Хрватска домаќин на голема вежба на НАТО

19/11/2007

Вежбата „Благородниот Мида“ се одржа во октомври во Хрватска -- неофицијално послужувајќи како главен тест пред конечната одлука за членство на Хрватска во НАТО пред априлскиот самит во Букурешт.

Текст и фотографии на Антонио Прленда за Southeast European Times во Сплит и Задар -- 11/19/07

photo

Во силите беа вклучени 60 авиони, 40 бродови и шест подморници.

Во една балканска земја наречена Јаворова земја, која се граничи со Јадранското Море, една политичка партија се обидува да се отцепи и да создаде нова, независна држава. Владата бара помош од ОН во вид на мировни сили. Доведена е во прашање безбедноста на етничките и политичките малцинства, како и резервите на хемиско оружје, стратешки гас и нафта.

Ова сценарио, направено од страна на планерите на НАТО, беше почетна точка за најголемата воена вежба на Алијансата годинава. Наречена Благородниот Мида 2007, таа се одржуваше од 1-ви до 12-ти октомври и беше наменета за подготвување на ново ротирање на НАТО Силите за брза реакција (НСРБ). Оваа вежба, исто така, послужи и како еден вид тест за Хрватска, која очекува да добие покана за членство во Алијансата на априлскиот самит во Букурешт во 2008 година. Како земја домаќин, Хрватска ја искористи оваа вежба за понатамошно усвојување на стандардите на НАТО на сите нивоа, како и за да ги промовира своите воени единици за интеграција во НСРБ.

НСРБ, политичко-воени сили за операции во кризните региони во светот, се главно резултат на искуствата во неодамнешните конфликти на Балканот. На самитот на НАТО во Рига 2006 година овие сили беа прогласени за целосно оперативни со вкупно 25 000 трупи од земјите-членки. За неколку недели, од јануари 2008 година, НСРБ ќе има целосна борбена подготвеност за шест месеци. Доколку е потребно, таа ќе биде подготвена за ангажирање во рок од 5 до петнаесет дена.

За време на неговата посета на командниот брод на Француската Морнарица во Сплит, претседателот Стипе Месиќ изрази задоволство за вклученоста на Хрватска во овој настан. „За нашата воена компонента во оваа вежба слушнав само најдобри зборови“, рече тој.

Во оваа вежба беа вклучени трупи од 12 земји-членки на НАТО -- Бугарија, Франција, Германија, Грција, Италија, Холандија, Норвешка, Романија, Шпанија, Турција, Велика Британија и Соединетите Американски Држави -- како и од земјите-партнери, Албанија и Хрватска. Во силите беа вклучени 60 авиони, 40 бродови и шест подморници. Во оваа вежба беа вклучени приближно 8000 трупи, а 2000 од нив директно учествуваа во подрачјето.

photo

Хрватски пилот се подготвува за време на вежбата.

Вежбата се одржуваше во меѓународните и хрватските води на Јадранското Море, југоисточниот дел на хрватскиот остров Зирје, поморската база Лора во Сплит, воздухопловните бази Земуник и Дивуље во Задар и Сплит, воената област Еуген Кватерник во Слуњ и областа Црвена Земја во Книн. Заедно со малите хрватски групи за поморски и копнени операции, хрватските Воздухопловни Сили испратија четири борбени авиони МиГ-21, четири лесни авиони со турбопропелери и неколку транспортни хеликоптери.

Хрватскиот министер за одбрана Берислав Рончевиќ истакна дека во организацијата на вежбата беа вклучени сите владини нивоа. Вкупните трошоци изнесуваа приближно 1 милион евра, со 80 отсто од нив вратени преку таканаречената Варшавска Иницијатива на НАТО.

Поврзани написи

Loading

„Во НАТО нема да влезе само армијата, туку целата држава“, рече тој. „НАТО ја смета Хрватска за партнер и сојузник. Хрватските фирми потпишаа различни деловни договори со НАТО војските во вкупна вредност од над 1,5 милиони евра. Оваа вежба навистина претставува тест за нашите организациски способности, но истовремено и тест за интероперабилноста и компатибилноста на вооружените сили на Хрватска со вооружените сили на земјите на НАТО.

Главниот полковник на оперативниот оддел на командата на Хрватските Воздухопловни Сили Дражен Скури беше особено задоволен од вклученоста на Хрватска во силите кои им се спротивставуваа на НСРБ во вежбата, напаѓаа бродови и попречуваа операции на НАТО. На хрватските воени пилоти им беа познати сојузничките процедури од претходните билатерални вежби. Но, овој пат тие беа вклучени во мисии воздух-земја бидејќи воздушните контролори на НАТО ги насочуваа авионите од земјата. Воздушните пресретнувања во групи од два до четири авиони беа уште една нова мисија за хрватските борбени пилоти.

„Задоволни сме од нашите резултати, особено од новото искуство кое можеме да го користиме за понатамошно усвојување на стандардите на НАТО“, рече Скури.

Командантот на американската воена морнарица Џо Оверстрит беше офицер за контакт во воздухопловната база Земуник. Тој ги координираше летовите на Хрватските Воздухопловни Сили со центарот на здружената воздухопловна операција на НАТО во Грција. „Беше предизвик да се спојат десет различни земји, како и да се координира вежба од ваква големина. Имаше над 60 авиони кои летаа од 20 различни правци од шест земји. Од моја гледна точка, координацијата со Хрватска беше одлична“, рече тој.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар