Хари Костов: Децентрализацијата чекор кон посилна демократија и евро-атлантска интеграција

18/10/2004

Македонскиот устав е основа на новиот закон за децентрализација, изјави македонскиот премиер Хари Костов, додавајќи дека граѓаните се свесни за ризикот од претстојниот референдум и дека гласањето нема да доведе до дестабилизација, туку наместо тоа ќе биде практикување на демократијата. Во ексклузивното интервју со дописникот на Southeast European Times Марија Лазарова, Костов, исто така, зборува за безбедносната состојба во Македонија, напредокот на реформите во судството и одбраната, спорот околу северната граница со Косово и економските проблеми со кои се соочува земјата

Од Марија Лазарова за Southeast European Times во Скопје -- 18/10/04

photo

Хари Костов, премиер. [АФП]

Southeast European Times: Според вас, ќе влијае ли референдумот закажан за 7-ми ноември врз безбедносната состојба во земјата?

Хари Костов, премиер: Безбедносната состојба во Македонија не треба да се поврзува со референдумот, и покрај индивидуални - би рекол, несериозни - изјави од страна на некои политички партии. Безбедносната состојба е стабилна, а истото го мислат и меѓународните институции задолжени за тоа. Владата и одговорните министерства ќе ги обезбедат потребните услови граѓаните да го дадат својот глас во една демократска и сигурна атмосфера.

SE Times: Колку референдумот ќе влијае врз процесот на европска интеграција на Македонија?

Костов: Македонската влада ги исполнува уставните обврски за понатамошна имплементација на Рамковниот договор. Самиот устав е основа на новите закони за децентрализација, кои имаат за цел создавање на етнички различни, финансиски посилни и политички помоќни општини. Децентрализацијата треба да се сфати како значаен чекор кон посилна демократија и евроатлантска интеграција на Македонија. Верувам дека сите граѓани на Македонија се свесни за овие процеси, кои не треба да имаат дестабилизирачки ефект врз земјата. Наместо тоа, тие го истакнуваат демократскиот приод на решавање на проблемите, кој веќе го покажавме со потпишувањето на Рамковниот договор и неговата имплементација во уставот и законите.

SE Times: Што мислите за безбедносната состојба во земјата?

Костов: Македонија се наоѓа во една значајна фаза на стабилизација, без оглед на одредени инциденти кои немаат капацитет да ја нарушат безбедносната состојба. Состојбата во поранешните кризни региони е значително подобрена и нормализирана во споредба со изминатиот период. Ова беше постигнато со засилување на активностите на полицијата - во соработка со други државни институции и меѓународни организации задолжени за тоа - за воспоставување контрола во овие подрачја, како дел од процесот за враќање на раселените лица во своите домови. Друга потврда за стабилизираната безбедносна состојба е замената на воената мисија на НАТО, кон крајот на 2003-та година, со европската полициска мисија, Проксима, чија примарна улога е советување, менторство и мониторинг при процесот на усовршување на полициските служби во согласност со европските стандарди. Фактот што единицата за безбедност на Проксима замина од мисијата е дополнителен доказ за нормализираната безбедносна состојба. Последниот извештај од шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Карлос Паис, изразува оптимизам за иднината на земјата. Конечната имплементација на Рамковниот договор ќе значи позитивен правец кон европска интеграција.

SE Times: Во вашиот извештај, најавивте стратегија за реформи во судството. Какви промени се планирани?

photo

Македонскиот парламент го усвои пакетот закони за децентрализација на 12-ти август. Сите 17 претставници на малцинските заедници во Македонија гласаа во корист на законите. [Томислав Георгиев]

Костов: Општа цел на стратегијата е да се изгради ефикасен судски систем базиран врз меѓународни стандарди, а поконкретна цел е да се зајакне независноста на судството. Реформите во судството опфаќаат реформи на материјалната законска регулатива, реформи на судската законска регулатива и структурни промени. Структурните промени ги вклучуваат односите помеѓу институциите на судството и нивната внатрешна организација и надлежност.

SE Times: Очекувате ли демаркацијата на северната граница на Македонија со Косово да биде решена пред 2005-та година, за кога се очекува да биде решен и проблемот со статусот на Косово?

Костов: Демаркацијата на северната граница со Косово ќе биде завршена во текот на 2005-та година, но во секој случај ќе биде направена пред да биде донесена одлуката за конечниот статус на Косово. Последните разговори со меѓународните претставници во Косово и со косовските власти ја потврдија желбата на сите инволвирани страни за изнаоѓање на решение за проблемот. Тој има политичка димензија бидејки, реално гледано, се работи за провоцирање на расправија во врска со мало и незначајно прашање.

SE Times: Дали сте задоволни со реформите во одбраната, насочени кон исполнување на стандардите на НАТО?

Костов: Македонија останува целосно посветена на завршување на интензивните реформи во областа на одбраната и целосно исполнување на критериумите за членство во НАТО. Самитот во Истанбул го потврди напредокот постигнат при имплементацијата на реформите и трансформирањето на безбедноста и одбраната.

Стратегиските инструкции вклучени во Националниот концепт за безбедност и одбрана и политичката рамка на Прегледот за стратегиска одбрана усвоени од страна на македонската влада во октомври 2003-та година остануваат основа на реформите во одбраната. Во мај 2004-та година, парламентот усвои резолуција за трансформирање на безбедноста и одбраната, усвојувајќи ги инструкциите кои произлегуваат од втората фаза на Прегледот за стратегиска одбрана и нивна имплементација.

Трансферот на одговорноста за обезбедување на државната граница од министерството за одбрана во министерството за внатрешни работи се одвива според планот и треба да биде завршен до крајот на 2005-та година.

SE Times: Македонија се соочува со економски проблеми, кои опфаќаат опаѓање на индустриското производство и висока стапка на невработеност. Има ли владата ефикасен план за решавање на овие економски проблеми?

Костов: Планираниот индустриски пораст и заживувањето на производството не беа постигнати како што беше планирано заради некомплетната продажба и неуспешното рестартирање на т.н претпријатија „загубари“ (пред се, рудниците и топилницата во Велес) и претпријатијата во стечај. Материјалниот обем на индустриското производство опадна за 10 отсто, очекуваните инвестиции не се реализираа, а голем број деловни партнери беа изгубени во 2001-та година. Како резултат на подобрениот економски амбиент, индустриското производство забележа пораст од 3,5 отсто во 2003-та година. Годинава, Македонија повторно забележува опаѓање на индустриското производство поради неактивност на значајни капацитети кои се во фаза на продажба.

Активностите се насочени кон подобрување на конкурентноста, развој на базните сектори во индустриските гранки, подобрување на економската средина и создавање услови за подобрена економска активност и извоз. Од посебна важност е имплементацијата на Националната програма за реструктурирање и преадаптирање на индустријата за челик. Се очекува индустриското производство да достигне значителен пораст.

Поврзани написи

Loading

Што се однесува до високата стапка на невработеност, трендот на константно зголемување на бројот на оние кои бараат работа престана во првите седум месеци од годинава, според одредени податоци. Покрај тоа, во изминативе месеци е забележано постепено намалување на бројот на невработени.

SE Times: Недостатокот од странски директни инвестиции (СДИ) е актуелен проблем. Колкав ќе биде приливот на средствата во буџетот од ваквите инвестиции?

photo

Премиерот Хари Костов (средина) одржува состанок со менаџерите на британското претпријатие Глендор Естејт Лимитид. Странските директни инвестиции во Македонија се зголемија за 17 милиони американски долари годинава. [Томислав Ѓеоргиев]

Костов: Владата го смени својот пристап на привлекување на СДИ , нагласувајќи ја важноста на една стабилна економска средина, одбирајќи и насочувајќи се кон одредени инвеститори и јакнејќи го водството на приватниот сектор да учествува во развојот на македонската економија. Подготвена е програма за стимулирање на инвестициите во Македонија. Таа претставува краток преглед на постоечката инвестициска клима и постоечките економски, правни и политички бариери кои го попречуваат инвестирањето. Разработен е план кој има за цел контролирање на инвестициската клима и подобрување на конкурентната положба на Македонија како локација за инвестирање. Преземени се и други мерки, како промотивни и информативни активности.

Во 2003-та година, СДИ во Македонија изнесуваа 77,6 милиони евра, пораст од 13,8 милиони евра во споредба со 2002-та година. Во првите шест месеци од 2004-та година вкупниот износ на СДИ е 68,6 милиони евра, а постојат реални можности за зголемување на овој износ до крајот од годинава.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар