Турција: од претседателска криза до нова политичка сцена?

14/05/2007

Неуспешните претседателски избори во Турција предизвикаа две случувања без преседан, кои би можеле драматично да ја изменат политичката сцена.

Од Ајхан Шимшек за Southeast European Times во Анкара – 14/05/07

photo

Приближно еден милион луѓе се собраа на улиците за одбрана на секуларизмот и против претседателската кандидатура на министерот за надворешни работи Абдула Ѓул. [Getty Images]

Владејачката партија во Турција, Партијата за правда и развој (АКП), доживеа голем пад заради недоразбирањето со секуларниот естаблишмент во земјата. Партијата, која има корени во политичкиот Ислам, сега презема чекори за измена на уставот и воведување на една значајна промена: директен избор на претседателот преку општонародно гласање.

Истовремено, во уште еден неочекуван настан, партиите од опозицијата од центарот ги оставија зад себе недоразбирањата и ги здружија силите со цел да ја спречат АКП да ги добие следните парламентарни избори. Оваа тенденција води кон поостра поларизација во турската политика, како и кон обновени тензии помеѓу владата и секуларистите.

Актуелната политичка криза избувна на 24-ти април кога АКП, која има големо мнозинство во парламентот, го најави министерот за надворешни работи Абдула Ѓул за свој претседателски кандидат. Изборот беше изненадување, бидејќи се очекуваше претседателски кандидат да биде премиерот Реџеп Тајип Ердоган, а изгледаше како АКП да се обидува да ги намали стравувањата на секуларистите. Тоа не успеа. Речиси еден милион луѓе се собраа на улиците да протестираат против кандидатурата на Ѓул. Партиите од опозицијата го бојкотираа првиот круг од гласањето во парламентот, ускратувајќи му го потребниот кворум на Ѓул. Турската војска се замеша, предупредувајќи дека ќе го брани секуларизмот и обвинувајќи ја владата дека го толерира радикалниот Ислам.

Реакцијата на АКП беше без преседан. Владата јавно ја прекори војската за нејзината изјава, побара предвремени избори и иницираше големи уставни измени со цел претседателот да се избира преку општонародно гласање. Ѓул, кој двапати не успеа да собере кворум, ја повлече својата кандидатура, но рече дека ќе биде кандидат на АКП во народното гласање.

Според Фарук Логолу, директор на Евроазискиот центар за стратешко истражување, последните политички нереди претставуваат борба во развојот на демократијата. Како што укажува тој, постои поголема веројатност кризата да го зајакне демократскиот систем отколку да го ослабне.

„На некој начин, демократијата во Турција не е доволно развиена, во споредба со европските, но ова е процес. Последниот чекор на војската во политиката јасно ги покажува пропустите во механизмот на проверка и рамнотежа на турската демократија“, вели Логолу. „Секако, од либерална и демократска гледна точка, последниот потег на војската е неисправен. Но, би било погрешно да се критикува само војската. Владејачката АКП, исто така, направи значајни грешки.“

На пример, критичарите велат, АКП погреши бидејќи се потпре на апсолутното мнозинство што го ужива во парламентот, наместо да побара консензус помеѓу политичките групи.

photo

Турскиот министер за надворешни работи одржува меѓупартиски преговори со цел да го оживее центризмот како политичка сила. [Getty Images]

АКП е на власт во Турција од 2002 година. Таа ги предводеше политичките и економските реформи и ја убеди ЕУ да започне преговори за членство, по повеќе од 40 години откако Турција за прв пат изрази желба да се приклучи кон Унијата. Но, таа исто така поттикна секуларни немири со постапките очигледно насочени кон проширување на улогата на религијата. Таа наложи да биде укината забраната за носење на шамии во училиштата и владините канцеларии, како и побара прељубата да биде кривично дело. Некои општини кои ги води оваа партија презедоа чекори за да се забрани конзумирањето алкохол.

Претседателот во заминување Ахмет Неждет Сезер е предан секуларист. Во изминтаиве пет години, тој одигра значајна улога во одржувањето рамнотежа помеѓу жестоко секуларната војска и владата со вкоренети исламистички верувања. Сезер стави вето на неколку закони заради нарушување на принципот на секуларизмот и на назначувањето на најмалку 350 функционери наклонети кон Исламот на клучни функции.

Политичкиот систем во Турција е парламентарна демократија каде власта главно ја има владата. Но, претседателот може да стави вето на законите по нивно првично усвојување од страна на парламентот, а потоа има право да поднесе жалба до Уставниот Суд за законот на кој му се противи. Тој, исто така, назначува гувернери, амбасадори, шефови на полицијата, шефови на оддели во министерствата како и нивни заменици, високи судии, членови на Комисијата за високо образование, ректори на универзитетите и директор на централната банка. Тој е врховен командант на вооружените сили. Војската, судовите и универзитетите во Турција традиционално се бастионите на секуларизмот.

Имајќи ја предвид оваа значајна улога на претседателот, реакцијата на кандидатурата на Ѓул не е изненадувачка. АКП веќе го контролира парламентот и владата. Ако го добие и претседателството, партијата би ги држела сите клучни сектори на власта. Турција би била, практично гледано, под власта на една партија.

Секуларистите на ја поздравија идејата за директен избор на претседателот, гледајќи на овој потег на АКП како на уште една закана за механизмот на проверки и рамнотежа. Влијателната бизнис асоцијација ТУСИАД предупредува дека ваквите промени треба да бидат воведени единствено по општите избори, по опширна дискусија и консензус помеѓу сите партии.

„Парламентарниот систем во нашата земја е резултат на историски процес. Обидот да се измени суштината на овој систем ќе го отвори патот за нестабилност во нашиот политички систем,“ се вели во едно соопштение на групата.

Како реакција на обидот за доминација на АКП, политичката слика претрпува големи прегрупирања. Две партии поблиски до десницата, Партијата за вистински пат (ДЅП) и Партијата за татковината (АНАП), постигнаа договор за спојување, ветувајќи дека ќе го „реконструираат политичкиот центар“. Партиите од центарот уживаа околу 80 отсто поддршка на изборите во 1980-тите и 1990-тите години, но оваа бројка оттогаш падна на 20 отсто. Всушност, поделбата на секуларниот електорат овозможи АКП да зграпчи две третини од пратеничките места во парламентот, и покрај тоа што освои само 34 отсто од гласовите.

photo

АКП погреши бидејќи се потпре на апсолутното мнозинство што го ужива во парламентот, наместо да побара консензус помеѓу политичките групи, велат критичарите. [Getty Images]

Во Турција партиите мора да освојат минимум 10 отсто од гласовите за да добијат претставник. Само АКП и Републиканската Народна Партија (ЦХП) успеаа да го поминат овој праг, додека пак останатите 45 отсто од гласовите беа поделени помеѓу 17 партии, од кои ниту една не влезе во парламентот.

Новиот сојуз на партиите поблиски до десницата претставува закана за АКП бидејќи тој би можел да ги одвои урбаните гласачи од средната класа кои ги поддржуваат економските реформи на владата и европски ориентираната политика, но се загрижени за скриена „исламска агенда“.

Од партиите поблиски до левицата, ЦХП вели дека начелно се согласува да вклучи кандидати од малата Демократска Левичарска Партија (ДСП) на својата изборна листа. Овој потег следеше по огромните демонстрации во Анкара и Истамбул во кои илјадници демонстранти повикаа на единство.

Поврзани написи

Loading

Хикмет Четин, поранешен министер за надворешни работи на Турција и високо ценета личност меѓу партиите поблиски до левицата, вели дека пораката на масите е јасна.

„Не велам дека овие барања се насочени само кон партиите од левицата. Луѓето се навистина фрустрирани од политиката на АКП. Тие не ги сметаат актуелните актери во опозицијата за компетентни. Тие бараат сериозна алтернатива“.

Четин сега одржува серија на неформални преговори со други истакнати личности од партиите поблиски до левицата и десницата, меѓу кои и поранешниот премиер Месут Јилмаз и поранешниот претседател Сулејман Демирел.

Сепак, според политичкиот аналитичар Ерхан Гоксел, поларизацијата во турската политика сега е толку длабока што обидите да се спаси центарот може да не успеат или пак да имаат ограничено влијание. Исламистите и конзервативците ќе продолжат да се собираат околу АКП, тврди тој, додека пак либералите и секуларистите нема да имаат друг избор освен да положат надеж во ЦХП. Другите партии, дури и ако ги здружат силите, можат повторно да се најдат отсечени.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар