Кипарскиот проблем би можел да ја блокира турската кандидатура за ЕУ

29/12/2008

Турција може да се соочи со „блокада“ во односите со ЕУ идната година ако кипарското прашање не се реши пред септември.

Од Ајхан Шимшек за Southeast European Times – 29/12/08

photo

Кипар е поделен по национална линија од 1974-та година, кога турската војска изврши окупација заради државниот удар чија цел беше обединување на островот со Грција. [Getty Images]

Турција изрази загриженост заради бавниот напредок на мировните преговори помеѓу кипарските Грци и Турци и повика на итно решавање повеќедеценискиот проблем.

Во четвртокот (18-ти декември), турскиот министер за надворешни работи Али Бабачан се состана со специјалниот советник на генералниот секретар на ООН за Кипар, Александар Даунер, кој беше во посета на Анкара. Бабачан ја критикуваше владата на кипарските Грци заради одолговлекување и побара од Даунер да одреди временска рамка, повикувајќи ги ООН да преземат иницијатива во областите во кои двете страни не можат да ги премостат своите разлики.

Анкара има добра причина за загриженост, бидејќи непостигнувањето на договор може да предизвика големи проблеми во кандидатурата на Турциај за ЕУ. Оваа земај се наоѓа под голем притисок да ги нормализира односите со Никозија. ЕУ и даде рок на Турција до 2009-та година да ги отвори своите пристаништа и аеродроми за кипарските Грци, а Брисел може да побара суспензија на преговорите ако тоа не се случи.

Последниот голем обид за повторно обединување на островот пропадна во 2004-та година. Меѓународниот план, под покровителство на тогашниот секретар на ООН Кофи Анан, беше ставен на маса пред водачите на кипарските Турци и Грци и беа одржани два посебни референдуми на двете страни на островот. Планот требаше да биде поддржан од двете страни на тој двоен референдум. Меѓутоа, непосредно пред гласањето, владата на кипарските Грци се сврти против планот, под изговор дека се внесени неприфатливи отстапки. Кипарските Грци го отфрлија со огромно мнозинство, иако кипарските Турци го дадоа своето одобрување.

photo

Водачот на кипарските Турци Мехмет Али Талат (десно) позира со премиерот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган. [Getty Images]

Кипар тогаш влезе во ЕУ така што владата во Никозија го претставуваше целиот остров, а кипарските Трци беа изолирани. Брисел сака Турција да ја признае Република Кипар, но оваа идеја беше отфрлена од турските лидери, кои инстистираат на тоа дека ќе признаат само нова партнерска држава која би била воспоставена после мировните договори. Како членка на ЕУ, Република Кипар има право на вето и има право да се изјаснува за кандидатурата на Турција.

Барањето Турција да ги отвори своите пристаништа за кипарските Грци е дел од царинската унија потпишана со ЕУ во 1995-та година. Турција, меѓутоа, таквиот потег го услови со барање Унијата да преземе мерки за ублажување на изолацијата на кипарските Турци, чија отцепена република нема меѓународен статус. Европската Комисија (ЕК) ќе ја разгледа ситуацијата пред идниот септември и постои можност да предложи целосна суспензија на преговорите.

Во овој момент, осум од 35 пристапни поглавја се „на мраз“ заради спорот околу Кипар. Оваа недела, Никозија го блокира отворањето на уште едно клучно поглавје - енергетиката - заради неодамнешната расправија околу истражувањето на нафтата во еден спорен морски гребен.

Дипломатите и аналитичарите сметаат дека опасноста од криза е голема. Пишувајќи во дневниот весник Реферанс, познатата коментаторка на надворешната политика Барчин Јинанч вели дека тактиката на кипарските Грци е да ја доведат ситуацијата до раб, рачунајќи на тоа дека „што повеќе време се троши, толку повеќе отстапки од Турција до 2009-та година“.

„Ова е погрешна калкулација“, додава Јинанч и вели дека најверојатниот резултат е замрзнување на кандидатурата на Турција за ЕУ. Владата на премиерот Реџеп Тајип Ердоган веќе изгуби голем дел од својот почетен ентузијазам кон ЕУ, додека пак Унијата ја мачат сопствени проблеми, објаснува таа.

photo

Деметриос Кристофијас победи на последните избори на грчката страна на Кипар, ветувајќи дека ќе го оживее мировниот процес. [Getty Images]

Во извештајот насловен „Турција и Европа: наредната година е одлучувачка“, Меѓународната кризна група (МКГ), исто така, повлече аларм за тревога.

Поврзани написи

Loading

„ И двете страни мора да се потсетат колку можат да добијат едни од други и повеќе да поработат на повеќе фронтови со цел да ја разбијат оваа негативна спирала пред една од нив да ги прекине преговорите, кои покасно би било невозможно повторно да се започнат“, се заклучува во извештајот.

Според оваа организација со седиште во Брисел, ЕУ треба цврсто и често да дава до знаење дека Турција може да стане полноправна членка кога ќе ги исполни сите критериуми. Унијата „треба да покрене неофицијални блокади на отворањето на преговарачките поглавја“, се вели во извештајот, кој го повикува Брисел да врши поголемо позитивно влијание.

„ЕУ треба повеќе правично да се заинтересира за исходот од кипарските преговори; да испрати високи функционери да ги посетат лидерите на двете заедници; потребно е да се истакне волја да се даде финансиска помош за постигнување на решение; како и да се разгледа можноста за одложување на истражувањето на нафтата во спорните територијални води додека траат преговорите, се вели во извештајот. Истовремено се додава дека Турција мора да преземе одговорност за решение, да се одржи моментум за негово постигнување и да се воздржи од интервенција на морнарицата со цел да се запре истражувањето на нафтата во водите на кои полагаат право Грција или Република Кипар.

Престижната организација, исто така, ја повикува турската влада повторно да се посвети на европските реформи на највисоко извршно ниво; веднаш да усвои и започне со имплементација на нацрт Националната програма за усвојување на правното тело на ЕУ; и да ја обнови довербата и соработката помеѓу пратиите во парламентот.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар