23/03/2009
Долг беше патот на реформи и предизвици, но Албанија и Хрватска се на пат да пристапат во НАТО идниот месец. И за двете земји оптоварени со транзициски проблеми и потешкотии, ова е огромен чекор напред и постигнување на стратешката цел за која копнееја.
Од Наташа Радиќ и Мањола Хала за Southeast European Times во Загреб и Тирана – 23/03/09
![]() Се очекува двете земји да пристапат во Алијнсата на самитот во Стразбур идната недела. [НАТО] |
Се очекува Албанија и Хрватска да станат 27-та и 28-та земја-членка на НАТО на самитот на Алијансата идната недела. Самитот -- кој ќе ја обележи шеестгодишнината на НАТО -- ќе се одржи во Стразбур на 3-ти и 4-ти април.
Хрватската делегација во Стразбур ќе биде предводена од хрватскиот претседател Стипе Месиќ и премиерот Иво Санадер. Албанија ќе биде претставувана од претседателот Бамир Топи и премиерот Сали Бериша. Исто така, се очекува да присуствува и американскиот претседател Барак Обама.
Во 2003 година Албанија, Хрватска и Македонија, охрабрени од Соединетите Американски Држави, започнаа заедничка иницијатива наречена Јадранска повелба. Но, влезот на Македонија во НАТО беше блокиран во 2008 година кога Грција стави вето заради актуелниот спор околу името.
Меѓутоа, Хрватска и Албанија, постигнаа голем напредок на патот кон пристапување во Алијансата. Двете земји ги поставија своите главни приоритети со цел да ги задоволат демократските стандарди, да ја намалат корупцијата, да се справат со организираниот криминал, да ги спроведат реформите во судството, да ја подобрат јавната администрација и да промовираат добрососедски односи.
Земјите-членки на НАТО ги набљудуваат предвидените реформи и го оценуваат нивното имплементирање.
Хрватска влезе во програмата Партнерство за мир (ПМ) на НАТО во 2000 година, така започнувајќи го процесот за пристапување. Во мај 2002 година, земјата доби покана за приклучување во Акциониот план за членство (МАП) на НАТО, со што беше потврдена отворената политика на Алијансата. Во тоа време, исполнувањето на критериумите за членство не беше повеќе одговорност само на министерствата за одбрана и надворешни рабпоти.
![]() И хрватските и албанските трупи учествуваат во мисијата на НАТО во Авганистан. [Getty Images] |
Во согласност со обрските од МАП, во октомври 2002 година владата ја усвои првата Годишна национална програма 2002/2003, која ги одреди целите и ги детализира чекорите за одржување на земјата на патот кон членство во НАТО.
Од 2003 година, Хрватска е вклучена во операциите на НАТО, вклучувајќи го КФОР и мисијата ИСАФ во Авганистан. Во 2007 година Алијансата организираше воена вежба во Хрватска -- првпат еден ваков настан беше одржан во една земја која не е членка на НАТО.
Хрватска доби официјална покана за влез во НАТО на самитот во Букурешт во 2008 година.
Според хравтските претставници членството во НАТО е една од најзначајните цели во историјата на земјата. Според анкетите, бројот на приврзаниците на НАТО остана постојан во текот на годините и се движеше помеѓу 55 и 60 отсто.
На 18-ти март, владата го поднесе договорот за влез во НАТО до парламентот за ратификација. Мнозинството од земјите-членки на НАТО го ратификуваа документот, а се очекува наскоро и останатите да го направат истото, отворајќи го патот за влез на оваа земја.
Сепак, Хрватска би можела да се соочи со некои пречки. Главна пречка и понатаму останува соседна Словенија и 17-годишниот спор околу поморските граници на двете земји. Словенечките законодавци го ратификуваа договорот за членство на Хрватска на 9-ти февруари, но треба да го поднесат истиот до Соединетите Американски Држави, среде обидите на словенечката опозициска Народна Партија да одржи референдум за влезот на Хрватска во НАТО.
„Министерството за надворешни работи и евро интеграција очекува Португалија и Словенија да го ратификуваат договорот наскоро и дека Хрватска ќе учествува на претстојниот самит на НАТО во април како полноправна членка“, соопшти портпаролот на министерството Марио Драгун.
![]() Билборд во Тирана на кој пишува „Албанија во НАТО“ откако оваа земја доби покана за влез во Алијансата на минатогодишниот самит во Букурешт. [Getty Images] |
Албанија, која исто така доби официјална покана на минатогодишниот самит, напредуваше малку побавно. Земјата се приклучи во Советот за северно атлантска соработка во 1992 година и стана членка на ПМ во 1994 година.
Веднаш по започнувањето на ПМ иницијативата, Албанија претстави план за воена соработка и реформи. Земјата усоврши мала и добро обучена армија од 16,000 војници што е во согласност со барањата на Алијансата.
Албанските трупи, исто така, учествуваа во разни операции на НАТО, со над 3,300 трупи во разни мисии од 1996-та година. Албанските сили учествуваа во мировната мисија на НАТО во Босна, ИСАФ во Авганистан и мисијата предводена од американската коалиција во Ирак.
Од падот на комунизмот во земјата, влезот на Албанија во алијансата стана еден од нејзините главни приоритети. „Секоја реформа и секоја цена“ е заедничкиот став на владата од деведесетите -- едно од малкуте прашања за кое беше постигнат консензус меѓу политичките спектруми во земјата.
Солидарноста на главните политички партии покажана како во процесот на изборните реформи, кои завршија на почеткот од годинава, така и во тековниот процес на реформите во судството, е јасен знак дека политичката класа се обидува да изгради функционална демократија со независни институции.
Но, најзначајно е тоа што влезот во НАТО ужива голема поддршка од албанското население. Официјалните анкети покажуваат дека 94 отсто од Албанците го поддржуваат влезот во НАТО. Многумина сметаат дека влезот во НАТО е средство за подобрување на угледот на земјата во светот.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's