01/12/2008
Преку курсеви и програми како неодамнешната конференција во Скопје, Центарот „Џорџ Ц. Маршал“ промовира регионален пристап кон борбата против тероризмот и други безбедносни теми.
Од Горан Трајков за Southeast European Times во Скопје – 01/12/08
![]() „Ова е обид да се поттикне разговор и дијалог, да се разбере природата на денешните закани и да се размислува за противмерките кои би можеле да бидат ефективни во борбата против тероризмот, рече д-р Џон Лебју, професор на Маршаловиот центар. [Маршалов центар] |
Борбата против тероризмот беше во центарот на вниманието на неодамнешната конференција која во Скопје ја организираше Европскиот центар за безбедносни студии Џорџ Ц.Маршал. Од 12-ти до 14-ти ноември, учесниците ги претставија водечките гледишта за многу прашања поврзани со тероризмот, како проценка на тактиката и стратегијата, соработката, пратење на финансирањето на терористичките мрежи и борба против поддршката за тероризмот.
Предавачи беа д-р Кристофер Хармон, директор на Програмата за тероризам и безбедносни студии; д-р Џон Лебју, професор по стратегија и безбедносни студии; и Николас „Ник“ Прат, професор по стратегија и меѓународна политика. Учесниците беа од Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија.
Лебју разговараше со дописникот на Southeast European Times Горан Трајков, говорејќи за целите на семинарот и, поопшто, за визијата и намерата на Маршаловиот центар.
„Овој конкретен семинар е од голем интерес за нас, бидејќи тоа е форум на кој можеме да ги собереме не само нашите македонски пријатели, туку и учесници од другите земји од регионот со цел на еден фокусиран начин да го согледаме тероризмот и радикалните промени со кои се соочуваме денес“, рече Лебју. „Она што им се заканува на Соединетите Американски Држави сигурно се разликува од она што им се заканува на Македонија или Албанија, но сите се соочуваме со одреден степен на опасност од радикалните, насилни елементи кои сакаат да ни наштетат.
![]() Директорот на програмата за тероризам и безбедносни студии д-р Кристофер Хармон им се обраќа на учесниците на последниот ден од семинарот. [Маршалов центар] |
„Ова е обид да се поттикне разговор и дијалог, да се разбере природата на денешните закани и да се размислува за противмерките кои би можеле да бидат ефективни во борбата против тероризмот. Тоа значи противмерки кои постојат било во доменот на спроведување на законот или собирање на разузнавачки податоци, но тие имаат и идеолошка димензија. Ние сакавме во три дена да опфатиме што е можно повеќе на еден фокусиран начин“, рече тој.
„Затоа дојдовме во Македонија и корисно е за нас и Маршаловиот центар да можеме да размениме ставови со луѓето“, рече Лебју. „Не дојдов овде, ниту пак моите колеги дојдоа овде од Гармиш, да кажеме дека ги имаме сите одговори и да ви ја кажеме „вистината“ за тероризмот. Се надевам дека не се претставивме така. И ние дојдовме овде да учествуваме и да научиме од другите учесници. Мислам дека тоа беше добра можност луѓето кои се заинтересирани за овој проблем во три дена да согледаат разни прашања и да се обидат да размислуваат за решенијата“.
Според Лебју, Македонија и Маршаловиот центар имаат „многу силен, активен и долг однос“. Македонските студенти кои ги посетуваат програмите на Маршаловиот центар учествуваа во дискусиите за тоа како да и се спротивстават на ал-Каеда, предизвиците со кои се соочува Балканот и проблемите помеѓу земјите во регионот, рече тој, додавајќи дека дипломците на Маршаловиот центар потекнуваат од разни земји на Балканот.
„Големо задоволство е да се слушаат нашите македонски дипломци, кои и ден денес се во контакт со другите колеги од останатите земји, во некои случаи по четири или пет години откако беа заедно на Маршаловиот центар“, рече Лебју.
Маршаловиот центар го основаа американските и германските власти во 1992-та година заради промовирање на демократските вредности во земјите од бившиот Варшавски пакт или Советскиот Сојуз. Овој центар постана клучен елемент во напорите да се создаде една постабилна и побезбедна средина.
![]() Професорот од Маршаловиот центар д-р Џон Лебју (десно), еден од професорите кој учествуваше во регионалниот семинар за борба против тероризмот, дава интервју за македонската телевизија со помош на преведувач. [Маршалов центар] |
„Главна теза е дека светот целосно се променил. Овој центар е направен со цел да се поттикне дијалог и луѓето да се соберат во една мрежа која ги преминува границите“, рече Лебју.
„Можеби најголемата вредност што ја има Маршаловиот центар не се само програмите за безбедносните студии, туку и мрежата на поединци која се гради. Ако имате македонски дипломец на Маршаловиот центар и тој ја посетува нашата програма за безбедносни студии, тој ќе се врати дома со контакти со колегите од другите земји и ќе се врати во својата земја со мрежа од контакти и разменети мислења“, рече тој.
„Значи, мисијата на Маршаловиот центар не е само да подучува, туку и да изгради долготрајна мрежа која ќе трае многу подолго од времето што некој ќе го помине во Гармиш-Партенкирхен, Германија“, додава Лебју.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's