Чај и Тито во северна Митровица

22/06/2009

Фатени во политички ќорсокак, жителите на еден мешан крај во градот се обидуваат да го спасат она што беше добро во минатото.

Од Беса Беќири и Илија Ѓорѓевиќ за Southeast European Times во Митровица -- 22/06/09 Фотографии на Лора Хасани

photo

Бошњачката махала во Митровица е место каде се мешаат Србите и Албанците.

Познат под името „Бошњачка махала“, крајот во Северна Митровица во кој живеат тамошните Бошњаци е место кое го посетуваат и Албанци и Срби, па така претставува „сад за мешање“ на различни националности.

На површина, животот изгледа мирен. Во продавниците можете да купите чоколади, како и традиционални специјалитети како ајвар и љутеница. Изградени се нови згради, финансирани од страна на српската влада. Тука има и познати места како филијала на Југобанка, и пред се, познатиот кафе бар Шера.

Мало девојче, на возраст од 5 или 6 години, стои пред мала продавница која ја држи нејзината мајка Арбнора, која е Албанка. „Ја запишав на училиште“, вели таа, покажувајќи на нејзината ќерка. „Ќе оди на училиште на југ; овде за неа нема училиште“.

Бучни камиони носат зеленчук, овошје и роба на „мултиетничкиот пазар“, како што го нарекуваат просторот пред продавниците. Паркиран автомобил се уште ја носи ознаката СЦГ на непостоечката земја Србија-Црна Гора.

Шера полека слегува од станот над неговиот кафе бар, каде живее со семејството и прави чај. Адем Мрипа, 62-годишен професор и бивш политички затвореник, ги заврши своите предавања за денес и седнува на муабет.

„Разговараме со Србите за добрите стари времиња, пред војната, за заедничкиот булевар во центарот на градот“, вели тој. „Не прашуваат за луѓето кои ги познавале, прашуваат дали се уште живи, дали сеуште постои некоја улица, дали и што се променило“.

photo

Драго Марковиќ (лево) и Адем Мрипа зборуваат за животот во северениот дел од Косово.

И потоа тој покажува на новите згради, пред кафе барот. „Новодојдените, новодојдените Срби од другите места, претставуваат проблем, не само за нас, туку и за Србите овде“.

Неговиот дом бил повеќе пати нападнат -- скршени прозорци, куршуми во ѕидовите, но за среќа, без жртви. „Тие сакаа да го запалат мојот дом, но не можеа“, вели тој.

Недалеку оттука, во дворот на една трокатница седат неколку српски семејства и пијат кафе. Скептично гледаат и велат дека во минатото имале лоши искуства со новинарите. „Ние кажуваме едно, а тие пишуваат нешто сосема различно“.

Не се изненадени на прашањето за соживотот. „Албанците се луѓе, како нас... Некој ќе ви помогне, но некој друг ќе ви забоде нож во грб“, вели 21-годишниот Милош Стошиќ.

„И ние сме такви. Овде има и добри и лоши луѓе“, вели тој. „Земете ме мене за пример: ова се тешки времиња, криза е и нема работа. Кога немам пари одам кај мојот албански сосед кој има продавница овде во нашиот крај. Секогаш ме прима љубезно и кога немам пари, ми го дава она што ми треба на вересија“.

Меѓутоа, продолжува тој, не е се идеално. Има провокации и коментари, но тие најчесто се од младите.

„Никогаш не се знае кога ќе избувне и на која страна“, вели долгогодишниот жител на Митровица, 57-годишниот Павле Недељковиќ. „Не е реткост да се појават „херои“ ... од нивните безбедни станови во центарот на градот и прават проблеми. Зборувам за двете страни. Ние сме тие што страдаме, луѓето кои живеат овде и кои се директно загрозени. Тие „херои“ се враќаат во нивните станови и куќи, а ние остануваме и се плашиме за нашите деца.

Назад во кафе барот, ѕвони телефонот на Мрипа. Тој почнува да зборува мешано, и српски и албански, кажувајќи го името Драго многу пати. Тоа е неговиот другар Драгослав Марковиќ, автомеханичар кој порано живеел во јужна Митровица и работел со неговиот татко. „Сака да се врати на југ“, објаснува професорот. „Ме замоли да му помогнам“.

Драго зборува албански многу добро. Како научил? „Овде сме 300 години“, објаснува тој, смеејќи се.

Вели дека со неговите албански пријатели главно разговараат за обични работи. „Тие прашуваат како се живее овде, ние како е таму, дали можеме да си помогнеме меѓу себе, да средиме некои документи, дали има работа, пари“.

„Повеќето луѓе не ги интересира политиката, ги интересира секојдневниот живот. Има многу Срби кои би сакале да се вратат“, вели Драго.

photo

37-годишната Драгана Живиќ е бегалка од Обилиќ. Има стан во бошњачкиот кварт, каде живее со две од нејзините четири деца. Другите две останале во Србија.

„Се поздравуваме, му велам здраво на мојот албански сосед и тој ми вели „добар ден“, но не се посетуваме. Живееме во постојан страв. Не се осмелувам да ја пуштам мојата ќерка надвор без да ја испратам и да ја пречекам подоцна“, вели таа.

Поврзани написи

Loading

И додека се обидуваат да излезат на крај со иднината, луѓето овде наоѓаат утеха во идеализираното минато. Драго се надева дека годините што доаѓаат повеќе ќе личат на Титовото време. „Беше подобро, сигурно беше подобро во времето на Тито“, вели тој. „Работа, пари, пријателство, никој не се грижеше кој си и што си, можеше секаде да се движиш слободно“.

Мрипа се согласува. „Подобро беше во времето на Тито, тоа е точно“. Во кафе барот се наоѓа импресивна слика на поранешниот југословенски диктатор, како и постер на Кемал Ататурк и знамиња од целлиот свет.

„Кога некој ќе дојде во Бошњачката махала прв пат, би помислил дека се функционира нормално“,вели Недељковиќ. „Србите и Албанците живеат овде, продавниците се отворени, купуваме, тргуваме. Но, никој не може да биде смирен. Овде се може да експлодира за една секунда“.

„Се на се, ова е живот што не би му го посакал на никого“, заклучува тој.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар