Продолжува патењето на косовските вдовици и сирачиња

10/11/2008

Едно мало село на Косово се уште ги трпи последиците од ужасниот масакр кој се случи кон крајот на деведесеттите. Локалните вдовици и сирачиња едвај составуваат крај со крај со 130 евра месечно и се надеваат дека пресудата на извршителите ќе им донесе барем мал дел од правдата.

Од Беса Беќири за Southeast European Times во Приштина -- 10/11/08

photo

Во селото Круша меѓу останатите живеат и 82 вдовици и 145 сирачиња. [Getty Images]

Во Круша, мало селце до Призрен, во близина на албанската граница, има 700 жители -- меѓу кои 82 вдовици и 145 сирачиња. На 26-ти март 1999 година српските сили собраа 70 отсто од мажите во селото, вкупно 114, и ги стрелаа. Тие ги запалија телата; до денес властите пронајдоа и идентификуваа само 23 жртви.

Од завршувањето на војната околу 2.000 лица и понатаму се водат како исчезнати -- а, меѓу нив се 91 маж од Круша. Шест Албанци од Круша го преживеаја масакрот и успеаа да побегнат. Еден од преживеаните, Ќамил Шеху, ги изгуби своите двајца синови, тројца браќа и седум внуци. Гледаше како ги стрелаат со митралез. Двајца од преживеаните од Круша сведочеа пред Хашкиот трибунал за воени злосторства против југословенскиот претседател Слободан Милошевиќ.

Денес, Круша е типично косовско село каде вдовиците, нивните деца и сирачињата го сочинуваат поголемиот дел од населението. Бидејќи 70 отсто од машката популација се мртви или исчезнати, жените мора да ги прехрануваат своите семејства и да ги одгледуваат децата. Тие одгледуваат домати, компири и пиперки и ги продаваат своите производи на пазарот во Призрен. Повеќето семејства земаат социјална помош, која неодамна беше зголемена од 45 евра на 130 евра месечно.

41-годишниот електроинжењер Агрон Лимани пишува книга за настаните за време на конфликтот во Круша со цел да ги изнесе во јавноста потребите на вдовиците и сирачињата.

Според зборовите на Лимани, животот во неговото село е тежок. Луѓето можат да си ги дозволат само основните работи: брашно, сирење, чај, млеко и макарони.

„Доста често се случува да останеме без пари“, вели Лимани. Неодамна, една локална фирма им испрати млеко на децата од Круша е Вогел, но како што нагласува Лимани, „Она што навистина би помогнало... е отворање на некој мал бизнис кој ќе понуди работни места“.

„Војната ги одзеде животите на многу мажи и ги остави жените и децата во сиромаштија“, вели Лимани, кој ги полни страниците со сведоштва за еден од најужасните масакри на Косово.

photo

Многумина во Круша можат да си ги дозволат само основните потреби. [Getty Images]

Во 2006 година Националното собрание на Косово донесе закон за доделување на посебни средства на воените ветерани и цивилните жртви во војната. Исплатата започна на 1-ви март 2008 година.

Во јули 2007 година владата започна да подготвува закон во име на семејствата на исчезнатите лица. Локалните и меѓународните институции, претставници на семејствата и здруженијата на роднините на исчезнатите помагаат да се подготви законот.

Нацрт-законот предвидува зголемување на финансиската помош, право на знаење и право на информации. Според него, роднините, исто така, ќе имаат право да подигнат споменици и гробови во знак на почит на исчезнатите.

Семејствата многу се трудеја ди ги убедат властите да поведат постапка против убијците. Институтот за известување за војната и мирот соопшти дека ужалените смејства во селото сакаат поведување на законска постапка против 54 Срби и двајца Роми кои, според нив, беа виновни за киднапирањето на нивните роднини кон крајот на март 1999 година. Охрабрени од локалните невладини организации, тие го поднесоа нивниот случај, прв од таков вид на Косово, до јавниот обвинител во локалниот суд во Приштина.

Поврзани написи

Loading

Институтот, исто така, го цитираше адвокатот Теки Бокши од Хуманитарниот правен центар со седиште во Белград, кој вели дека „досега правдата беше барана само за оние кои ги загубија животите за време на војната во Косово, но не е фер за исчезнатите да бидат лишени од правдата затоа што немаат тела да го докажат злосторството -- масовното киднапирање, исто така, е злосторство.

Семејствата на исчезнатите и оние кои ги поддржуваат веруваат дека надежта за казна, на крајот, ќе доведе до некој степен на правда и во најмала рака ќе ги обесхрабри Косовските Срби вмешани во ова злосторство да се вратат во регионот, велат од Институтот.

Сепак, досиејата за воените злосторства треба да бидат повторно разгледани. Новата европска мисија на Косово ќе мора да се погрижи за нив со своите судии и обвинители. Ова ќе биде една од најтешките задачи, која беше запоставувана речиси десет години.

Но, она што го сакаат семејствата на исчезнатите лица од Круша е јасен знак дека убијците нема да останат неказнети засекогаш. „Правдата се уште не е задоволена“, вели Лимани.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар