30/11/2009
Почитуван читателу на Setimes.com,
SETimes го бара вашето мислење. Срдечно ги каниме посетителите на нашиот веб-сајт да учествуваат во нашата онлајн анкета. Одвојте само неколку минути за да одговорите на нашите прашања и ќе ве регистрираме како можен добитник на бесплатен iPod Touch!
Вашите одговори ќе ни помогнат подобро да ги разбереме потребите на нашите читатели и да го подобриме сајтот. На крајот на анкетниот период, кој ќе трае од 1-ви декември до 10-ти јануари, SETimes ќе објави напис во кој ќе бидат сумирани резултатите.
Вашите искрени впечатоци и мислења, без разлика дали се позитивни или негативни, ни се многу важни. Ја цениме искреноста на вашите одговори.
Наградата iPod ќе ja добие еден анкетиран читател, кој ќе биде избран со извлекување. Само оставете ни ја вашата имејл адреса по завршувањето на анкетата и ќе бидете автоматски вклучени во извлекувањето. Добитникот ќе биде известен по имејл. За да учествувате во анкетата не морате да учествувате во извлекувањето, ниту пак да ни ја оставите вашата имејл адреса.. Сите имејл адреси ќе бидат третирани како доверливи.
Вашата драгоцена помош ни е навистина добродојдена, бидејќи овозможува нашиот веб-сајт да им служи на нашите читатели што е можно поефективно.
Ве молиме кликнете на линкот за да ја почнете анкетата. Благодариме што ќе го споделите вашето мислење.