Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Правилник за коментари на SETimes's

  1. Коментарите на SETimes.com се наменети за луѓето од земјите во Југоисточна Европа, за оние кои имаат врски со овие земји, за оние со бизниси во или со овие земји, и за нивните дијаспори. Коментарите на натписите и фељтоните на SETimes.com треба да поттикнат размена на мислења и отворен дијалог за главните теми на цивилизиран и отворен начин за да ги видат сите читатели.
  2. Ова е умерен форум. SETimes.com ќе ги следи коментарите и го задржува правото да ја отстранува, коригира или изменува содржината што ја смета за несоодветна. Секоја измена или отстранување коментар од страна на SETimes ќе биде видливо за јавноста и бришењата ќе покажуваат кој дел од овој правилник е прекршен.
  3. Сите реакции што SETimes.com ги добива се смета дека се наменети за објавување, освен ако не е поинаку наведено во првичната порака на оној пишува.
  4. SETimes.com го задржува правото да ги коригира сите коментари за содржина, јасност и должина. Коментарите на натписите и фељтоните на SETimes.com треба да бидат важни по својата природа. Коментарите кои се надвор од тема нема да бидат објавени. Кратките коментари во врска со тоа што на читателот му се допаѓа или не му се допаѓа во натписот или фељтонот можат да бидат или да не бидат објавени, според проценката на SETimes.com.
  5. Просторот за коментари е резервиран за коментари кои се поврзани со темата на натписот или фељтонот. Не смеете повторно да објавувате долги текстови од ваша работа или работа на други, вклучително и новинарски натписи. Можете да побарате да поставиме линк за нив во коментарот.
  6. Коментарите кои се погрдни, навредливи, содржат вулгарен, расистички или клеветнички материјал, итн. нема да бидат објавувани. Навреди, лични напади, расистички коментари, или користење вулгарности од страна на кој било коментатор нема да се објавуваат.
  7. Анонимните коментатори треба да се идентификуваат со ист прекар, за читателите да знаат дека коментарите се на исто лице. Ако не го сторат тоа, може да им се дадат нумерички идентификатори.
  8. Испраќањето коментари на SETimes.com значи признавање и согласување со условите наведени во овој правилник за коментари. Овој правилник може да се ревидира делумно или целосно во секој момент, без известување.
  9. Ништо на SETimes.com не треба да се толкува како правен совет. SETimes.com не нуди правни совети.
  10. Сите коментари мора да бидат во согласност со соодветните закони на државата каде што живее коментаторот. SETimes.com нема обврска да ги следи, коригира, цензурира или да презема одговорност за коментарите. Веб-страницата може да преземе дејства или да не преземе дејства во врска со кршењето на нејзиниот правилник за коментари. Коментаторите се единствените одговорни за содржината на своите коментари и треба да се погрижат за тоа нивните коментари да бидат законски и да се движат во рамките на наведените упатства.
  11. Коментарите што содржат ликови за други страници кои не се во согласност со принципите на овој правилник за коментари, како што е наведено во став 6 и 10 од овој правилник, нема да бидат објавени.
  12. За да се олесни замислената размена на мислења и отворен дијалог за главните теми на цивилизиран и отворен начин за да ги видат сите читатели и да се избегнат непожелните директни одговори од лицата што не го прифаќаат мислењето на оној што пишува, од коментарите што содржат лични имејл адреси или телефонски броеви во основиот текст на коментарот ќе бидат отстранети контакт информациите пред објавувањето.
  13. Не смеете да промовирате правни лица или да се вклучувате во комерцијални активности во форумите на SETimes.com.