26/05/2003
Тиесет и три новинари од Косово и 36 од Србија се состанаа во Охрид, Македонија, претходно овој месец. За многумина, ова беше можност без преседан за директен контакт.
Од Валентин Несовски за Southeast European Times во Скопје - 26/05/03
Скоро 70 новинари, уредници и медиумски директори -- 36 од Србија и Црна Гора и 33 од Косово -- се состанаа во Охрид, на тродневната конференција од 7-ми до 9-ти мај. Спонзорирана од Организацијата на медиуми од Југоисточна Европа (СЕЕМО), таа е прва ваква средба од 1991 година. За повеќето учесници, конференцијата е прва можност воопшто за директен контакт.
"И покрај големите разлики, Србија и Косово имаат заедничка карактеристика. Во секое општество во транзиција, кога редот и стабилноста се загрозени, слободата на медиумите и информациите се исто така изложени на ризик," рече Фридхелм Фришеншлагер, од Одделот за демократизација на ОБСЕ во Приштина.
"Законската рамка за медиумите во Косово сé уште не е регулирана," додаде тој. "Добра легислатива за пристапот до информации, за заштитата на јавното мислеoе против неточни и лажни информации е неопходна. Во Србија, по атентатот на премиерот се покажа дека во вонредна ситуација, властите беа тие кои сé уште има влијание врз слободата на медиумите."
Начинот на кој новинарите зборуваа за минатото претставува голем предизвик, рече Фришеншлагер, но на минатото не смее да му се дозволи да ја засени иднината.
Нагиф Маличи, претседателот на СЕЕМО за Косово, се согласи. Тој рече дека има многу теми кои се отворени за дискусија и затоа вакви состаноци се неопходни.
Претседателот на СЕЕМО за Србија, Веран Матиќ, рече дека жали поради времето на репресии и воени злосторства кое се случи во Косово, додавајќи дека посакува каналите за размена на информации, а не дезинформации да бидат повторно отворени и да се изградат мостови за определуваoе на вистината, со кои ќе му се даде место на помируваoето. Матиќ рече дека не е потребно да се зборува за "српски новинари" или "албански новинари", бидејќи професионалниот новинар не треба да има национален префикс.
Учесниците на состанокот на СЕЕМО го поддржаа професионалното и непристрасното новинарство како модел за подобро меfусебно разбираoе. Гордана Стошиќ, генералната директорка на Македонската радио телевизија, им посака успех на учесниците и рече дека не треба да се бараат посредници за организираoе на идните состаноци. Наместо тоа, треба да се одржуваат редовни и нормални контакти помеfу новинарите.
Радомир Лицина, претседател на бордот на СЕЕМО, рече дека искуството покажува оти балканските новинари можат да дискутираат меfу себе и покрај нивните разлики. Тој најави планови за средба меfу новинарите од Србија и Хрватска.