24/11/2008
Во ексклузивното интервју со дописникот на Southeast European Times Блерта Фониќи-Кабаши, косовскиот премиер Хашим Тачи зборува за ангажирањето на ЕУЛЕКС и други клучни прашања со кои се соочува земјата.
Од Блерта Фониќи-Кабаши за Southeast European Times во Приштина -- 24/11/08
![]() Косовскиот премиер Хашим Тачи. [Getty Images] |
Десет месеци по прогласувањето независност, Косово сеуште се соочува со неизвесност. Новата држава не може да ја прошири својата власт во српските енклави на север, кои се спротивставуваат на секој обид да бидат ставени под контрола на косовските институции.
Мисијата на ЕУ која требаше да го замени УНМИК беше попречена заради меѓунардно несогласување. Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун се обидуваше да најде план за ангажирање на ЕУЛЕКС кој би бил прифатлив и за Белград и за Приштина, но Србија -- која има моќни сојузници во Советот за безбедност -- беше незаинтересирана за неговите првични предлози.
Изменетета везрија на планот на Бан, кој се состои од шест точки, доби зелено светло од Белград, но сега другата страна претставува пречка. Косовските лидери се спротивставуваат на изменетиот план, велејќи дека тој би можел да го загрози суверенитетот на државата.
Во прашање е одредбата според која ОН би ја задржале контролата врз полицијата во српските области, додека пак ЕУ би ја контролирала полицијата во областите во кои преовладува албанското население.
Косовските лидери сметаат дека планот на ОН претставува пречка за нивните напори да ги стават северните енклави под директна контрола на косовските институции. Во најлош случај, велат тие, овој план би можел да значи де факто поделба.
Во меѓувреме, напорите на Косово да добие меѓународно признавање продолжуваат со зголемен успех. Минатиот месец Македонија и Црна Гора ја признаа новата земја, па дури и Грција -- која важеше за цврст сојузник на Србија -- сигнализираше дека можеби ќе го направи тој потег во блиска иднина.
![]() Приштина сака да ги стави српските енклави во северниот дел под контрола на косовските институции; Белград се спротивставува на тој чекор. [Getty Images] |
Неодамна дописникот на Southeast European Times Блерта Фониќи-Кабаши направи интервју со косовскиот премиер Хашим Тачи за неговите ставови за некои од сериозните прашања со кои се соочува најновата земја во светот.
Southeast European Times: Поминаа десет месеци од прогласувањето незвисност. Во која фаза е процесот на изградба на државата?
Премиерот Хачим Тачи: Независната и суверена држава Косово е во фаза на консолидирање. На меѓународно поле, процесот на признавање продолжува, и покрај некои пречки, додека пак на внатрешно поле, продолжува процесот на воспоставување на сите меѓународни механизми за демократска држава.
SETimes: Покажавте дека се спротивставувате на изменетиот план ОН кој се состои од шест точки за ангажирање на ЕУЛЕКС. Кои се вашите забелешки?
Тачи: Ставот на Приштина е јасен. Секој документ или план кој се спротивставува на уставот и суверенитетот на Косовската држава не може да биде прифатен. Суверенитетот е непроменлив, државното единство неоспорливо.
Логиката на овој план создава поделба ... и отвора можност за постојана нестабилност. Кој има интерес за ова? Само остатоците од „мрачните“ структури од блиското минато. Демократијата и косовското единство се во интерес за мирот и стабилноста на регионот, како основна премиса за интеграцијата.
SETimes: Има ли некаков механизам кој ќе им овозможи на Косовските Срби да се интегрираат во една подоцнежна фаза во косовските институции?
Тачи: Понудивме институционални гаранции за почитување на граѓанските права на заедницата на Косовските Серби. Без оглед на етничкото потекло, сите граѓани ќе ги имаат истите права во државата Косово. Цврсто верувам во идејата дека еднаквиот третман води кон интеграција.
SETimes: Мислите ли дека одбивањето на планот го загрозува партнерството на Косово со западните земји?
![]() Владата работи со цел да создаде соодветна средина за развој на економијата, вели Тачи. [Getty Images] |
Тачи: Не. Партнерството со западниот демократски свет продолжува и нашето партнерство е неотповикливо. Ние кажавме „не“ на планот кој го крши единството на нашата држава. Покрај тоа, кажавме „да“ за ангажирањето на мисијата ЕУЛЕКС на Косово. Нашето партнерство со западниот свет е повеќе од партнерство. Тоа е вербата, вредноста и визијата на сите граѓани на Република Косово.
Го поддржавме и се уште го поддржуваме ангажирањето на мисијата ЕУЛЕКС во Република Косово. Сега косовските институции имаат многу добра соработка со меѓународните структури на Косово. Влегуваме во многу сложен процес на евроатлантска интеграција. Ова присуство на Косово е корисно за нас за да постигнеме напредок за многу краток период во овој национален проект.
SETimes: Што направивте досега за подобрување на економијата? Видовме некои проекти во инфраструктурата, но кои се другите конкретни планови за подобрување на ситуацијата?
Тачи: Владата работи со полн капацитет до цел да создаде соодветна средина за развој на економијата. Многу странски инвеститори се заинтересирани да инвестираат во Република Косово и ние ќе ги понудиме сите институционални гаранции со цел да ги убедиме да започнат да работат на Косово.
SETimes: Не видовме некаква имплементација на средствата од Конференцијата на донатори. Кога ќе се случи тоа и какво влијание ќе има врз економскиот раст во Косово?
Тачи: Процесот на имплементација на овие средства е во првата фаза. Потребно ни е време за да го видиме ефектот, кој ќе влијае врз развојот на економијата. Преку овој развој ќе ја ублажиме невработеноста и сиромаштијата. Конференцијата на донатори беше израз на довербата што демократскиот свет ја има во нашите капацитети како држава. Гарантирам дека нема да ги разочарам пријателите на Косово.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's