Цените на нафтата и новите економии ја обликуваат глобалната слика

03/01/2006

Толкувањата на економистите на значењето на растечките цени на нафтата, кои се приближуваат на оние кои во 1970-тите предизвикаа стагфлација, се разликува. Оптимистите сметаат дека пазарната рамнотежа ќе биде повторно воспоставена со решавањето на проблемите со снабдувањето -- вклучувајќи ги и тесните грла во капацитетот на рафинирање. Други пак, укажувајќи на економскиот раст на Кина и Индија, зголемената конкуренција за користење на ресурсите, како и заканата од глобално затоплување, сметаат дека ситуацијата е посложена. Во минатото, песимистичките сценарија беа делумно ублажени со технолошките достигнувања и функционирањето на пазарните сили. Дали тоа ќе се повтори? Комбинацијата од различни проблеми -- економски, политички, стратешки и еколошки -- значи дека оние кои ја креираат политиката не треба да бидат задоволни, пишува поранешниот министер за финансии на Романија, Даниел Дајану.

Од Даниел Дајану за Southeast European Times во Букурешт – 02/01/06

photo

Кога цената на нафтата надмина 50 долари за барел, светот се загрижи. Кога таа достигна 70 долари за барел во септември -- а веднаш потоа падна на помеѓу 60 и 65 долари -- аналитичарите почнаа внимателно да размислуваат за следниот праг.

Причината е јасна: во реални услови, 80 долари за барел е еквивалентно на нивото на цените кое предизвика стагфлација во западните економии пред неколку децении. Тогаш, арапските земји производители на нафта ја користеа стратешката суровина како економско и политичко оружје; неколку пати, цената на нафтата надмина 40 долари за барел. Таа цена значеше драстична и значајна промена во трговијата помеѓу земјите кои извезуваат нафта и оние кои увезуваат.

photo

Денешните повисоки цени на нафтата наметнуваат едно едноставно прашање: дали актуелната ситуација е слична на онаа од пред неколку децении? [Фајл]

Богатите, индустријализирани земји го апсорбираа нафтениот шок преку економско забавување (дури и рецесија) и силна монетизација на нивните растечки буџетски дефицити. Со тек на време, зголемувањето на цените на индустриските производи надомести за загубите поради новите цени на нафтата. Комбинацијата од рецесија и висока инфлација -- приближно 20 отсто пред појавувањето на Пол Волкер на чело на Федералните Резерви -- збуни многу макроекономисти; тие тешко можеа да прифатат дека масовното неискористување на ресурсите може да оди паралелно со еден многу побрз чекор на инфлација. Како последица, конвенционалната парадигма требаше да се прошири со цел да се земе во предвид сценариото во кое силниот шок во снабдувањето ја надминува способноста на економијата брзо и лесно да ги распореди ресурсите, како средство за апсорбирање на тој шок. Во тој случај, рецесијата проследена со повисока инфлација станува неизбежна.

Западните економии претрпеа шок кој, неколку децении подоцна, во многу поширок обем го искусија посткомунистичките економии. Додека Западот мораше да се справи со бруталните промени во поглед на трговијата со една стратешка суровина, посткомунистичките економии мораа да се справат со сеопфатни институционални реформи и распределба на ресурсите после распадот на советскиот трговски блок. Земјите од советскиот блок беа делумно изолирани за време на нафтениот шок, бидејќи користеа поевтина нафта од поранешниот Советски Сојуз. Најтешко погодени беа сиромашните земји увозници на нафта, кои претрпеа двоен удар: многу повисока цена на нафтата плус постепено покачување на цените на индустриските производи.

Така, денешните повисоки цени на нафтата наметнуваат едно едноставно прашање: дали актуелната ситуација е слична на таа од пред неколку децении? Од една страна, тесните грла во рафинирањето на нафтата укажуваат дека постои проблем при снабдувањето, кој беше влошен поради последиците од природните катастрофи, како ураганите Катрина и Рита. На ист начин, истражувањето на нови нафтени резерви не е доволно раширено во последниве години. Политичка импликација од ова е дека пазарната рамнотежа би можела да биде повторно воспоставена кога ќе исчезнат проблемите со снабдувањето. Меѓутоа, постои еден нов елемент во таа слика: економскиот раст на Азија -- посебно на Кина и Индија -- создава дополнителен, растечки притисок врз пазарот на нафта и гас.

photo

Со тек на време, покачувањето на цените на индустриските производи ги надокнади загубите поради новата цена на нафтата. [Фајл]

Тогаш, се наметнува уште едно значајно прашање: какво е потенцијалното влијание на оваа економска слика врз динамиката на цените на основните суровини, врз кои се темели функционирањето на модерната економија?

Поврзани написи

Loading

Според едно малтузијанско, песимистично сценарио, може да се предвиди понатамошно драстично растење на цените, што ќе предизвика борба за контрола над клучните ресурси. Да се потсетиме на интелектуалните и политичките дебати по објавувањето на извештајот на Медоус „Граници на растот“ -- кој беше нарачан од страна на Римскиот клуб пред повеќе од три децении. На ист начин, обликувањето на глобалната динамика (Форестеровиот модел на професорот од MIT, Џеј Форестер) беше поттикнат со цел да се испита што би се случило поради сериозните промени на околностите на пазарот на суровини. Овој малтузијански поглед беше делумно негиран со технолошкиот напредок и функционирањето на пазарните сили, кои направија користењето на алтернативните извори на енергија по нови цени да биде профитабилно. Дали можеме повторно да се потпреме врз технологијата и да бидеме задоволни? Можеби, но одговорот мора да ги земе предвид Кина и Индија.

Шокот на страната на снабдувањето најверојатно ќе продолжи, а азиските економии и понатаму ќе вршат притисок врз пазарот на нафта и гас. Веројатно, ова само по себе значи дека цената на нафтата нема наскоро да се врати на ниво под 40 долари за барел. Покрај тоа, иако покачувањето на цената беше постепено, сепак наметна приспособувања во потрошувачката и производството. Уште еднаш, најпогодени се сиромашните земји, особено оние кои увезуваат енергија.

Од сето ова можат да се извлечат неколку заклучоци. Натпреварот за контрола врз полињата на нафта и гас во наредните години ќе се засили, што ќе влијае врз геополитичката и безбедносната ситуација; ќе започне брза потрага по нови полиња; нафтата и гасот ќе станат уште постратешки суровини и големите економии ќе ја обликуваат својата надворешна политика во согласност со таа реалност. Многу е веројатно дека потребата индустриите да бидат поконкурентни ќе дојде во судир со еколошките потреби во време кога последиците од глобалното затоплување се се поочигледни и загрижувачки.

Повисоките цени на нафтата и гасот го забавуваат растот и водат до повисоки стапки на инфлација. Со самото тоа, и фирмите и владите мора да прават поголеми компромиси, а тоа бара јасна стратегија и прецизни калкулации на трошоците и добивките. Во тие нови услови треба да се очекува нов притисок за зачувување на енергијата. Приватните и јавните буџети ќе бидат се пооптоварени доколку наскоро не бидат донесени мерки, како и доколку истите не бидат спроведени конзистентно со тек на време.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар