Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Тадиќ или Николиќ - Европа или изолација?

24/06/2004

Вториот круг од претседателските избори во Србија в недела (27-ми јуни) претставуваат најважен политички настан во земјата од рушеoето на режимот на Милошевиќ на 5-ти октомври 2000 година досега.

Од Душан Косановиќ за Southeast European Times во Белград - 24/06/04

photo

Приврзаник на Борис Тадиќ го вее знамето за време на неговата предизборна кампаoа во средата (23-ти јуни) во Белград. Тадиќ се соочува со Томислав Николиќ во вториот круг од претседателските избори в недела. [AФП]

Србија е без шеф на држава од 2002 година, кога истече претседателскиот мандат на Милан Милутиновиќ. По неуспехот на трите претседателски избори поради слабиот одѕив на гласачите, пратениците ја изменија изборната легислатива, елиминирајќи го условот од 50 отсто. Сега нема сомневаoе дека Србија в недела (27-ми јуни) ќе добие нов претседател. Изборот се прави помеfу кандидатот на про-европскиот блок, Борис Тадиќ, и ултранационалистот Томислав Николиќ.

Поддршката на ЕУ претставува клучната предност за Тадиќ. За време на посетата на Брисел претходно оваа недела, тој се состана со европските водачи. "ЕУ претставува српскиот пат и судбина", изјави комесарот на ЕУ, Крис Патен, по состанокот со Тадиќ. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Хавиер Солана, пак, рече дека Европа се надева оти Србија наскоро ќе й се придружи, и дека Унијата е подготвена за преземаoе секакви чекори за забрзуваoе на тој процес.

"На Србија й треба претседател кој е добар пријател на ЕУ и кој ќе биде пријател помеfу пријателите, поради тоа што идниот претседател драстично ќе ги зголеми шансите на Србија за стануваoе членка на ЕУ", рече Солана.

Според српскиот министер за надворешни работи, Вук Драшковиќ, европските официјални претставници се мошне загрижени во врска со евентуалниот исход од изборите в недела. "Никој во Европа не сака Србија и Црна Гора да остане настрана од евро-атланската интеграција. Тие не сакаат дупка помеfу Словенија и Солун, Грција. Во интерес на Европа е таа дупка да се пополни со европски квалитет на живот", рече Драшковиќ.

Истражувачите на јавното мислеoе се согласија дека разликата во гласовите ќе биде мала, и дека одѕивот на гласачите ќе биде одлучувачки. Колку е поголем одѕивот, толку се поголеми шансите на Тадиќ за победа, велат анкетарите. Над 3 милиони луfе гласаа во првиот круг, но таа бројка се очекува да се намали во вториот круг. Николиќ водеше за 100.000 гласови во првиот круг, но сите други кандидати оттогаш ветија поддршка за Тадиќ, вклучувајќи го и деловниот магнат Богоsуб Кариќ.

Интензивната предизборна кампаoа кулминираше во средата, кога кандидатите се соочија на дебата емитувана од страна на државната телевизија, која резултираше со рекордна гледаност. И додека Тадиќ се задржа на своите карактеристични пораки, истакнувајќи ја потребата за интеграција, Николиќ настојуваше да го надмине својот имиY на екстремист, претставувајќи се себеси како застапник за регионалното разоружуваoе -- тој, исто така, ја позајми економската реторика на Кариќ.

Заедничката анкета спроведена од страна на дневниот весник Политика и агенцијата Фактор Плус, предвидува дека Тадиќ ќе победи со 53,6 отсто од гласовите, додека Николиќ ќе добие 46,4 отсто. Сепак, на минатите избори, ултранационалистите ги изненадуваа анкетарите, а Николиќ ја има предноста на дисциплинирано избирачко тело. Невладините организации водат кампаoи кои имаат за цел зголемуваoе на одѕивот на гласачите. "Ако останете дома, ќе останете таму во следните десет години -- бидејќи нема да можете да одите никаде", предупредува еден слоган.

Аналитичарите го резимираа исходот од двете изборни сценарија на овој начин: ако победи Николиќ, Србија ќе испрати негативна порака за ЕУ, Владата ќе се дестабилизира уште повеќе, потешко ќе оди усвојуваoето на новиот устав, односите со Црна Гора ќе се влошат, а странските инвестиции драстично ќе опаднат. Победата на Тадиќ, најверојатно, би резултирала со кохабитација на сегашната Влада, макар што тоа најверојатно би било дури по 2004 година. Ќе се направи обид за усвојуваoе на новиот устав. Во одреден момент, од тоа ќе произлезат вонредни парламентарни избори.