21/03/2005
Бугарија лансираше тригодишен проект кој ќе подготви терен за транзиција кон една економија базирана врз знаење и кој ќе и помогне на земјата да се израмни со Западна Европа во однос на современите информативни и комуникациски технологии. Целта е сите студенти да имаат можност да стекнат дигитални вештини и познавање, овозможувајќи им да ги бараат и да ги пронаоѓаат потребните информации, како и да ги користат во образовниот процес, а со тоа станувајќи поконкурентни на пазарот на работна сила.
Од Светла Димитрова за Southeast European Times во Софија -- 21/03/05
![]() Програмата и-Клас ќе ги снабди училиштата со компјутери и брз Интернет пристап и ќе се погрижи студентите да стекнат дигитални вештини и знаење. [Фајл] |
Бугарија лансираше тригодишна програма со која сите училишта во земјата ќе бидат снабдени со компјутери и брз пристап на Интернет. Проектот, наречен и-Клас, е дел од севкупните напори на земјата да го надмине дигиталниот јаз во однос на земјите од Европската Унија, кон која Бугарија треба да се приклучи во јануари 2007-та година.
Вице-премиерот и министер за транспорт и врски Николај Василев го објави официјалниот почеток на програмата на 7-ми март, неколку дена откако законодавците усвоија национална стратегија и план за воведување на информатичка и комуникациска технологија (ИКТ) во бугарскиот училишен систем.
Цел на стратегијата не е само снабдување на сите училишта со компјутери и обезбедување пристап на Интернет за сите ученици, туку - позначајно - да им се овозможи да стекнат дигитални вештини и знаење. Главна цел на стратегијата е да се создаде една значително нова средина, во која учениците ќе можат да ги бараат и пронаоѓаат потребните информации и да ги анализираат и користат истите во образовниот процес, а тоа ќе ги направи поконкурентни на пазарот на работна сила.
Мерките претставени во стратегијата, исто така, опфаќаат создавање на информациска мрежа, образовен портал, платформи за учење од далечина и информативна основа за сите дисциплини, како и курсеви за обука на наставници, како чекор кон вклучување на ИКТ во сите училишни предмети.
Кон крајот на февруари минатата година, Европската Комисија (ЕК) го објави извештајот Прогресот во Европа 2004 за достигнувањата на земјите-членки и земјите-кандидати во развојот на информациското општество. Според министерството на Василев, општ заклучок е дека Бугарија и Романија постигнале најмал напредок меѓу сите земји од извештајот. Извештајот, исто така, истакна критичен јаз помеѓу Бугарија и трендовска Европа во поглед на употребата на ИКТ во образовниот систем.
Според еден нов извештај на ЕК од февруари 19,2 отсто од 7,9 милионската популација во Бугарија користи Интернет - што ја става Бугарија зад сите земји-членки на ЕУ но, пред Турција и Романија. Според извештајот, "преработено издание: Локалната димензија на информациското општество", продирањето на Интернетот во 25-те актуелни земји-членки на ЕУ во просек изнесува 41,4 отсто од популацијата на Унијата. Овие бројки, меѓутоа, се базираат врз едно евробарометарско истражување од јули 2003-та година и најверојатно досега се промениле.
„Образованието, возраста и доходот се чини дека се најважните варијабли за конфигурација на дигиталниот јаз. Географските [рурален/урбан јаз] и факторите поврзани со полот се уште покажуваат значајно, но релативно помало влијание врз некористењето на Интернетот“, се вели во извештајот.
![]() Бугарија ќе потроши околу 70 милиони евра за спроведување на тригодишната програма и-Клас, рече Николај Василев, вице-премиер и министер за транспорт и врски. [Фајл] |
Обидувајќи се да го премости јазот кој ја одвојува Бугарија од трендовска Европа, министерството за транспорт и врски лансираше национална, и-Бугарија програма во април 2004-та година. Нејзина главна цел е да се создаде основа за развој на трите главни столба на информациското општество: пристап кон ИКТ за најголемиот дел на жителите на Бугарија; воведување на ИКТ на сите образовни нивоа; развој на конкурентен национален ИКТ сектор.
Како дел од спроведувањето на програмата, вкупно 6000 компјутери беа инсталирани во 50 училишта во 2004-та година. Кон крајот од годината, владата обезбеди 5 милиони евра за купување на уште 7700 компјутери кои беа инсталирани во 750 училишта во кои учат над 400 000 ученици.
Според Василев, Бугарија ќе потроши околу 70 милиони евра за спроведување на тригодишната програма и-Клас. Приближно една третина е тргната настрана за купување на 20 000 нови десктоп компјутери годинава, кога ќе бидат изградени приближно 2500 нови училници за компјутерска обука, секоја опремена со сервер, печатар и скенер. Повеќе компјутерски лабаратории ќе бидат направени во 2006-та и 2007-та година.
Покрај тоа, скоро една третина од 3300 училишта во земајата ќе имаат брз пристап на Интернет до крајот од годинава, а другите до крајот на 2006-та година. Во 2007-та година, сите училишни компјутери ќе имаат брзина на пристап во просек за двапати поголема од сегашната.
Програмата и-Клас, исто така, замислува специјализирани курсеви за обука на приближно 3300 директори на компјутерски лаборатории и околу 90 000 наставници, така што ќе можат да стекнат знаење и вештини потребни за усвојување на ИКТ во наставниот процес.
Обезбедувањето со соодветна инфраструктура и технологија, особено на далечните и помалку снабдените области и групите изложени на ризик од исклучување е, исто така, една од мерките кои европските експерти ги сметаат за клучни за гарантирање на европски стандарди на општествено вклучување и регионална кохезија.
Координираната јавна интервенција на различни нивоа - европско, национално, регионално и локално - како и постојаната ангажираност на владите, приватниот сектор и граѓанското општество се уште се неопходни за еволуција кон едно повитално и повклучително информациско општество, се истакнува во февруарскиот извештај.
Еден од клучните услови за успех на стратегијата за дигитално вклучување, нагласуваат европски експерти, е таа да се потпира на еден приод базиран врз контекст, според кој целните групи се разгледуваат во рамките на нивната географска, општествена и културна средина.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's