Планот на Ахтисари -- што има во него?

21/05/2007

Дипломатската борба околу планот на Марти Ахтисари за Косово ги фрли во сенка вистинските детали, пишува Роберт Остин, професор на Универизтетот во Торонто. Со прегледување на деталите, Косовските Албанци би виделе дека треба да преземат сериозни обврски, додека пак Косовските Срби би виделе потенцијални добивки за нивната заедница.

Од Роберт С. Остин за Southeast European Times – 21/05/07

photo

Целта на планот на поранешниот фински претседател Марти Ахтисари за Косово е да ја направи покраината мултиетничко општество. [Getty Images]

Бидејќи дипломатското натегање околу планот на поранешниот фински претседател Марти Ахтисари за Косово продолжува, релативно мало внимание се обрнува на вистинската содржина на документот. Во Косово, а и во секое друго место, Вниманието е насочено кон фронталниот дел од предлогот -- делот во кој Косово добива право на знаме, химна и, најважно, право да склучува меѓународни договори, како и да бара членство во меѓународните институции.

Помалку се зборува за навистина монументалните задачи вклучени во пакетот на Ахтисари. Не е сигурно дали најголемиот број луѓе на улиците, било во Приштина или Северна Митровица, имаат јасна слика за тоа што ќе следи по „денот на независноста“.

Пред се, целта на предлогот на Ахтисари е да го направи Косово мултиетничко општество. Ова значи дека за неалбанските заедници се предвидени големи права. Иако над 90 отсто од Косово го сочинуваат Албанци, заедниците на српското, ромското, ашкалското, горанското, египќанското, турското и босанското малцинство добија огромно влијание во сите сектори. На кратко, Ахтисари замислил една асиметрична држава.

Секој со сигурност може да претпостави дека во новото Косово малцинствата ќе имаат клучна улога во формирањето како на владата, така и на владината политика. Исто така, вредно е да се напомене дека предлозите на Ахтисари за правата на заедниците не се појавија одненадеж. Тие веќе беа во преговарачкиот пакет на Косовските Албанци за директните преговори во Виена.

Како прв чекор, Косово ќе мора да усвои устав во кој ќе бидат опфатени многу аспекти од пакетот на Ахтисари. Мора да биде формирана уставна комисија која ќе биде составена од 21 член, од кои тројца треба да бидат од српската заедница и тројца од другите заедници на малцинствата. По одобрувањето на уставот од страна на постоечкото Собрание во Косово, мора да бидат одржани нови избори во рок од девет месеци.

photo

Косовските Албанци се обврзаа на значителни обврски според предложениот план. [Getty Images]

Новиот изборен систем позајмува многу од она што веќе беше, но има и некои значајни измени. Се уште има 120 пратенички места базирани врз пропорционална застапеност. Овде голема разлика е тоа што партиските листи ќе бидат отворени -- досега тие беа затворени, на незадоволство на многу граѓани. Дваесет пратенички места се резервирани за неалбанските заедници -- десет за српската заедница и десет за останатите заедници. За првите два изборни мандати овие се бараните минимуми. Секое пратеничко место добиено на изборите е плус на резервираните места.

Правилата на новото собрание, исто така, вклучуваат различни правила на мнозинско гласање. Одредени правни измени ќе налагаат не само мнозинство во Собранието, туку и мнозинство на пратениците кои ги претставуваат заедниците на малцинствата. Во суштина, за секоја голема измена ќе биде потребно сечие одобрување. Во новиот кабинет мора да има еден српски министер и еден министер од другите заедници на малцинствата. Истото правило важи и за замениците-министри. Ако кабинетот има над 12 члена, тогаш зедниците на малцинствата добиваат уште еден министер и еден заменик-министер.

Секоја измена на уставот во иднина бара одобрување од две третини од пратениците, како и две третини од пратениците кои ги застапуваат заедниците на малцинствата. Истото правило важи и за судскиот систем. Врховниот Суд во Косово мора да има најмалку 15 отсто судии кои ќе ги застапуваат заедниците на малцинствата.

Надвор од институциите на државно ниво, малцинствата повторно добија големи права на локално ниво. Целосен пристап на школување на било кој официјален јазик на Косово (албански и српски), како и слободна употреба на државните симболи, јазикот и азбуката. Онаму каде зедниците на малцинствата сочинуваат најмалку 10 отсто од населението, местото на потпретседател на општинскиот совет му припаѓа на претставник од заедниците на малцинствата. Каков што е случајот со Охридскиот Рамковен Договор, државната администрација на сите нивоа мора да го рефлектира мултиетничкиот карактер на косовското општество.

Сепак, најпресудна област е децентрализацијата. Потенцијално, ова е најголемата пречка за Албанците, бидејќи пакетот на Ахтисари ссоздава една доста децентрализирана држава со голем број на нови општини со цел да се задоволат барањата на Србите. На пример, Северна Митровица ја добива контролата врз високото образование и здравствената заштита. Истото важи и за другите општини во кои доминира српското население. Училиштата во кои наставата се држи на српски јазик имаат право да користат учебници од соодветните министерства во Србија.

Предвидено е силно присуство на меѓународната заедница, но многу аспекти од ова се уште не се разработени. Како во Босна и Херцеговина, според планот огромна власт му е доделена на Меѓународниот цивилен претставник (МЦП) кој, исто така, е специјален претставник на ЕУ. Моќта на МЦП може лесно да се протолкува: тој/таа е краен авторитет за имплементација на пакетот. МЦП е оној кој ја прави разликата помеѓу независност и контролирана независност.

photo

Силно меѓународно присуство се очекува на Косово во блиска иднина. [УНМИК]

Предлогот на Ахтисари прави повеќе отколку што создава едно квази-независно. Тој понуди рамка за друга фаза во еволуцијата на Косово. Се чини дека оваа фаза треба да трае подолг период, во надеж дека додека дојде вистинската независност, работите во регионот ќе го направат овој вид на решение поприфатливо.

Под обновената и потенцијално построгата контрола, заедниците на Косово сега мора да докажат дека можат да одржат ена мултиетничка држава. Многу зависи од политичката волја и ентузијазмот на албанското мнозинство да остане посветено на визијата на Ахтисари. Но, исто така, зависи и од неалбанските заедници да ги остварат власта што им е доделена. Доколку не успеат да го направат тоа, вината не треба да им се префрли на Албанците.

Досегашните реакции на планот укажуваат дека и двете страни треба да потрошат повеќе енергија разгледувајќи ги деталите -- како што вели поговорката, ѓаволот е во деталите. Медиумите во Косово целосно се фокусирани врз крајот, како и врз дипломатската разврска со Србија и Русија. Малку се зборува за тоа како да се оди напред потоа. Во исто време, српската заедница на Косовом има можност да размисли како да го искористи предлогот на Ахтисари во своја полза. Секој кој вели дека Косово е изготвено само за да стане уште една албанска држава на Балканот не го има добро прочитано планот.

Јавна кампања, особено од страна на албанските власти на Косово, би и помогнала на јавноста да сфати што се очекува што се однесува до фазата на спроведувањето. Со прифаќање на пакетот, албанското мнозинство прифаќа огромна група на обврски кои ќе бидат скапи, предизвикувачки и се на се не пријатни. Политичката волја и една информирана популација ќе бидат решавачки доклку Косово сака да оди напред.

Роберт С. Остин предава историја и политика на Југоисточна Европа во центарот за меѓународни студии Манк на Универзитетот во Торонто.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading