Локалните избори пресвртница за Турција

17/11/2008

Во жестоката борба за влијание во курдските области се натпреваруваат владејачката партија на премиерот Реџеп Тајип Ердоган, која се надева на мандат во кој ќе ги спроведе реформите, и партијата поврзана со терористите ПКК.

Од Ајхан Шимшек за Southeast European Times во Анкара -- 17/11/08

photo

„Ние имаме повисок идентитет: државјанство во Република Турција. Ние сме за една нација, едно знаме, едена татковина и една држава“, рече премиерот Реџеп Тајип Ердоган. [Getty Images]

Пред локалните избори кои се одржуваат на пролет, во источните и југоисточните покраини на Турција владее напнатост. Во последните неколку недели , стотици Курди организираа насилни протести во поголемите градови заради посетата на премиерот Реџеп Тајип Ердоган на тој регион. Извршени се и мали бомбашки напади на регионалните ограноци на владејачката Партија за правда и развој (АКП).

Причина за тензиите е жестоката борба за влијание помеѓу АКП и про-курдската Партија за демократско општество (ДТП).

На последните предвремени парламентарни избори во јули 2007-та година, АКП успеа да ја добие поддршката од Курдите и убедливо ја победи ДТП, значително зголемувајќи ја својата сила. Според статистичките податоци, партијата на Ердоган освои 56 отсто од гласовите во источните градови во кои Курдите се мнозинство и 51,76 отсто во југоисточните области.

Во споредба со тоа, на изборите во ноември 2002-та година, АКП успеа да освои само 33 отсто и 26 отсто во истите тие региони.

ДТП не беше добро подготвена за гласањето во јули 2007-та година. Таа доби 17 отсто во источните градови и 25 отсто во југоисточните. Во овој момент партијата има 21 пратеник во парламентот. Истовремено, околу 70 од вкупно 338 пратеници на АКП имаат курдско потекло.

Политичките аналитичари велат дека ДТП, која се уште не е дистанцирана од затворениот политички водач Абдула Очалан, е одлучна во намерата да триумфира на претстојните локални избори и на тој начин да обезбеди постојано присуство во турската политика и курдското прашање. Критичарите ја обвинуваат партијата дека намерно подгрева насилство со цел да ги мобилизира своите гласачи, иако на тој начин ризикува да предизвика контра реакции од турските националисти.

ДТП игра опасна игра, вели Суат Киниклиоглу, пратеник од АКП и портпарол на одборот за надворешни работи.

photo

ДТП, која се уште не е дистанцирана од затворениот политички водач Абдула Очалан, е одлучна во намерата да триумфира на претстојните локални избори. [Getty Images]

„Се чини дека се вистински загрижени дека АКП навистина може да победи во најголемите општини во регионот, што би значело голема загуба на престижот и политичка слабост за ДТП“, изјави Киниклиоглу за SETimes. „Се чини дека сакаат да го подигнат степенот на насилство и поделеност со цел да обезбедат поголема поддршка за себе. Голема штета е што во политиката се уште се користат такви методи“.

AКП и ДТП нудат потполно различна иднина

Многу набљудувачи сметаат дека локалните избори од 29-ти март се еден вид пресвртница за тоа како ќе се решава курдското прашање во иднина. Гласачите ќе избираат помеѓу партијата која се залага за радикални промени на турската држава, вклучувајќи и нов устав кој би ја признал курдската автономија, и Ердогановата АКП, која ветува дека ќе ги зголеми правата на Курдите, без да го оштети унитарниот политички систем на Турција.

АКП сака реформи, вели Киниклиоглу, но потребен и е посилен мандат од народот и подобра политичка атмосфера. „Најдобар начин да се излезе од овој ќорсокак е, според мене, Турција да напредува кон членството во ЕУ. Најголемиот број од нашите курдски граѓани не подржаа бидејќи ние сме најпроевропската партија во Турција. Тие сфаќаат и дека многу нивни проблеми можат да се решат во една европска рамка“.

„Некои од овие сложени прашања мора да се решаваат на еден проактивен и храбар начин“, вели Киниклиоглу. „Но, околностите и политичката атмосфера, надворешната средина и што е најважно безбедносната состојба во самиот регион понекогаш имаат големо влијание врз тоа како се крои политиката. Не можеме да го потцениме негативното влијание на тероризмот на ПКК и степенот на насилство кое секојдневно го трпат нашите граѓани.

Амбициозен план на АКП

АКП се надева дека ќе победи во 100 општини во источна и југоисточна Турција, особено во големиот град Дијарбакир, кој е од симболично значење.Таквиот триумф, се претпоставува, би ја изолирал ПКК, би ги ослабел радикалните барања на ДТП и на Ердогановата партија би и дал цврст темел за реформи.

Ердоган одамна ветуваше нова перспектива за југоисточниот дел на Турција. Во текот на една важна посета на Дијарбакир во 2005-та година, вети дека ќе ја признае „курдската реалност“ и дури предложи нова дефиниција за државјанството. Меѓутоа, во наредните месеци ПКК повторно посегна по насилство, што предизвика гнев во Турција и зголемен политички притисок од националистите. Во последните две години немаше значајни чекори за политичко отворање кон Курдите.

photo

АКП се надева дека ќе победи во 100 општини во источна и југоисточна Турција. [Getty Images]

Реториката на премиерот стана потврда. „Секогаш сме биле против етнички и регионален национализам“, вели тој. „Сите живееме заедно во оваа земја со сите Турци, Курди, Киргистанци, Грузијци, Абхазијци и Бошњаци. Ниедна етничка група не треба да се смета супериорна во однос на останатите. Ние имаме повисок идентитет: државјанство во Република Турција. Ние сме за една нација, едно знаме, една татковина и една држава. Дали е некој против тоа? Дали некој може да каже дека е против „една нација“? Ако не им се допаѓа ова, можат да одат каде сакаат. Тоа е она што јас го велам“.

Ердоган им дава приоритет на инвестициите?

Поврзани написи

Loading

Бидејќи споменатото политичко отварање за сега не е актуелно, АКП се обидува да ги придобие Курдите со економијата, ветувајќи нови средства од владата и инвестиции во регионот. Југоистокот е еден од најнеразвиените региони во земјата и има висок степен на невработеност. Анкетите покажуваат дека гласачите најмногу се грижат за најосновните инвестиции во инфраструктурата, како болници и училишта и нови работни места.

Владата веќе ги финализира плановите за шпакет инвестиции вреден 12 милијарди долари за југоисточниот дел од земјата. Овој регион никогаш немал вистински инвестиции, освен за време на владеењето на АКП, вели Ердоган, и можат да очекуваат уште повеќе ако продолжат да ја поддржуваат владејачката партија.

„Се додека го чуваме нашето единство, ќе продолжиме на регионот да му нудиме подобри услуги. И покрај тероризмот, ќе се потрудиме нашите градови да просперираат и народот да биде задоволен“, вели Ердоган.

Од друга страна, Киниклиоглу е оптимиста кога се во прашање изгледите за конечно решавање на тој конфликт кој трае со децении. „Има причина за надеж“, изјави тој за SETimes. „Во Турција, нашите граѓани, вклучувајќи ги и нашите курдски граѓани, сфаќаат дека тие прашања не можат да се надминат со насилство. Поголемиот дел од нашите граѓани сметаат дека е потребно демократско решение за тој процес.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар