10/09/2007
Анкетите укажуваат на тесна трка помеѓу владејачката Хрватска Демократска Заедница и главната опозиција, Социјал Демократите.
Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб– 10/09/07
![]() Изборите ќе бидат одржани оваа есен. [Getty Images] |
Оваа есен во Хрватска ќе бидат одржани парламентарни избори, и покрај тоа што точниот датум не е сеуште утврден. Изборот ќе биде борба помеѓу двете главни партии во земјата -- конзервативната владејачка Хрватска Демократска Заедница (ХДЗ) и левичарската опозициона Социјал Демократска Партија (СДП).
Анкетите навестуваат возбудлива и непредвидлива трка. Моментално СДП води, но со разлика помала од 3 оттсо. И двете партии, секој погрешен чекор би ги чинел скапо. И двете партии имаат намера да привлечат повеќе гласачи притоа избегнувајќи грешки.
Премиерот Иво Санадер вели дека ХДЗ ќе ги забрза реформите и ќе ја засили борбата против корупцијата за време на неговиот следен мандат. Негова главна цел за сегашниот мандат -- кој започна во 2003-та година -- беше да ја доближи Хрватска до ЕУ и НАТО. Процесот на интеграција е најзабележливата успешна област на Санадер. Хравтска стана официјална земја-кандидат за членство во ЕУ во 2004-та година, а се очекува да добие членство до 2010-та година. Земјата, исто така, очекува да се приклучи кон НАТО на априлскиот самит на Алијансата во 2008-та година.
За да напредува во обидот за членство во ЕУ, Хрватска мора да ги надмине преостанатите пречки со меѓународниот трибунал за воени злосторства. Ова беше значаен претходен тест за Санадер, бидејќи главниот незавршен проблем беше статусот на бегалец на Анте Готовина, поранешен генерал кој и покрај тоа уживаше значајна поддршка. Санадер стави до знаење дека неговата влада е подготвена да соработува со канцеларијата на главниот обвинител на ОН. Таа намера беше финализирана во 2005-та година со апсењето на Готовина на Канарските Острови.
![]() Двајцата главни кандидати за функцијата премиер се актуелниот премиер Иво Санадер и Љубо Јурчиќ од СДП. [Фото илустрација на SETimes] |
54-годишниот Санадер, исто така, ја подобри економската состојба во земјата, со стапка на раст од 4 отсто годишно. Покрај тоа, неговата влада спроведе реформи во судството и се залагаше за правата на малцинствата.
И покрај овие успеси, премиерот ќе мора силно да се бори за да ја задржи функцијата. Тој се соочува со голем предизвик од кандидатот на СДП Љубо Јурчиќ, финансиски експерт кој ја изготви економската програма на опозицијата.
53-годишниот Јурчиќ е професор по економија на Универзитетот во Загреб и беше министер за финансии од 2000-та до 2003-та година. Избран од покојниот лидер на партијата Ивица Рачан, Јуриќ се смета за амбициозен, но реален човек кој се залага за конкретни планови за подобрување на еконмијата.
Ако СДП победи на изборите, Јурчиќ ќе стане премиер. Исто така, се очекува лидерот на СДП Зоран Милановиќ да добие висока функција -- потпретседател, министер за надворешни работи или претседател на парламентот.
По поразот на СДП на изборите во 2003-та година, Рачан започна блиска соработка со Јурчиќ со цел да утврдат нова стратегија која ќе ја врати партијата на власт. Во тоа време, Јурчиќ не беше член на партијата, туку независен симпатизер. Тој стана член на СДП по смртта на Рачан во април, бидејќи партијата влезе во нова политичка ера. Со цел да ја потпомогне неговата кандидатура, Јурчиќ изготви план за зголемување на националниот приход и за забрзување на имплементацијата на приоритетните економски реформи.
![]() Покојниот лидер на СДП Рачан работеше со Љубо Јурчиќ на нова стратегија за партијата. [Getty Images] |
Планот на СДП има за цел да го зголеми индустрискиот раст од сегашните 4 отсто на 8 отсто во првата година од нејзиниот мандат. Ова би ги поттикналои другите сектори кон раст , со што БДП би се зголемил на 6 отсто по 12 месеци. Заедно со порастот на домашното производство, вели Јурчиќ, ќе дојдат поголеми плати, пензии и дивиденди.
Партијата, исто така, ветува финансирање на развојот на инфраструктурата во другите делови од Хрватска, на тој начин поттикнувајќи ги луѓето да дојдат да работат во помалите градови. Исто така, ќе бидат направени регулирања на даночниот систем, со нови даноци на имотот и капиталните добивки.
Покрај Санадер и Јурчиќ, уште два кандидати ќе се борат за функцијата премиер. Радимир Чачиќ од центролевичарската Хрватска Народна Партија (ХНП) ја започна својата кандидатура на почетокот од годинава, воведувајќи кампања „од врата до врата“ во земјата. Чачиќ сакаше да ги обедини политичката левица и центарот, но неговиот предлог не беше прифатен од „стриот брат“ на партијата на политичката сцена, СДП. Тие сакаа да имаат свој кандидат и да бидат ослободени од коалиции пред изборите. Кон десницата, лидерот на националистичката Хрватска партија за правата Анто Ѓапиќ, исто така, ќе учествува во изборната трка.
Хрватскиот претседател Стипе Месиќ нема да поддржи ниту еден од кандидатите, велејќи дека неговата политичка положба треба да биде непристрасна и неутрална.
Додека јавноста сеуште очекува дефинитивна одлука за датумот на изборите, деталите за гласачкиот систем се веќе добро познати. Има десет изборни единици во Хравтска кои се базираат врз географијата и населението. Во секоја единица, 14 кандидати се избираат врз основа на пропорционалниот изборен систем. Изборниот минимум е 5 отсто. Парламентот ќе има осум кандидати кои ќе ги претставуваат националните малцинства.
Без оглед на исходот, изборите ќе бидат внимателно набљудувани од страна на меѓународната заедница. Хрватска, која се наоѓа на граница на приклучување кон двете најголеми евро-атлантски тела, се очекува да одржи слободни и фер избори.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's