Се забрзува трката помеѓу Набуко и Јужен тек

01/06/2009

Во мај беа преземени нови чекори за подобрување на реализацијата на гасоводите Јужен тек и Набуко, со што почна нова фаза во веќе жестоката трка помеѓу овие два проекта.

(Разни извори -- 30/04/09 - 26/05/09)

photo

Прекинот на снабдувањето на Европа со руски гас ја наведе ЕУ да ги засили напорите за диверзификација на изворите и правците за увоз на гас. [Getty Images]

Трката помеѓу проектите за гасоводите Јужен тек и Набуко, кои треба да ја снабдуваат Европа со руски гас, нагло се забрза со новите аранжмани потпишани во мај.

Забрзување на Набуко

Врвни претставници на ЕУ, претседателите на Азербејџан, Грузија и Турција и египетскиот министер за нафта потпишаа декларација за поддршка на иницијативата за енергија на ЕУ Јужен Коридор, вклучувајќи го и проектот Набуко, за време на мини самитот одржан на 8-ми мај во Прага. Според договорот, изградбата на гасоводот ќе биде забрзана, што ќе помогне за намалување на зависноста на ЕУ од рускиот гас.

Според плановите, гасоводот Набуко долг 3300км ќе поминува низ Турција, Бугарија, Романија и Унгарија до Австрија, носејќи 30 милијарди кубни метри касписки природен гас во Европа годишно, веднаш штом ќе стане целосно функционален. Се очекува проектот, кој се соочи со бројни одложувања од неговиот почеток во 2002 година, да биде завршен до 2014 година.

Конзорциумот кој ќе го гради и води гасоводот вреден 9 милијарди евра вклучува шест компании -- ОМВ од Австрија, Булгаргас од Бугарија, МОЛ од Унгарија, Трансгас од Романија, Ботас од Турција и РВЕ од Германија.

Разни пречки -- меѓу кои кавгите помеѓу партнерите и несигурноста дали проектот може да покрене доволно гас за да биде финансиски исплатлив -- се причина за долгото одложување на изградбата на гасоводот. Уште една голема пречка беше отстранета на средбата во Прага, откако Турција се согласи да ја намали својата побарувачка да користи 15 отсто од гасот за свои домашни потреби. Турција, исто така, инсистираше на собирање „данок“ за гасот кој ќе влегува во гасоводот на нејзината источна граница.

„Се договоривме за транзит врз основа на трошоци. Многу сме блиску до решение“, изјави еврокомесарот за енергија Андрис Пиебалгс за британскиот дневен весник Гардијан.

Според декларацијата од Прага, Турција и ЕУ се договориле да ги завршат договорите за меѓувладин договор за Набуко „што е можно поскоро“ и истиот да го потпишат до крајот на јуни во Анкара.

Проектот Јужен тек под влијание на Русија

Претставниците на Казакстан, Туркменистан и Узбекистан одбија да ја потпишат конечната декларација. ББС, повикувајќи се на дипломатски извори, јави дека овој потег се должи на притисокот од Русија, која го поддржува проектот за гасоводот Јужен тек.

Во моментов Европа увезува околу 150 милијарди кубни метри гас годишно од Русија, што покрива околу една четвртина од нејзините потреби. Осумдесет отсто од нив се транспортираат преку гасоводите во Украина, кои датираат уште од советско време.

photo

Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо (лево) им покажува документи на турскиот претседател Абдула Ѓул (десно) и претседателот на Азербејџан Илхам Алиев по потпишувањето на договорниот план за гасоводот Набуко на 8-ми мај. [Getty Images]

Спорот околу цената помеѓу Киев и Москва во јануари доведе до големи прекини на дотурот на гас, како и до целосен прекин во некои од 20 европски земји засегнати од кризата.

Фрустрирани од прекинот на снабдувањето, ЕУ ги засили своите напори за диверизфикација на изворите и правците на увоз на гас со цел да ја контролира својата зависност од Русија. Набуко и два други гасоводи вклучени во иницијативата Јужен Коридор -- кои ја заобиколуваат Русија -- беа вклучени во листата на приоритетни проекти на Унијата.

Москва сака гасоводот Јужен тек потпомогнат од Кремлин -- нов пат за извозот на рускиот природен гас во Европа -- исто така да биде вклучен во стратегијата за диверзификација на ЕУ.

За време на средбата на 15-ти мај во црноморското летувалиште Сочи, рускиот гигант Гаспром потпиша договори со главните енергетски компании од четири земји партнери со цел да се забрза спроведувањето на проектот. Според договорот постигнат со Ени од Италија, другиот ко-акционер во заедничкиот потфат да се игради гасоводот, капацитетот на Јужен тек беше зголемен од првично планираните 31 милијарда кубни метри гас годишно на 63 милијарди кубни метри.

Овој потег предизвика поголема загриженост за зависноста на ЕУ од рускиот гас.

Посебните договори потпишани со шефовите на Енерџи Холдинг од Бугарија, компанијата за природен гас ДЕСФА од Грција и Србијагас од Србија предвидуваат заеднички потфати за спроведување на физибилити студии за изградбата на делови на гасоводот на територијата на нивните земји.

Јужен поток вклучува дел од 900км под Црното Море до Бугарија, каде ќе се подели на две гранки -- јужна преку Грција до Италија и северна преку Србија и Унгарија, која најверојатно ќе заврши во Австрија, доколку земјата се согласи да се приклучи кон проектот.

Ккао што се дознава, преговорите за вклучување на Словенија се во крајна фаза и се очекува во јуни да биде потпишан договор.

Борбата за гас

Истиот ден кога беа потпишани договорите во Сочи, генералниот директор на Гаспром Александар Медведев рече дека неговата компанија е подготвена да ја купи целата количина на гас од полето Шах Дениз-2 во Азербејџан, која беше предвидена за Набуко.

„Веруваме дека Гаспром би го купил тој гас со цел да обезбеди непречено снабдување на Европа со гас“, изјави Наталија Милхакова, аналитичар за нафта и гас во финансиската компанија Откритие, за рускиот дневен весник Москоу Њус. „Меѓутоа, не ја исклучуваме можноста дека владата, која поседува контролен пакет во Гаспром, би можела да ја притисне компанијата да усвои такво решение како противтежа на потенцијално конкурентниот проект Набуко“.

photo

Генералниот директор на Газпром Александар Медведев рече дека неговата компанија е подготвена да ја купи целата количина на гас од полето Шах Дениз-2 во Азербејџан, која беше предвидена за Набуко. [Getty Images]

На 17-ти мај, ОМВ и МОЛ најавија проект вреден 5,9 милијарди евра со Дана Гас од Соединетите Арапски Емирати и Крешент Петролеум кој би им овозможил да пумпаат природен гас од две полиња од курдскиот регион во Ирак и да го полнат гасоводот Набуко.

Според ОМВ, производството од овие две места може да достигне 3 милијарди кубни стапки природен гас дневно во следните шест години.

„Овие количини првично ќе ги задоволат потребите на локалната индустрија со значителни колични достапни за извоз, главно во Турција и Европа, преку планираниот гасовод Набуко“, соопшти австриската компанија.

Но, оптимизмот кратко траеше бидејќи Багдад ја одби шемата.

„Нема да дозволиме ниту една земја да извезува гас од регионот без одобрение на централната влада и ирачкото министерство за нафта“, соопшти ирачкиот министер за нафта Хусеин ал-Шахристани на 18-ти мај.

Како резултат на договорот, сега двете комапнии со седиште во САЕ поседуваат 3 отсто од акциите во МОЛ, се вели во соопштенијата на унгарските медиуми.

Но, тоа е уште еден потег кој предизвика поголема загриженост за обидите на Русија да се искрадне во европскиот енергетски пазар на задна врата.

Поврзани написи

Loading

Последните извештаи покажаа дека производителот на нафта и гас Сургутнефтгас, петтата најголема компанија во Русија, стана најголемиот акционер на МОЛ кон крајот на март. Русите го купија целиот удел од 21,2 отсто на ОМВ во унгарската фирма -- втората по големина на енергетскиот пазар во Централна Европа -- за рекордни 1,4 милијарди евра.

Уште една унгарска енергетска компанија го промени сопственикот на подеднакво транспарентен начин. Украинскиот бизнисмен Дмитро Фирташ, сопственик на дистрибутерот на гас Емфеш, кој контролира најмалку 20 отсто од унгарскиот пазар на гас, откри на 28-ми април дека неговата компанија е префрлена на РосГас АГ.

РосГас ќе биде под контрола на гасниот дистрибутер Овергас Инц., бугарска посредничка компанија, напиша во еден извештај од 7-ми мај Ирина Резник, експерт за енергетика во рускиот дневен весник Ведомости. Газпром поседува само 0,49 отсто од споменатата бугарска фирма, додека пак извозната комапнија на Газпром -- Газпром Експорт поседува 49,51 отсто од компанијата. Заменик-генералниот директор на Газпром и генерален директор на Газпром Експорт Александар Медведев е претседател на управниот одбор на Овергас Инц.

„Се е матно во овој дел на Европа каде Русија продолжува да ја шири својата контрола над енергесткиот сектор“, ја цитираше Њујорк Тајмс во една статија на 13-ти мај Агата Лошкот-Страчота од Центарот за источни студии во Варшава. „Тешко дека ЕУ може некогаш да има ефективна енергетска политика се додека во тој сектор нема транспарентност“.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар