Дебата за здравствениот систем во Турција заради смртта на новороденчињата

06/10/2008

Државните обвинители покренаа истрага откако тринаесет новороденчиња умреа во рок од 24 часа во една државна болница во Измир. Дваесет и седум бебиња умреа минатиот месец во друга болница во Анкара. Министерството за здравство вели дека инфекциите се случуваат и во најразвиените земји, но синдикатот на докторите за смртта на новороденчињата го обвинува се полошиот здравствен систем.

Од Ајхан Шимшек за Southeast European Times -- 06/10/08

photo

Во Турција во последните три месеци умреа над 50 новороденчиња. [AFP]

Турската влада покрена истрага после смртта на 13 новороденчиња во рок од 24 часа во една државна болница во Измир минатиот месец. Тоа се случи само неколку недели после уште еден скандал во здравството во Анкара, каде 27 бебиња умреа во болницата Зекаи Тахир Бурак, најголемиот број од инфекција.

Првичните резултати од неодамнешната истрага покажаа дека инфекцијата која се ширела преку интравенозните течности е причина за смртта на бебињата во измирската Болница за истражување и образование Тепечик, каков што беше случајот и во болницата во Анкара. Шефот на истрагата, професорот Реџеп Озтурк, од медицинскиот факултет Черахпаша во Истанбул, рече дека неговиот тим ја идентификувал бактеријата која ја предизвикала инфекцијата. По прегледот на документацијата на измирската болница, истражувачите ја исклучија евентуалната небрежност од страна на докторите или болничкиот тим и истакнаа дека смртните случаи најдобро можат да се опишат како „несреќен случај“.

И покрај ваквите наоди, јавноста побара оставка на министерот за здравство Реџеп Акдаг. Според локалните медиуми, трагичната смрт на бебињата покажува вложување на состојбата на здравствениот систем во земјата. Колумнистот од весникот Mилијет, ја критикуваше лошата приватизација во здравствениот сектор, пренесувањето на одговорноста на непрофесионални фирми, немањето на соодветни здравствени капацитети и слабата обука на новиот персонал. Темелкуран вели дека Акдаг треба да ја преземе одговорноста и да се повлече. Сепак, министерот се оглуши на нејзиниот, како и на повикот на многу други критичари.

Иако го призна проблемот со инфекциите во турските болници, Акдаг тврди дека е постигнат успех во обидите да се намали смртността кај новороденчињата. „Ожалостени сме заради смртта на секое новороденче или мајка, но исто така треба да ја погледнеме статистиката“, рече Акдаг.

„Бројот на деца кои умираат при раѓањето беше 29 на илјада живо родени бебиња во 2003-та година. Овој број беше намален на 17-18 смртни случаеви на секои 1000 живо родени бебиња оваа година. Тоа значи дека успеавме да ги спасиме животите на илјадници бебиња“, рече тој, признавајќи дека бројот на децата кои умираат при раѓањето е сеуште висок и ветувајќи дека ќе продолжат напорите за намалување на оваа бројка.

Според министерот, стапката на смртност на новороденчињата во Турција е релативно ниска, во споредба со другите земји во развој. Но, ЕУ долго го критикуваше здравствениот систем во Турција како земја кандидат. Во својот „Извештај за напредокот за 2007-та година“, ЕУ нагласи дека процентот на новороденчиња кои умираат при раѓањето е „сеуште висок“.

photo

Заради трагедиите побарана е оставка од министерот за здравство Реџеп Акдаг. [Getty Images]

Според статистичките податоци на Обединетите Нации, стапката на смртност на новороденчињата во земјите-членки на ЕУ во просек е 5,84 смртни случаи на 1000 живо родени бебиња. Во Турција, проценките кои не се согласуваат со тврдењата на Акдаг тврдат дека таа стапка изнесува 36,98 смртни случаи на секои 1000 живородени бебиња.

Поврзани написи

Loading

Претставниците на измирската Лекарска комора го обвинија министерството за здравство и здравствената политика за зголемената смртност на новороденчињата. „Во Измир, породилиштата се преоптоварени. Во цела Турција, нема доволно породилишта и експерти за бременост“, рече директорот на комората Суат Каптанер. Тој, исто така, го осуди контроверзниот повик на владата семејствата да имаат „најмалку три деца“.

„Во денешните услови, кога немаме соодветни здравствени услуги и со општата сиромаштија, како некој може да очекува луѓето да имаат најмалку по три деца? ... Немаме соодветен кадар“, рече Каптанер.

Опозицијата поднесе писмени прашања до парламентот во врска со трагедиите. Претставникот на Републиканската народна партија во Измир Селчук праша дали можеби политичките назначувања на високи функции во министерството за здравство придонесоа за неодамнешните случувања.

Зголемениот политички и јавен притисок врз владата ги натера властите да размислуваат за реформи во породилиштата. Министерството за здравство закажа состанок за претставниците на државните и приватните болници за крајот на октомври. Тој состанок ќе биде фокусиран на утврдување на основните потреби на болниците, како бројот на персонал и кревети, инкубатори и други медицински средства. Министерството планира да ги задоволи потребите на здравствените центри, да изврши прераспределба на персоналот и да го координира протокот на пациенти меѓу државните и приватните болници.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар