Многу косовски граѓани се песимистички расположени за 2009-та година

05/01/2009

Косово, за кое 2008-та беше разочарувачка година, и покрај прогласувањето на независност, се подготвува за тешка 2009-та година.

Од Беса Беќири за Southeast European Times во Косово – 05/01/09

photo

Косово стана независна држава на 17-ти февруари 2008-та година. [Getty Images]

По сите правила 2008-та година требаше да биде славна за Косово. Новата земја има неколку значајни достигнувања: независност на 17-ти февруари, нов устав и признавање на новата држава од повеќе од 50 земји, вклучувајќи ги големите сили.

И покрај тоа недостига ентузијазам за новата година. Косовските институции се уште немаат пристап во северниот дел од земјата; планот на ООН од шест точки (сметан за капитулација пред Белград) е во застој; на ЕУЛЕКС се уште му треба време за да се консолидира; УНМИК се уште е на Косово, и покрај очекувањата да ја напушти земјата; и Србија безмилосно си поигрува со нервите на косовските Албанци, испраќајќи експресен воз до Косово кој не застанува на границата и високи претставници во посети на високо ниво.

Ако ги оставиме дипломатските и геополитичките фрустрации настрана, обичните граѓани на Косово се борат со економски проблеми како што е невработеноста. Тие, исто така, се жалат дека цената на животниот стандард постојано расте, додека пак нивните плати остануваат исти. На улицата, иако се чувствува големо неспокојство, постојат различни мислења за најсериозниот проблем.

Мајлинда Тирбетари од Приштина тврди дека организираат криминал. корупцијата, распуштањето на Косовските заштитни сили и недостатоците во здравството се најголеми проблеми за Косово. Според неа, борбата против организираниот криминал мора да дојде на прво место, иако тоа е проблем со кој ниту локалните, ниту меѓународните организации не можат веднаш да се справат.

Амор Коши од Ѓаково најмногу се грижи за безбедноста на косовската граница и организираниот криминал. Тој смета дека Србија претставува закана за државната безбедност.

photo

Корупцијата се наоѓа на прво место на листата на грижи на граѓаните. [Getty Images]

Илбер Морина од Приштина се согалсува дека постои „веројатна закана“ од Србија која се обидува да „влезе на Косово“. Тој мисли дека во следните неколку месеци Косово ќе мора да се справи со проблемите кои произлегуваат од приватизацијата на државните фирми во областите во кои преовладува српското население. Според него, Косово, исто така, се соочува со општа социо-економска „криза“.

„Ако косовските власти се обидат да ја прошират нивната надлежност во северениот дел, тоа би предизвикало бунт од страна на Србите и би го дестабилизирало Косово“, вели Пјетер Ндоу од Ѓаково.

Севдије Рушити од Митровица има поинаков став. Таа е најмногу загрижена за економската состојба, недостигот од енергија и евентуалниот неуспех на ЕУЛЕКС.

„Тешката економска ситуација е најопасниот проблем -- невработеноста, високите цени и ниските плати можат да предизвикаат вистинско разочарување кај граѓаните, што би можело да доведе до штрајкови и социјален немир. Покрај тоа, корупцијата е пораспространета кога невработеноста е на сегашното ниво“, вели таа.

Раме Салиху, возач на такси од едно село во областа на Приштина, смета дека економијата е најголем проблем, следен од интегрирањето на српското малцинство.

Илиријана Лоши од Приштина се фокусира врз ЕУЛЕКС и неговите односи со косовските институции. Меѓу другите проблеми, таа ги наведува повремено исклучување на струјата и нејзиното очекување дека малку земји ќе го признаат Косово во текот на идните месеци, што ќе го ослаби чувството на дипломатски успех што Косово го уживаше во текот на 2008-та година.

Некои аналитичари тврдат дури и дека на Косово не се случиле значајни промени од прогласувањето на независноста. „Косово не е држава. Би кажал дека не е постигнат некој значаен напредок по прогласувањето на независноста; спротивно, има уназадување“, рече Авни Зогијани од невладината организација „Коху“ во телевизското шоу наречено „Глас за тебе“.

photo

Тензијата помеѓу Косово и Србија би можела да се засили во 2009-та година, тврдат некои. [Getty Images]

Коху беше дел од мрежата на невладини организации кои ги организираа декемвриските демонстрации во Приштина против планот од шест точки на ООН.

Аналитичарот од Косово Белул Бекај вели дека владата ќе ги помине следните три месеци обидувајќи се да ги убеди граѓаните на Косово дека никој нема да го спроведе омразениот план на ООН. „Лично јас не очекувам луѓето кои се на власт да се спротивстават на шесте точки, но како последица на тоа лицемерие, тензиите ќе се засилат и разочарувањето на граѓаните ... брзо ќе порасне“, вели Бекај.

Според него наводната дисфункција на новата држава и разочарувањето на граѓаните, „кое во одреден момент ќе биде искористено како детонатор за радикализација на барањата“, може да доведат до предвремени избори и етнички антагонизам.

„Првиот месец од пролетта традиционално е месец на критични настани“, предупредува Бекај.

Поврзани написи

Loading

Но, според Улпијана Лама, професор од Приштина која го води и телевизиското шоу „Глас за тебе“, има место за оптимизам. „Реално е да очекуваме дека признавањето на независноста на Косово ќе се забрза во втората половина од идната година. Тоа значи дека периодот (дотогаш) треба да се смета за инвестиција од страна на Косово“, тврди таа.

Според Лама во текот на 2009-та година ќе има три проблеми: економската криза, која според неа ќе биде повидлива во втората половина од следната година, „постојаните провокации и тестови за суверенитетот на Косово од страна на Србија и „притисокот од опозицијата за одржување на избори“.

Но, може да има и повеќе ризици.

Од гледна точка на Косово, глобалната заедница е премногу благонаклонета кон барањата на Белград, притоа губејќи го од видот мнозинството на Косово. Перцепцијата за меѓународна рамнодушност би можела да ги загрози не само меѓународните напори во новата држава, туку и нејзините локални институции, кои немаат доволно сила истовремено да се соочат со бројните проблеми.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар