Римско наследство на Балканот : Власите

09/05/2005

Власите, за кои многумина веруваат дека се потомци од Римската популација, живеат во многу делови од Балканот и Источна Европа. Иако влашката заедница цветаше во минатото, бурната историја на Балканот ги распрска и изолира, а нивниот идентитет како посебна етничка група е се повеќе и повеќе нејасен.

Од Марјан Тутуи за Southeast European Times во Букурешт– 09/05/05

photo

[Фајл]

Годинава ја обележува стогодишнината од царскиот декрет, издаден од османлискиот султан Абдул Хамид II, со кој Власите ги добија своите први колективни права. Им беше овозможено да го користат својот јазик во црквите и училиштата, како и да избираат свои локални советници. На тој начин можеа да основаат училишта, цркви и други национални институции. Во периодот од 1908-та и 1913-та година тие, исто така, имаа заменик, сенатор и министер во османлискиот парламент. На 2-ри мај, Власите низ цела Југоисточна Европа го прославија нивниот Меѓународен Ден.

По традиција овчари, нивната потрага по подобри пасишта ги одведе преку Балканот и Источна Европа, а Власите можат да се најдат на север дури до Полска. Нивната посветеност на овчарскиот начин на живот често ги чуваше настрана од суровата етничка борба која го опустоши Балканот низ вековите, а тие мирољубиво коегзистираат со мнозинските популации каде и да живеат. Во исто време, сепак, тие се борат за да го зачуваат својот идентитет.

Потеклото на Власите, како и тоа на лингвистички сродните Романци, останува нерешена загатка. Некои сметаат дека и двата народи претставуваат потомци на Римјаните на Балканот, додека пак други тврдат дека потекнуваат од латинизираните колонисти. Романската култура беше под влијание на Словенците, додека пак Власите кои потекнуваат јужно од Дунав покажуваат византиско и грчко влијание.

photo

Влашки танчери 1905-та година. [Подарок од Марјан Тутуи]

Историчарите ги нарекуваат Македо-Романци, а тие самите го користат името Ароманци. Консензус меѓу лингвистите е дека влашкиот и романскиот се варијанти од истиот латински јазик (уште еден, далматинскиот изумрел во 1898-та година, додека пак Истро-Романскиот го зборуваат неколку илјадници луѓе во Хрватска). Топонимите, како на пример планината Дурмитор во Црна-Гора, сведочат за постојаното присуство на луѓето што зборуваат латински во планинските и регионите по течението на Дунав.

Името „Влав“ доаѓа од готскиот јазик и неговото оригинално значење е „странец“, а подоцна „човек кој зборува латински идиоми“. Германските племиња го користеле името „Велшани“ за римската популација од она што на крајот стана познато како Велс, додека пак на Римјаните од Јужна Белгија им е дадено името Валонци. Унгарците се до денешен ден Италија ја нарекуваат „Оласцаг“ или „Земја на Оласите“ -- нивна верзија на овој термин. За време на Византиската империја, регистрирани се неколку влашки територии но, тие ретко станувале моќни држави. Најголемиот успех на Власите се случил за време на династијата Асан (1185-1258), кога го основале второто Бугарско Царство или Бугарско-влашката држава.

Кон крајот од 18-ти век, во Албанија влашкиот град Москополе (Воскопоје) имаше 22 цркви, академија, печатница и население дури до 60000. Во тоа време, издадени се првите влашки речници, граматики и буквари. Меѓутоа, во 1788-та година Али Паша Тепелена го уништил просперитетниот град на Власите.

До средината од 19-ти век, влашката заедница имаше основано свои училишта и цркви и уживаше поддршка од властите. Подоцнежниот пад на Османлиското царство доведе до поделба на неговите територии на независни нации, кои се разликуваа по нивното однесување кон влашката популација. Во периодот помеѓу 1925-та и 1932-та година се случи масовна миграција на Власите во Романија, во која беа вклучени помеѓу 4946 и 6553 семејства. Комунистичкиот режим кој подоцна ја презеде власта низ Балканот ги затвори сите влашки училишта и институции. Општо земено, Власите беа хендикепирани за време на ерата на зголемен национализам.

Поврзани написи

Loading
photo

Власи 1903-та година. [Подарок од Марјан Тутуи]

Новоформираните држави често се бореа за културна хомогеност, додека пак распрсканите групи на Власи овчари и трговци не беа доволно кохезивни како група за да можат да го задржат својот идентитет. Покрај тоа, прецртаните граници ја разделија и изолираа постоечката заедница. Иако некогаш бројни на Балканот, пописите покажуваат дека денес тие претставуват помалку од 1 отсто од популацијата.

И покрај се, Влсите навистина имаа значајна улога во некои клучни настани на Балканот во 20-тиот век. Во 1903-та година, за време на Илинденското востание во Крушево во Македонија (каде 4000 Власи претставуваа две третини од популацијата) беше формирана мултинационална влада. Тројца од министрите беа Власи, а Влав беше и локалниот воен водач Питу Гули (1845-1903), на далеку познат како македонски народен херој. До денешен ден, Македонците ја сметаат Крушевската република за модел на етничка соработка.

Денес, нивната положба како посебна група останува бледа во многу делови од Балканот. Во Грција, многумина ги мислат Грци -- кои случајно зборуваат јазик сроден на латинскиот. Македонија е единствената држава во која Власите имаат редовни програми на националната ТВ. Обидите во Македонија и Албанија да се промовира влашкиот јазик преку курсеви на ниво на факултетите на почетокот беа дочекани со ентузијазам но, потоа неговиот интензитет опадна. Романија одвои голем број стипендии за Власите, а од падот на режимот на Чаушеску локалните Власи имаа можност да го организираат и промовирааат својот јазик и традиција. Сепак, поголемиот број Власи не го знаат својот дијалект добро и не се во позиција да ги применуваат своите колективни права.

Иако меѓународната свест за Власите како една етничка група можеби не е распространета, многу поединци со влашко потекло постигнаа светска слава. Меѓу нив се фамилијата Булгари која произведува накит, фудбалските ѕвезди Ѓорѓи Хаџи и Илија Најдовски, режисерите Ден Пита и Љубиша Георгиевски, драмскиот писател Бранислав Њушиќ, пионерите во кинематографијата Милтон и Јанаки Манаки и Евангелие Запа кој помогна да се основаат модерните Олимписки Игри.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Focus on Ukraine

Репортажа

Група повикува на ставање крај на говорот на омраза на интернетГрупа повикува на ставање крај на говорот на омраза на интернет

Кампања за подигнување на свесноста во врска со говорот на омраза на интернет опфаќа 15 града во БиХ.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) бара начини да се спротивстави на екстремизмот на Балканот. Дали треба владите во регионот да вложат поголеми напори за да ја запрат радикализацијата и екстремизмот?

Да
Не
Не знам