Крајно време е да се реши спорот помеѓу Македонија и Грција околу името

03/11/2008

Дали најновата идеја на Метју Нимиц -- Република Северна Македонија -- ќе помине како и претходните?

Од Зоран Николовски за Southeast European Times во Скопје – 03/11/08

photo

Претставникот на ОН Метју Нимиц понуди неколку предлози за решавање на спорот со името. [Getty Images]

Бидејќи неговото решавање постана услов за влез во НАТО, спорот околу името „Македонија“, стар 17 години, во изминативе месеци стана многу актуелен. Степенот на анимозитет не опадна, но постојат знаци дека спорот влегува во својата завршна фаза.

Една причина е меѓународната загриженост. Ако спорот остане нерешен, би можел да го попречи процесот на интеграција. Грција веќе го употреби правото на вето на пристапувањето на Македонија во НАТО и би можела да го направи истото во однос на членството во ЕУ. Истовремено, неинтеграцијата би можела да има тешки последици за Република Македонија и да ја загрози нејзината економска благосостојба и политичката стабилност. Мирот кој го донесе Охридскиот договор во 2001-та година останува несигурен, како и темелите на граѓанското општество.

Специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за спорот со името Метју Нимиц даде неколку предлози. Тој вели дека има трпение и дека роковите во еден толку важен спор не значат ништо. Сепак, Соединетите Американски Држави, па дури и обично резервираната Европска Унија, велат дека дојде време да се најде решение.

И двете страни се во дипломатска офанзива. Во последниве недели Грција забележа успех, бидејќи 2 земји -- Мексико и Панама -- ги сменија своите преходни одлуки Македонија да ја нарекуваат со уставното име. Овие земји во иднина ќе го користат името „Бивша југословенска Република Македонија“.

Меѓутоа, Скопје може да се теши со фактот дека над 115 земји низ светот -- меѓу кои и Кина, Русија и Соединетите Американски Држави -- се согласија да го користат уставното име.

photo

Владата на премиерот Никола Груевски се обиде да игра тврдо во однос на спорот со името. [Getty Images]

Јавното мислење во двете земји не помогна за постигнување договор. Анкетата која ја спроведоа грчкиот весник Катимерини и телевизијата Скај утврди дека 53 отсто од Грците се противат на последниот предлог на Нимиц, според кој, на меѓународен план, би се користело името „Република Северна Македонија“, а на домашен „Македонија“, а јазикот би се нарекувал „македонски“.

Многу Грци велат дека не можат да поддржат решение кое го содржи зборот „Македонија“ во било која форма. Користењето на тоа име, тврдат тие, не само што ја навредува грчката историја, туку и отвора пат за територијални претензии.

Спротивно на Грците, Македонците сметаат дека името е клучно за нивниот национален идентитет. Реагирајќи на гневот на народот заради ветото на Грција на членството во НАТО, владата на премиерот Никола Груевски се обиде да игра тврдо, повикувајќи се на прашањето поврзано со протерувањето на Македонците од Северна Грција за време на војната и спомнувајќи го „македонското малцинство“ во таа земја.

Анкетата на Центарот за истражување и политика во Скопје, спроведена веднаш по самитот на НАТО во Букурешт минатата пролет, утврди дека 60 отсто од Македонците се против промена на името на земјата во замена за членството во алијансата. Истовремено, 78 отсто сметаат дека преговорите со Грција треба да продолжат.

Македонците во големо мнозинство одговорија на дебаклот со НАТО со растечки национализам, а не со волја за отстапки. Во обид да го зајакне својот мандат, Груевски распиша предвремени избори и лесно ги доби. Тој продолжува со тврдиот став во однос на ова прашање и вети дека за евентуална промена на името мора да се изјаснат гласачите на референдум. Во постоечката ситуација барем, ваквото барање речиси сигурно ќе го осуди секое компромисно решение на неуспех.

Поврзани написи

Loading

Опозиционите социјалдемократи, меѓутоа, чекаат да ја искористат секоја значајна промена на јавното мислење. Тие предупредуваат на опасностите за Македонија од меѓународната изолација. Претседателот Бранко Црвенковски, бивши и најверојатно иден претседател на оваа партија, исто така има дипломатски став.

photo

За Македонците името е од клучно значење за нивниот национален идентитет. [Getty Images]

Во Грција, премиерот Караманлис има цврст мандат и солидно мнозинство во парламентот. Опозициониот ПАСОК му даде поддршка за спорот со името. Иако компромисот на многумина во земјата нема да им биде по волја, Караманлис веројатно има политичка сила да истурка некаков договор. Атина досега испраќаше позитивни сигнали на последниот предлог на Нимиц. Реакцијата во Скопје беше скептична.

Во останатите земји на Балканот, јавното мислење е главно, но не во убедливо мнозинство, на страна на Македонците. Анкетата на Галуп покажа дека мнозинството граѓани во Албанија (65 отсто), Босна и Херцеговина (59 отсто), Косово (60 отсто) и Србија (55 отсто) го поддржуваат користењето на името „Македонија“ дури и ако Грција се противи. Меѓутоа, Црногорците не се согласуваат -- само 47 отсто од нив ги поддржуваат Македонците.

На крајот, најголемата пречка за пронаоѓање на решение може да биде само познатата балканска особина инаетот. На двете страни има многу такви кои се подготвени да се држат на статус кво, дури и во ситуацијата на загриженост на меѓународната заедница и потенцијалните последици. Националната гордост е во игра на двете страни и ниту еден политички лидер не сака да биде оној кој попуштил. И додека постојат многу логични причини да се очекува пресврт, успехот нема да зависи само од логиката. Потребна е и доволна политичка волја и остроумност.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар