Балканското биогориво е на видик

21/08/2006

Земјите од Југоисточна Европа размислуваат за иднината на биогоривото. Можат ли Бугарија, Романија или Србија да станат следното „бразилско чудо“?

Од Ѓорѓи Митев-Шантек за Southeast European Times во Белград -- 21/08/06

photo

Поради зголемувањето на светските цени на нафтата, некои балкански земји покажаа интерес за биодизел-горивото. [Гети Имиџис]

Заради покачувањето на светските цени на нафтата, земјите од Југоисточна Европа разгледуваат дали можат да ја намалат зависноста од оваа стока. Домашните, како и странските инвеститори во Бугарија, Романија и Србија започнаа со изградба на погони за производство на алтернативни горива.

До неодамна, можноста за користење на биодизел-горивото како моторно гориво беше гледана со потсмев на Балканот, но не повеќе. Горивото кое се добива од индустриските растенија, главно од семето на репката и сончогледот, станува значајна инвестиција. Според одредбите на ЕУ, најмалку 2 отсто од дизел-горивото на пазарот годинава мора да биде од растително потекло, со годишно зголемување на уделот на пазарот од 0,75 отсто до 2010 година.

Романците први ја започнаа борбата за удел на пазарот, како во земјата така и низ Европа. Романија сега произведува три милиони тони биодизел-гориво годишно. Португалската фирма Мартифер гради погон за производство на биодизел-гориво во Лехлиу Гара во областа Каларази. Проектот вреден 47 милиони евра ќе биде завршен до 2007 година. Се планира значителен капацитет, до 100 000 тони биодизел-гориво годишно - една третина од потрошувачката на еколошко гориво во Романија. Ова ќе отвори работа и за земјоделците бидејќи ова колилчество гориво бара обработка на 50 000 хектари земјиште.

Вториот проект, вреден 133 милиони евра, го води МАН Феростал, оддел на германската фирма МАН. Тие градат индустриски капацитет во Ател и Лоамнес, во областа Сибиу, кој се очекува да прозиведува 400 тони гориво дневно од 120 000 хектари до 2008 година.

На крај, нафтената компанија Ромпетрол исто така се надева на дел од колачот, со годишно производство на 60 000 тони во 2007 година.

Во соседна Бугарија, локалниот производител на гориво ЕКО Петролеум соопшти дека следната година ќе започне со изградба на погон за биодизел-гориво во Видин, во североисточниот дел од земјата. Се очекува овој индустриски капацитет да чини околу 60 милиони евра. До 2008 година се предвидува во него да се произведуваат 150 000 тони биодизел-гориво годишно, од 400 000 тони семе од репка која се одгледува на 250 000 хектари земја.

photo

Биогоривото се добива од семето на репката. [Гети Имиџис]

Во меѓувреме, Србија планира да ја изгради својата прва фабрика идната година. Домашниот производител од секторот за растителни масла, Викторија Груп од Шид во Војводина планира да изгради фабрика вредна 15 милиони евра која ќе произведува 100 000 тони биодизел-гориво годишно од семе од репка, соја и сончоглед. Всушност, Србија не е почетник во областа на биогоривата. Во 1995 година, за време на санкциите, Земјоделската корпорација во Белград, која го храни српскиот главен град, произведуваше околу 10 000 тони биогориво. Сепак, српската држава се уште не е вклучена во ова.

Важноста на уделот на државата може да се види од примерот на Бразил. За време на првата нафтена криза во светот во 1973 година, кога цената на нафтата се зголеми четирикратно, Бразилците почнаа да бараат решение. Увезувајќи 80 отсто од нивното гориво, како што е случај со Балканот денес, тие трошеа половина од државните приходи на оваа стока. За да го избегне ова, земјата започна проект за замена на бензинот со етанол кој се добива од шеќерна трска.

Годинава, благодарение на таа одлука, Бразил ќе се прогласи себе си за независна од увозот на нафта. Со производство на 3,6 милијарди галони етанол и 600 милиони извоз, Бразил покрива половина од светскиот пазар. На нивниот домашен пазар седум од десет автомобили користат етанол, кој чини само една третина од бензинот. Тие го воведуваат етанолот дури и во авионската индустрија.

Поврзани написи

Loading

Во време кога цените на нафтата се повторно извор на загриженост во светот, бразилското чудо привлекува поголемо внимание од било кога. Во Соединетите Американски Држави, каде етанолот се произведува од пченка, во тек се планови за зголемување на производството. Американското истражување за зголемување на рентабилноста би можело да биде од значителен интерес за балканските земји, бидејќи производството на етанолот од пченката е за 30 отсто поскапо од производството од шеќерната репка.

Земјите од Балканот несомнено се во позиција да произведуваат пченка. Романија веќе произведува околу 10 милиони метрички тони годишно, Србија 6,3 милиони тони, а Хрватска 2,2 милиони тони. Можностите за одгледување се далеку поголеми.

Бразилскиот пример покажува дека владите мора да бидат оние кои ќе ја воведат употребата на етанол, бидејќи првата фаза е секогаш економски нерентабилна. Земјоделците треба да бидат поттикнати да одгледуваат пченка, семе од репка и други суровини. Владите мора да ја финансираат експанзијата на мрежата на бензински пумпи со ова ново гориво, а мора и да побараат државните институции да користат возила на биодизел-гориво или етанол.

Следниот чекор е даночно олеснување за употребата на „еколошки“ возила, проследено со квоти за користењето на биолошки горива. Што ќе се случи кога се ова ќе се собере? Филијалата на Фолксваген во Бразил може да даде одговор на ова прашање. Минатата година таа беше домаќин на над 38 делегации од 15-ина земји, сите заинтересирани за возила кои можат да користат повеќе видови горива.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар