ се обидуваше да спречи една бурна реакција на РС и дека неговите лични пораки беа со таа намера. Жално е што некои од неговите јавни пораки пренесоа поинаква слика. Сепак, бидејќи заклучоците на националното собрание на РС беа против Дејтон и противуставни, неговите коментари не важат за тоа прашање.

SETimes: Која е улогата на ОХР во прекинувањето на застојот ма уставните реформи во БиХ И како го оценувате вашиот успех во тоа досега?

Грегоријан: Знам дека ЕУ и Соединетите Американски Држави заеднички се посветени да и помагаат на БиХ во процесот на подобрување на нејзиниот устав со цел да се зголеми стабилноста, функционалноста и да се олесни пристапувањето во ЕУ и НАТО. Уставните промени не се меѓу условите за затворање на ОХР, сепак канцеларијата има интерес да се погрижи уставните промени да бидат во согласност со Дејтонскиот мировен договор. Сепак, олеснувањето на уставните промени е дел од мандатот на Специјалниот претставник на ЕУ (ЕУСР) и преку тој механизам ЕУ треба да биде вклучена во оваа работа.

Она што сака да го види меѓународната заедница е поефикасна и подобро функционална БиХ која ќе може да си ги исполни своите обврски како полноправна членка на ЕУ и НАТО. Ако БиХ стане членка на Советот за безбедност во јануари, тоа може да покаже кои промени се потребни за подобрување на донесувањето одлуки на владата во надворешната и безбедносната политика, што пак може да помогне за подобрување на изгледите за членство во ЕУ и НАТО во иднина.

SETimes: Како ќе влијае затворањето на ОХР, планирано за крајот од годинава, врз политичката состојба во земјата?

Грегоријан: Одлуката за затворање на ОХР и преобразбата во засилена ЕУСР може да ја донесе само Советот за спроведување на мирот (ПИЦ) по исполнувањето на петте цели и двата услови. Еден од условите е нивната оценка на политичката ситуација во земјата. Изјавите на некои политичари кои ја дестабилизираат ситуацијата не се корисни. Парадокс е тоа што оние кои се најголеми поборници за затворање на ОХР се најчесто тие што ја вжештуваат политичката атмосфера.

photo

Изјавите на премиерот на РС Милорад Додик претставуваат закана за политичката сцена во БиХ. [Getty Images]

Заради изјавите на лидерите на РС ПИЦ не беше во можност во текот на изминатите три години да донесе одлука за затворање на ОХР. Заканувачките зборови за т.н. „План Б“ очигледно нема да придонесат за исполнување на вториот услов. Во секој случај, затворањето на ОХР не значи крај на ангажираноста на меѓународната заедница во БиХ. Спротивно, тоа ќе значи зголемена ангажираност на ЕУ и сите нејзини институции.

SETimes: Председателот на СДА Сулејман Тихиќ отворено ја критикуваше меѓународната заедница за неказнување на антидејтонските активности на РС и лошата реторика на премиерот на РС Милорад Додик. Како ќе одговорите на неговите обвинувања?

Поврзани написи

Loading

Грегоријан: Заклучоците на Националното собрание на ЕС беа против Дејтон и противуставни и ОХР ги поништи кога претставниците на РС покажаа дека немаат намера да ги поправат нивните грешки. Реториката на Додик е неприфатлива и на крајот ќе го прогонува.

Како што ПИЦ постојано истакнуваше во минатото, меѓународната заедница ги задржува сите инструменти потребни за придржување кон Дејтонскиот мировен договор. Ова значи дека покрај овластените во ХР и ЕУФОР „на терен“ во БиХ, разни меѓународни организации и влади, исто така, имаат овластување и мерки кои можат да се употребат за одржување на мирот.

SETimes: Која е најважната порака што сакате да им ја пренесете на луѓето во БиХ?

Грегоријан: Ќе се приклучите кон НАТО и ќе се приклучите кон ЕУ. Ќе биде потребна напорна работа и доста години, но на крајот ќе се исплати. Актуелната политичка ситуација можеби е лоша, но како што беше многу подобра пред три години, исто така може и ќе биде подобра повторно, најверојатно после следните избори. Па, не губете надеж!

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар