Целите на Хрватска во 2008 година: членство во НАТО и економски раст

04/02/2008

Приоритетите на Хрватска во 2008 година се напредок на патот кон евроатлантска интеграција, борба против инфлацијата и одржување на економскиот раст. Новата влада, исто така, ќе се посвети на сите прашања во однос на реформите за влез во ЕУ.

Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб -- 04/02/08

photo

Инфлацијата порасна на 5,7 отсто, што доведе до значително зголемување на цените. [Getty Images]

Во Хрватска почетокот на 2008 година беше обележан со инаугурацијата на новата влада -- десетта по ред од стекнувањето независност. Главните приоритети на оваа земја беа сумирани во парламентот како дел од мандатот на новата влада. Пратениците се согласија дека во 2008 година претстои многу работа и дека не смее да се губи време.

Нова влада

Новата влада ја презеде должноста на 12-ти јануари -- скоро два месеци по изборите одржани на 25-ти ноември 2007 година. „Влегуваме во нов период во кој Хрватска, предводена од оваа влада, ќе ги оствари своите главни стратешки цели“, рече премиерот Иво Санадер во парламентот по формирањето на владата.

Хрватска се стреми кон добивање покана за членство во НАТО во април и да продолжи со спроведување на реформите со цел да се приклучи во ЕУ во 2010 година. Санадер рече дека новата влада ќе направи се за да ги забрза преговорите со ЕУ, кои треба да бидат завршени до крајот од годинава.

„Владата ќе направи се за брзо спроведување на реформите и навремено усвојување на законите“, потребни за исполнување на стандардите на ЕУ, рече Санадер. Меѓутоа, овогодинешните задачи се монументални и нивното остварување нема да биде лесно.

Економски проблеми

Економијата ќе биде главен приоритет за новата влада. Заради меѓународните аспирации на Хрватска, економијата -- растот на БДП, инфлацијата и животниот стандард се прашањата кои мора да бидат подобрени. Според проценките на кварталниот хрватски Економски преглед, се очекува постоечкиот БДП годинава да опадне. Во 2007 година БДП порасна за 5,3 отсто. Оваа година, се очекува растот да биде околу 4,4 отсто.

Се очекува Санадер и министерот за економија Дамир Поланчец веднаш да го решат проблемот со инфлацијата. Инфлацијата порасна на 5,7 отсто, што доведе до значително зголемување на цените. Во Загреб, цените на становите се зголемија за 22 отсто. Согледувајќи дека просечните плати нема да го следат истиот тек, синдикатите најавија дека во април ќе одржат протести заради високите животни трошоци.

Во моментов животниот стандард во Хрватска е превисок за најголемиот број граѓани. Народната Банка на Хрватска соопшти дека комерцијалните банки би можеле да ги зголемат каматните стапки, што ќе доведе до зголемување на кредитните рати за граѓаните. Три од четири домаќинства во Хрватска се соочуваат со финансиски проблеми да ги подмират месечните сметки.

Хрватите се надеваат дека ќе дојде до нов економски напредок и дека претстојната туристичка сезона ќе донесе повеќе пари во државниот буџет. Борбата против невработеноста е уште еден економски приоритет.

photo

Премиерот Иво Санадер рече дека ќе забрза реформите, како и преговорите со ЕУ. [Getty Images]

Пристапување во НАТО и ЕУ

Според изјавите од Брисел, Хрватска треба да очекува покана за членство во НАТО на самитот на алијансата во април во Букурешт. Меѓутоа, генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер рече дека Хрватска „мора да вложи последни напори за да добие покана за влез во алијансата“. За да го потврди ветувањето дека ќе ги исполни сите неопходни обврски, минатиот месец Санадер го посети седиштето на НАТО и му се обрати на Севрноатлантскиот совет.

„Направете го последниот чекор“, му рече де Хоп Шефер на премиерот. Меѓутоа, и покрај плановите на владата да вложат напори и да ја прифатат поканата, мнозинството граѓани не го поддржуваат тоа. Анкетите покажуваат дека помалку од 50 отсто од граѓаните го поддржуваат членството во алијансата.

Од 1-ви јануари Хрватска стана непостојана членка на Советот за безбедност на ОН. Дипломатите се надеваат дека земјата успешно ќе се справи со најважните меѓународни прашања, меѓу кои и прашањето за статусот на Косово.

Меѓутоа, целта на Хрватска да пристапи во ЕУ е желба за иднина. Хрватска не беше толку успешна колку што се очекуваше кога се во прашање преговорите. Реформите во судството и борбата против корупцијата остануваат најголеми проблеми. Претставниците во Брисел не се задоволни со мерките кои ги користи Хрватска за решавање на овие проблеми.

Исто така, се појави нов проблем во врска со ЕУ. ЕУ блокира неколку финансиски програми за Хрватска критикувајќи го начинот на кој државната администрација управува со тие средства. Многу експерти ги напуштија министерствата и се вработија во трговскиот или финансискиот сектор и претставниците на ЕУ се плашат дека новите, неискусни кандидати можат уште повеќе да ги забават преговорите.

Доколку Хрватска сака да продолжи со нејзината цел да се приклучи кон Унијата во 2009 година, преговорите мора да бидат завршени до крајот од годинава.

photo

Заштитената риболовна зона предизвика проблеми со земјите-членки на ЕУ. [Getty Images]

ЗЕРП, проблеми со Словенија

Иако влезот во ЕУ не претстои одма, Хрватска мора да продолжи со преговорите и да ги спроведува мерките на ЕУ. Една од препреките со кои се соочува земјата е заштитената риболовна зона (ЗЕРП) која беше спреведена на почетокот на годинава.

Оваа зона, која ги засега членките на ЕУ Словенија и Италија, предизвика многу недоразбирања. Бидејќи Словенија е актуелен претседавач со ЕУ, ова прашање се вжешти. „Ако Хрватска сака да ги забрза преговорите, јасно и е што треба да прави“, велат дипломатите во Брисел.

Доколку Хрватска одбие да го смени ставот во однос на риболовната зона и не ги спроведе потребните реформи на време, би можела да изгуби шест до девет месеци во пристапувањето, бидејќи процесот на ратификација во земјите-членки не може да биде започнат без одобрување од Европскиот парламент.

Поврзани написи

Loading

Границите на риболовната зона се предмет на граничен спор помеѓу двете земји.

Хрватска и Словенија не успеаа да се договорат за некои територијални прашања откако прогласија независност од поранешна Југославија во 1991-та година. Како резултат на тоа, во изминативе години се случија бројни погранични инциденти, меѓу кои и тој на Пиранскиот залив во северниот Јадран, како и тој во областа на реката Мура.

Словенија, чиј јадрански брег е долг помалку од 50км, бара решение кое ќе и овозможи да има директен пристап до меѓународните води, без да мора да помине низ италијанските и хрватските територијални води. Се очекува овие две земји да ги решаваат нивните долгогодишни гранични спорови пред Меѓународниот суд во Хаг.

Сепак, јасно е дека, со толку многу отворени прашања, оваа година Хрватска мора да вложи огромни напори во сите сектори со цел да остане на патот за влез во ЕУ.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар