Надежите за повторно обединување на Кипар и понатаму одмерени

27/10/2008

Мировните преговори продолжија со најинтензивниот обид за решавање на кризата по неуспехот на планот на Анан во 2004-та година

(Мрежа за меѓународни односи и безбедност, АП, Турски дневни вести, Податоци на ЦИА -- 08/10/22, Њу Јорк Тајмс)

photo

Кипарскиот претседател Демитрис Кристофијас (десно) се ракува со лидерот на турските Кипрани Мехмет Али Талат по средбата во мај. [Getty Images]

Долго време пред неговата поделба, Кипар беше несигурно место. Коегзистенцијата помеѓу етничките Грци и Турци секогаш беше нестабилна, а кога островот стекна независност од Британија во 1960-та година избувна насилство меѓу двете заедници.

Актуелната криза датира уште од 1974-та година кога една воена хунта во Атина се обиде да го собори лидерот на Кипар, архиепископот Макариос и да го обедини островот со Грција. Наведувајќи ја својата улога како гарант, Турција ја испрати својата војска. Таа зазеде над една третина од територијата на островот, вклучувајќи и области населени главно со Грци. Државата која произлезе од ова, позната како Турска Република Северен Кипар, е призната само од Анкара.

Периодичните напори за обединување на островот со посредство на Обединетите Нации беа неуспешни. Во 2004-та година, планот изнесен од страна на Кофи Анан, тогашниот генерален секретар на ОН, не беше поддржан од страна на грчките Кипрани на референдумот одржан на двете страни од поделениот остров. Турските Кипрани го прифатија планот. Кипар успеа да влезе во ЕУ без договор за повторно обединување. Иако целиот остров се смета за дел од Унијата, комунитарното право на ЕУ се применува само во областите контролирани од страна на администрацијата на грчките Кипрани во Никозија. И покрај нивната позитивна реакција на планот на Анан, турските Кипрани се исклучени.

Ретроспективно, многу аналитичари го обвинуваат Брисел. Според Роналд Фишер, професор на Американскиот универзитет, ЕУ требаше да го услови пристапувањето со решавање на спорот стар со децении. Место тоа, грчката страна знаеше дека ќе помине во ЕУ со или без договор. Како земја-членка на ЕУ, таа стекна дополнителна моќ бидејќи ужива право на вето на одлуките на Унијата кои се однесуваат на Турција, која е земја-кандидат за членство.

Со конзервативецот Тасос Пападопулос на кормилото, Кипар речиси и да не забележа напредок во следните години. Беа одржани избори, а новиот лидер на грчките Кипрани влева сериозни надежи за постигнување на договор. Деметрис Кристофијас, од комунистичката партија АКЕЛ, ја водеше својата кампања врз платформа ориентирана кон повторно обединување и победи на претседателските избори во 2008-та година.

Исто така, и на северениот дел на островот на власт е реформист. Мехмет Али Талат ја презеда власта во 2005-та година, заменувајќи го долгогодишниот лидер на турските Кипрани Рауф Денкташ. Условите за постигнување договор се поповолни од било кога. Доколку не се искористи оваа можност, многумина веруваат дека прозорецот можеби никогаш нема да биде толку широко отворен -- или воопшто да биде отворен.

Кристофијас и Талат не губеа време да ја сигнализираат нивната определба. Нивниот прв чекор беше мартовската одлука да се отвори премин во главниот град, Никозија.

photo

Деметрис Кристофијас, од комунистичката партија АКЕЛ, стана претседател на Кипар годинава. [Getty Images]

Нивните последни преговори се одржаа на 3-ти септември, 11-ти септември, 18-ти септември и 8-ми октомври. Продолжувајќи да испраќаат сигнали на добра волја, и двајцата лидери на 13-ти октомври најавија укинување на годишните воени вежби.

Има значителен меѓународен притисок врз двете страни за решавање на спорот. Како поттик за тоа беше посетата за промовирање на иницијативите за повторно обединување од страна на „Постарите“, група од 12 добитници на Нобеловата награда кои пристигнаа на 8-ми октомври на дводневна посета. Меѓу нив беа надбискупот од Јужна Африка Дезмонд Туту и поранешниот американски претседател Џими Картер.

Туту побара од „двата извонредни лидери“ на заедниците на островот да го искористат „нивниот историски момент“. Картер, пак, рече дека договорот е на дофат. Сепак, препознавајќи ја локалната чувствителност на надворешниот притисок, тој додаде дека одлуката „мора да биде донесена од страна на кипарскиот надвор, а не од надвор“.

Аналитичарите како професорот Џозеф Џозеф од Кипарскиот универзитет вели дека постарите припадници на двете заедници -- кои ги паметат „добрите стари времиња“ на мирна коегзистенција пред 1963-та година -- сакаат повторно обединување, како и образованите, веројатно понепристрасните припадници на помладата генерација. Но, бидејќи некогаш обединетиот остров исчезнува и понатаму во историјата, пропорцијата на помладите островјани кои никогаш не го искусиле расте.

И покрај тоа што постои се поголема добра волја и на двете страни, ќе биде тешко да се решат неколку клучни прашања. Управувањето со островот, отстранување на турските сили, имотните права на грчките Кипрани кои ги напуштија своите домови и фарми и правото на турските доселеници се проблемите за кои ќе биде потребна значителна работа и кои можат да ги вознемират вкоренетите интереси на двете страни.

Најголем проблем е управувањето бидејќи грчките Кипрани сакаат неделива држава, а турските Кипрани претпочитаат конфедерација меѓу двете нации. Подготвеноста на двете страни да направат отстапки ќе биде сериозно тестирана кога некој незибежно ќе мора да се откаже од власта или богатството, истакнуваат аналитичарите.

Поврзани написи

Loading
photo

Свештеникот од Јужна Африка Дезмонд Туту (во средина на првиот ред) и поранешниот американски претседател Џими Картер (втор ред, петти од десно) се фотографираат со претставниците на грчките и турските Кипрани на 8-ми октомври. [Getty Images]

Последна потенцијална компликација беше тоа што на 17-ти октомври Турција доби непостојано место во Советот за безбедност на ОН, што предизвика страв кај грчките Кипрани дека Турција ќе стекне дипломатско влијание да ја блокира секоја одлука која ќе се смета за штетна за интересите на турските Кипрани.

Кристофијас се пожали дека „Турција, која го крши меѓународното право и човечките права на Кипраните, беше избрана во советот“. Во исто време, тој има надеж дека постојаните членки на советот ќе ја притиснат Турција да ги почитува своите „обврски“ кон Кипар.

Истите аналитичари кои покажуваат одмерен оптимизам признаваат дека ако овогодинешните преговори не доведат до повторно обединување, тоа можеби никогаш нема да се случи.

Кристос Рингас соработуваше во оваа репортажа.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар