07/08/2006
Колку и да е значајно решавањето на прашањето за конечниот статус на Косово, тоа само нема да ги реши итните прашања со кои се соочува покраината или да гарантира една стабилна иднина, пишува Роберт Остин, професор на Универзитетот во Торонто.
Од Роберт Ц.Остин за Southeast European Times – 07/08/06
![]() Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу (десно) и претседателот на собранието на Косово Коле Бериша (лево) разговараат со новинарите по нивното враќање од преговорите за статусот, одржани во Виена минатиот месец. Многу политичари од покраината прво се фокусираат врз статусот, а потоа врз економијата. [Лаура Хасани] |
Со разгорувањето на преговорите за конечниот статус на Косово, шансите за економска одржливост стануваат едно значајно прашање. Без оглед на исходот од преговорите, создавањето на една одржлива економија е критично. Од интервенцијата на НАТО во 1999-та година, најголем дел од луѓето ќе ви кажат дека главниот производ на Косово е политиката. Доколку погледнеме внимателно во трговскиот биланс на Косово ќе видиме 1,1 милијарди евра во вкупната трговија, а само 42 милиони евра се во извоз. Дебалансот главно се должи на потрошувачката на меѓународната заедница и уште позначајните испраќања на пари во татковината од страна на секогаш вредната косовска дијаспора, која испраќа околу 600 милиони евра годишно. Во активата, многуте увози и даноци кои одат со нив покажуваат дека царинските приходи достигнуваат 70 отсто од буџетот.
Со исклучок на Ветон Сурои, претседател на партијата Ора, многу малку политичари алудираат на овие серизони економски прашања. Мантрата во Приштина е едноставна – прво статусот, а после економијата. Во суштина, ништо не е поважно од независноста. Ова е во расчекор со реалноста. Ако народот можеби веруваше во тоа во 1999-та година, сега веќе не верува. Во една земја на политика и ништо друго освен политика, косовските полтичари немаат силни врски со своите гласачи кои бараат карта за просперитет по завршувањето на преговорите.
Тоа не значи дека народот на Косово не мисли дека прашањето за статусот е критично, само дека до сега тие се убедени дека е неизбежен еден вид на независност и дека сакаат нивните лидери да преминат на следниот проблем. Во меѓувреме, Србија и понатаму се противи на незвисноста. Но, никој во Белград не објаснува како ќе може земјата да си ги дозволи плаќањата на трансфер на капитал потребни за да се одржи Косово во живот и како дел од Србија.
Едно нешто е сигурно. Според анкетите на Индекс Косова со седиште во Приштина, луѓето знаат дека главен проблем всушност е невработеноста. Тие не се толку наивни за да мислат дека независноста ќе доведе до итно решение. Косово прикажува неверојатни и вознемирувачки бројки. Невработеноста изнесува 44 отсто. Околу 47 отсто од луѓето живеат во сиромаштија, а од нив 13 отсто во крајна сиромаштија. Дури и да се земат предвид вработувањата на црно, ситуацијата не изгледа добро. Не помалку од 30 000 луѓе се регистрираат на пазарот на работна сила секоја година, но со малку можности. Само треба да се погледне на улиците во Приштина, каде социјалните немири претставуваат вистински проблем, за да се види влијанието на невработеноста на младите.
![]() Невработен Косовски Албанец чека на една од главните крстосници во Приштина надевајќи се дека ќе најде привремена работа. Невработеноста е еден од главните проблеми во покраината. [Гети Имиџис] |
Кога се ќе се собере, каква е иднината на Косово? Балканот изобилува со верувања. Многумина на Косово веруваат во огромните минерални богатства – особено во рудникот Трепча. Наводно, самиот тој може да го одржи местото. И покрај тоа што природните ресурси можат да се извор на долгорочна економска одржливост, немањето на странски инвестиции значи дека во блиска иднина, тие не се од голема помош.
Косово се соочува и со други сериозни проблеми, а некои од нив би можеле да се решат се решавање на конечниот статус. Актуелната двосмисленост значи дека Косово не може да добие сериозни заеми од меѓународните финансиски институции како резултат на тоа што не може да потпишува независни гаранции. Инвеститорите, исто така, се држат настрана заради ова, како и заради лошиот имиџ на покраината. Косово доби одредени ловорики со студијата на УСАИД, според која покраината ја има една од најпријателските бизнис клими во Источна Европа. Сепак, директните странски инвестиции се претерано мали заради правниот систем, корупцијата, повисоките плати се една помалку квалификувана и образована работна сила од останатиот дел од регионот, како и една дотраена инфраструктура.
Големите старнски инвеститори имаат право да искажат загриженост кога ќе научат дека ако сакаат да останат во производството, прво ќе треба да се осигураат дека купиле доволно генератори бидејќи Косово сеуште има сериозни проблеми со доставата на електрична енергија. Претпријатието за електрична енергија се соочува со огромни долгови, а плаќањето на сметките е непостојано. Покрај тоа, некои од клучните претпријатија сеуште не се приватизирани, како резултат на дилемите во однос на нерешениот статус.
Голем проблем, според еден неодамнешен извештај на канцеларијата на УМНИК, е влијанието на неизбежното намалување на мисијата на ОН. Досега, би било тешко да не се заклучи дека приливот од испратени пари и, уште позначајно, парите од меѓународната заедница ја потпомагаат економијата на Косово. Стапките на економски раст на Косово беа лоши како резултат на намалувањето на финансиската помош во периодот по конфликтот и по фазата на реконструкција.
![]() Многумина во Косово веруваат дека рудникот Трепча може да ја одржи економијата во покраината. [Гети Имиџис] |
Според извештајот, од нејзиното формирање во 1999-та година, УМНИК потрошила 2,6 милијарди евра на персонал, стока и услуги на Косово ( најверојатно и останатиот дел од меѓународните сили потрошил толку), а тоа би можело да го зголеми БДП на Косово за 9 отсто. Според меѓународната кризна група УМНИК формирала државна администрација која брои 70000 луѓе додека пак Словенија, земја со еднаков број на жители, има само 20000 државни службеници. Секое намалување, или делумно намалување, на присуството на УМНИК на Косово ќе има неколку спротивни ефекти. Прашање е како да се ублажат, колку што е можно, тие ефекти особено кога економијата е толку слаба и зависна.
Всушност, Косово сеуште не ја има започнато својата транзиција кон една пазарна економија. Се стравува дека кога транзицијата навистина ќе започне, Косово би можело да ги следи стапките на соседна Албанија која беше сведок на досега најмачната „напред-назад“ транзиција како резултат на, меѓу другите нешта, претераната поларизираност, исполитизираност и чистата кусогледост кај албанската елита.
Сепак, вестите не се толку лоши. Како што е констатирано, постигнат е успех во наплаќањето на пограничните, како и локалните даноци. По конфликтот, косовското општество покажа вистинска динамичност при обновувањето. Конечниот статус не само што ќе овозможи завршување на последниот останат проблем на Балканот, туку ќе наметне еден вид на нормализирање на политичкиот живот како во Приштина, така и во Белград. И во двете места политичарите го задржуваат вниманието на една работа – независноста на Косово. Едните велат да, а другите не. За да се постигне решение потребна е ненадејна и добредојдена промена на начинот на кој работат лидерите бидејќи времето на жртвени јарци треба да заврши. Тоа значи дека политичарите ќе имаат многу потешка работа бидејќи нивните гласачи во Косово и Србија во суштина го очекуваат истото: стабилност и ветување дека нештата ќе се подобрат.
Роберт Ц.Остин предава историја и политика на Југоисточна Европа на во центарот Манк за меѓународни студии на Универзитетот во Торонто.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's