Напредок во реформите во одбраната во Србија-Црна Гора

13/02/2006

Србија-Црна Гора постигна конкретни резултати во обидот да го преструктуира системот на одбраната. Времетраењето на воениот рок, како и на цивилното служење, е намалено со цел да се намалат трошоците. Повеќе агенции се споени и ставени под контрола на министерството за одбрана. Непотребните воени имоти се распродаваат. Донесена е законска рамка за реформи, која ја истакнува вкупната цел да се изгради модерна, професионална армија која може да придонесе за стабилноста во регионот и да се приклучи кон меѓународните мировни мисии. Истовремено извештаите за вмешаноста на армијата во криењето на обвинетите воени злосторници фрлија сенка на обидот за реформи.

Од Антонела Аркин за Southeast European Times – 13/02/06

photo

Министерството за одбрана се обидува да изгради систем кој ќе биде целосно под цивилна и демократска контрола - систем кој е пристапен, интегриран во евро-атланските структури и може да придонесе за стабилноста на регионот. [АФП]

И покрај тоа што се соочува со значајни проблеми, Србија-Црна Гора може да се пофали со конкретни резултати во обидот да го преструктуира системот на одбраната. Во октомври 2005-та година, Советот на министри усвои закон со кој воениот рок е намален од 9 на 6 месеци, а цивилното служење од 13 на 9 месеци. Во исто време, вооружените сили на Србија-Црна Гора се дел од мировните сили во Бурунди, Конго, Брегот на слоновата коска и Либерија, а наскоро ќе бидат ангажирани и во нови мисии.

Намалувањето на периодот на служењето на воениот рок ќе помогне за решавање на еден од најзначајните предизвици со кој се соочува армијата: потребата да се намалат трошоците.

Секако, влијанието е драматично. Бидејќи новите правила се имплементираат ретроактивно, речиси една третина од армијата одеднаш беше подготвена да ги напушти касарните. Во ноември 2005-та година, кога јунската класа си замина дома, земјата остана со само 8000 обучени војници. Шок терапија, можеби, но речиси и да немаше друг избор, имајќи ја предвид тешката финансиска состојба во која се наоѓа војската.

Покрај дефицитот во приходите, Србија-Црна Гора се соочува со предизвикот да изгради еден систем на одбраната што е целосно под цивилна и демократска контрола. Во последниве години, тврдењата дека елементи од армијата ги штитат воените криминалци предизвикаа сомнеж кај многумина за тоа дали политичките институции во земјата имаат доволно влијание врз, па дури и дали се потполно запознати со активностите на вооружените сили. Кабинетот на премиерот Воислав Коштуница неодамна призна дека воениот кадар можеби му помогнал на еден од главните обвинети воени злосторници, Ратко Младиќ, да го одбегне судот на правдата. Во еден напорен случај во 2004-та година, двајца стражари беа убиени во чудни околности - веројатно, како што велат некои, бидејќи знаеле за присуството на еден од главните воени злосторници во еден воен капацитет.

Србија-Црна Гора ќе треба да ги реши ваквите проблеми доколку сака да ја постигна својата цел, интеграција во Евро-атланските стриктури. Таа мора да докаже дека развива професионална, добро обучена, инероперативна армија која е одговорна пред цивилните власти, го почитува владеењето на правото и е способна да придонесе за стабилноста на регионот.

photo

Новиот директор на Фондот за реформи во системот на одбраната, Обрен Јоксимовиќ, треба да ги обезбеди средствата потребни за спроведување на програмата за реформи. [Фајл]

Во однос на ова се преземени некои значајни чекори. Тие опфаќаат формирање на Центар за мировни операции, префрлање на судскиот систем на Армијата во цивилните судови; реорганизација на министерството за одбрана; фузирање на повеќе непотребни агенции - на пример разузнавачката служба и службата за безбедност беа трансформирани во Воена агенција за разузнавање и Воена агенција за безбедност а и двете се ставени под власт на министерството за одбрана. Разните воени училишта се реформирани и е формирана една Воена академија.

Друга промена е назначувањето на нов дируктор на фондот за реформи на системот на одбраната. На 17-ти јануари, Извршниот совет на Србија-Црна Гора го назначи Обрен Јоксимовиќ - висок функционер од Демократската партија на Србија и министер за здравство во владата на починатиот премиер Зоран Ѓинѓиќ. Тој го замени Владан Живуловиќ. Инициран од Врховниот совет за одбрана, фондот беше основан во јуни 2004-та година со цел да обезбеди финансиски средства за потпомагање на планираните реформи во системот на одбраната. Во изјавата по неговото назначување, Јоксимовиќ вети дека ќе и помогне на армијата на Србија- Црна Гора да напредува на патот кон реформи.

Поврзани написи

Loading

Една од задачите со кои се соочува Јоксимивиќ е обезбедување на средствата потребни за сроведување на програмата за реформи. Еден начин е преку продажба на непотребниот воен имот. Дадени се различни проценки на пазарната вредност - според претходниот директор, Живуловиќ, таа изнесува околу 1 милијарда евра. Вкупно, фондот има 512 воени капацитети, меѓу кои касарни, командни штабови, хотели, воени аеродроми и бензиски станици. Веќе се продадени десет воени локации во Црна Гора за цена од 15 милиони евра.

На 18 Ноември 2004-та година федералниот парламент усвои Стратегија за национална одбрана. Заедно со основата за организација на армијата на Србија-Црна Гора, во неа се изнесени основните цели на реформите во одбраната - имено, да се изгради еден ефикасен и економски изводлив систем на одбраната и една професионална, модернизирана, опрема и обучена армија. На 4-ти април 2005-та година министерството за одбрана ги разработи и преработи овие цели во Бела книга, истакнувајќи ја целта да се зголеми способноста за заедничка акција за доброто на колективната безбедност на Србија-Црна Гора, како и да се поттикне одговорноста и транспарентноста.

Моментално, покрај нејзините традиционални обврски, Армијата има улога во две области: внатрешни безбедносни ризици и мировни мисии. Советот на министри на Србија-Црна Гора на 11-ти август 2003-та година одобри учество на единици и војници од министерството за одбрана и вооружените сили на Србија-Црна Гора во мировните операции и мисии на ОН. На седнацата одржана на 8-ми октомври 2003-та година, Врховниот совет за одбрана даде одобрување за ваквото учество.

Земјата сега има свои мировни трупи во четири земји, а тој број наскоро ќе се зголеми на шест. Во јануари 2006-та година, вооружените сили на Србија-Црна Гора добија зелено светло за приклучување кон Мултинационалната мировна операција на ОН во Судан, како и кон операцијата за поддршка на мирот на Меѓународните безбедносни сили во Авганистан.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар