Дебатата околу Медитеранска Унија се вжештува во Европа

13/08/2007

Дали целта на предлогот на францускиот претседател Николас Саркози е само попречување на обидот на Турција за влез во ЕУ или пак издржување на ветувањето за поголема ангажираност на ЕУ во земјите околу Медитеранот?

Од Ајхан Шимшек за Southeast European Times -- 13/08/07

photo

Економска заедница на земјите околу Медитеранот -- долж границите на првобитната ЕУ -- е основа на планот. [Getty Images]

Францускиот претседател Николас Саркози, кој отворено се спротивстави на членството на Турција во ЕУ, предложи формирање на Медитеранска Унија како алтернатива. Таа ќе ги собере земјите од Европа, Средниот Исток и Северна Африка кои се наоѓаат околу Медитеранот во една економска заедница долж границите на првобитната ЕУ. Предлогот стана предмет на жешка дебата низ Европа и пошироко.

Идејата за Медитеранска Унија не е нова; таа циркулира низ европските земји повеќе од една деценија. Но, Турција никогаш не беше главна тема на дискусиите -- вниманието е насочено кон решавање на проблемите со приливот на имигранти во Европа и зголемениот исламистички екстремизам во афричките и арапските земји во регионот. Критичарите велат дека Саркози бара само погоден изговор за да ги елиминира обидите на Турција, како и на другите земји-кандидати на Балканот, за членство во ЕУ.

Сепак, тој доби поддршка. Гласна поддршка пристигна од претседателот на Египет, Хосни Мубарак. „Лично, јас мислам дека тоа е одличен предлог кој треба да биде разгледан“, изјави за новинарите Мубарак по средбата со Саркози во Париз. „Ние ... сеуште размислуваме за оваа иницијатива. Се надеваме дека ќе успее; и мислиме дека, исто така, е во интерес на земјите од Северна Африка и Европа“, рече тој.

Уште една клучна земја-членка на ЕУ, Шпанија, овој месец изненади со свој сопствен предлог за Медитеранска Унија. „Дојде моментот ... да изградиме вистински геополитички простор преку формирање на Медитеранска Унија“ напиша шпанскиот министер за надворешни работи Мигел Анхел Моратинос во Eл Паис.

Вклучувајќи ги земјите членки на ЕУ и медитеранските земји, Унијата би имала совет на шефовите на државите и влада кои би поставиле стратешки политички инструкции, совети на министри, Постојана Комисија која би делувала како секретаријат, зајакнато парламентарно собрание, па дури и своја банка, рече Моратинос.

Ваквата организација може да одигра клучна улога во регионот за решавање на предизвиците почнувајќи од еколошките прашања па се до имиграцијата, рече тој.

Некои го протолкуваа предлогот на Шпанија како доказ дека Мадрид се откажува од долготрајната поддршка на обидот на Турција за членство во ЕУ. Но, дипломатите го изнесоа својот став во врска со ова истакнувајќи дека Шпанија не ја гледа Медитеранска Унија како алтернатива за членството во ЕУ. Шпанија, објаснија тие, традиционално го поддржува зајакнувањето на медитеранската димензија на ЕУ, а предлогот на Моратинос беше во согласност со тој став.

photo

Некои го оценуваат предлогот на францускиот претседател Николас Саркози како обид за да ја одалечи Турција од членство во ЕУ. [Getty Images]

Иако Франција и Шпанија можеби се согласуваат за општата идеја за регионална унија, се чини дека имаат различни ставови за деталите. Шпанија ја гледа како продолжување на Процесот од Барселона -- политиката на ЕУ кон медитеранските држави.

Евро-медитеранското партнерство од Барселона, создадено во 1995-та година на врвот на израелско-палестинскиот мировен процес, го пратеше неуспехот за решавање на арапско-израелскиот конфликт. Целите опфаќаа промовирање на политичка, економска и културна соработка, поддршка на политичките и економските реформи во регионот и создавање на слободна трговска зона до 2010-та година. Меѓутоа, диктаторските влади во јужен Медитеран досега не покажаа голем интерес за политичките и економските реформи -- всушност, тие избегнуваат блиска соработка.

Шпанија вели дека нејзиниот план се стреми кон надминување на недостатоците на Барселонскиот процес, како и да помогне ЕУ да стане поангажирана во регионот. За разлика од тоа, некои го сфаќаат предлогот на Саркози како обид на Франција за зголемување на своето влијание во Медитеранот со тоа што ќе ја ограничи Унијата на крајбрежните држави, на тој начин исклучувајќи ги своите ривали од ЕУ од проектот.

„Мислам дека идеите на Саркози се крајно проблематични ... ако ги сфатите сериозно“, вели Мишел Емерсон, висок соработник истражувач на Центарот за европска политика. Додека ЕУ би можела да размислува за поделба на својата Соседска политика на источни и јужни гранки, форсирањето на еднапосебна Медитеранска Унија ќе предизвика големи проблеми, тврди таа.

„Саркози предлага некои други механизми кои би биле за медитеранските крајбрежни земји, само за крајбрежните земји ... ова ќе предизвика навистина голем хаос во ЕУ. Ова во суштина би значело рушење и уништување на Соседската политика и на Процесот од Барселона“, вели Емерсон. „Исто така, ова ќе доведе до ослабување на многу практични средства на надлежностите на ЕУ, на пример во трговската политика, политиката на помагање, правдата и внатрешните работи... за сите овие работи низ Медитеранот постојат утврдени механизми во рамките на надлежностите на ЕУ.

Од друга страна, францускиот историчар и писател Александар Адлер ја оценува Медитеранската Унија како најзначен можен дел на француската дипломатија. Во написот во Ле Фигаро, тој предвидува дека таа ќе го трансформира Процесот од Барселона на ЕУ, ќе промовира соработка помеѓу магребските земји и ќе стави крај на долгите ривалства.

Поврзани написи

Loading
photo

„Дојде моментот ... да изградиме вистински геополитички простор преку формирање на Медитеранска Унија“, рече шпанскиот министер за надворешни работи Мигел Анхел Моратинос. [Getty Images]

„Новиот механизам имплицитно укажува на тоа дека разните географски сектори од муслиманскиот свет се дел од пошироки области, кои тие ги делат со оние што не се Муслимани“, рече тој, додавајќи дека Унијата би можела дури и да помогне за решавање на израелско-палестинскиот конфликт.

Меѓувремено, Анкара не го исклучи учеството, но истакна дека Медитеранската Унија не би била прифатлива алтернатива за нејзиниот обид, кој трае 44 години, да стане членка на ЕУ. Турските претставници побараа поконкретен предлог од Саркози.

Турција беше официјално призната за земја-кандидат за членство во ЕУ во 1999-та година. Се очекува преговорите за членство, кои започнаа пред две години, да траат уште најмалку едена деценија.

Спротивставувањето на Франција на членството на Турција придонесе -- заедно со некои други прашања, како што е спорот со Кипар -- за забавување на процесот. Ако ништо друго, дискусијата за Медитеранска Унија барем повторно го сврти вниманието кон еволутивниот однос на Турција со блокот во кој сака да пристапи. Дали ќе се покаже како корисна можност за дискусија или како извор на омраза останува да се види.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар