18/11/2002
<FONT size="1" color="gray" face="verdana">Минатиот месец, SЕЕМО ја додели својата прва награда: награда на " Др. Ерхард Бусек за подобро разбираoе во југоисточна Европа" на хрватскиот новинар Денис Латин. [mediawatch.ljudmila.org]</font><br><br> Да се биде новинар на Балканот може да биде многу тешко. Еден добар новинар треба да биде целосно објективен во секое време. Но тоа не е секогаш лесно кога вашите приказни предизвикувваат болни сеќаваoа на етничките конфликти или ја предизвикуваат моќта на политичарите и шефовите на мафијата.
Од Лиз Барет за Балкан Тајмс - 18/11/2002
Да се биде новинар на Балканот може да биде многу тешко.Еден добар новинар мора да биде целосно објективен во секое време и треба да ги испитува сите агли на истрагата. Ова не е лесно кога приказните што ги покривате предизвикуваат болни сеќаваoа на неодамнешните етнички конфликти, или ја предизвикуваат моќната мрежа на богаташи и политичари. Но, сепак, илјадници новинари на Балканот ги преживуваат овие дилеми и им пркосат на последиците од нивното објективно известуваoе.
Сега, една нова организација, Медиумска организација за југосисточна Европа (SЕЕМО), одлучи да им оддаде признание на нивните напори. Минатиот месец, SЕЕМО ја додели својата прва награда: "наградата Др. Ерхард Бусек за подобро разбираoе во југоисточна Европа". По разгледуваoето на преку 400 номинации, жирито составено од медиумски професионалци од регионот го одбраа хрватскиот телевизиски презентер Денис Латин за овогодишен победник.
Телевизиската програма на Латин, Латиница, има репутација на фаќаoе во костец со контроверзни теми, независно дали станува збор за ксенофобија, враќаoе на бегалците или нормализација на односите помеfу Хрватите и Србите. Во една од последните емисии, тој постави вакво прашаoе:"Дали српските туристи треба да бидат гости на хрватскиот јадрански брег?"
Ова прашаoе успеа да ја погоди публиката. Во бивша Југославија, Србите и Хрватите подеднакво летуваа на хрватскиот брег. И едните и другите беа горди на неговата долга, искривена и нерамна крајбрежна линија и стотици идилични острови. Но, откако се случи војнта од 1991-1995 во Хрватска, само неколку Срби се одлучија да ги поминат летините одмори на нивните омилени стари врталишта.
Од неодамна, со отвараoето на Србија кон запад и со обезбедуваoето пари за патуваoе, за некои Срби пливаoето во хрватската чиста сина вода претставува повторна опција. Но, многумина кои го прават ова патуваoе наидуваат на непријателство, што можеби и не е изненадувачки, земајќи во предвид дека делови од Далмацискиот брег беа местата на жестоки конфликти.
Латин одлучи да го постави ова прашаoе директно. Тој ги доведе двете страни во студиото: умерени, кои тврдеа дека е време Србите и Хрватите да се смират; и ултра-националисти кои сакаа да ги спречат Србите од стапнуваoе на хрватско тло. Тензиите меfу двете групи достигнаа точка на вриеoе, но глобалната порака беше дека е време за помируваoе.
Оливер Вујовиќ, генералниот секретар на SЕЕМО, изјави дека членовите на жирито биле импресионирани од подготвеноста на Латин да покрива толку чувствителни прашаoа, теми кои се игнорирани од најголем дел од остатокот на Хрватските медиуми. Но Латин е само еден од многуте новинари кој помага да се промовира подобро разбираoе помеfу луfето на Балканот. SЕЕМО прими преку 400 номинации и како што изјави Вујовиќ "жирито мораше да работи напорно за да ја донесе оваа одлука. Во случајот на господинот Латин, еден фактор што му одеше во прилог беше дека тој вработува неколку други новинари кои беа исто така номинирани.Тој има многу добар тим со кој соработува."
<table border="0" align="right" width="216" height="48"> <tr> <td><img src="../../images/photos/seemo.jpg" align="right" width="216" height="48"></td> </tr> </table> Новата награда, која е поддржана лично од Ерхард Бусек,специјалниот координатор на Пактот за стабилност за југоисточна Европа, претставува само еден мал дел од активностите на SЕЕМОС. Организацијата, исто така, ја анализира правната рамка во која работат новинарите и лобира кај националните влади да донесе закони кои ќе бидат во склад со меfународните стандарди. На пример, SЕЕМО ги поттикнува Српската и Црногорската влада клевета да ја третираат како цивилен прекршок, а не криминален акт.
SЕЕМО нема проблеми во привлекуваoето публицитет. Со тоа што неговите членови се врвно рангирани медиумски професионалци од југоисточна Европа, кога SЕЕМО ќе изнесе мислеoе или изјава, може да биде сигурно дека ќе се чуе неговиот глас. Меfутоа, организацијата претпочитува да пријде дипломатски, свесна дека грубото мешаoе може да ја распали тензијата на ситуацијата.
SЕЕМО беше неодамна информиран дека во Тетово, Македонија, етничко албанска политичка партија и забранила на една македонска телевизиска станица да присуствува на нивна прес конференција. Вујовиќ одговори со контактираoе на лидерот на партијата истакнувајќи му ја важноста од отвореноста на прес конференците за сите. Партискиот лидер постапи добро: тој веднаш вети дека забраната нема повторно да биде поставена и формално и се извини на телевизиската станица.
SЕЕМО, исто така, им пружа помош на оние новинари чија лична безбедност е доведена во опасност. "Проблемите со кои се соочуваат новинарите варираат од земја до земја", изјави Вујовиќ, "но веројатно најголемиот проблем во регионот е мафијата и луfето кои се поврзани со мафијата."
Сепак, постои граница за она што SЕЕМО може да го направи. Во крајна инстанца, новинарите се потпираат на подобра правна заштита на нивните права, поголема свесност за нивната улога во надзорот над владата и поддршка од полицијата. Полицијата често нема волја да се вовлекува. Три години откако српскиот новинар Славко Чуривија беше застрелан пред својот дом, сеуште не се откриени неговите убијци.
Новинарите во регионот многу често се слабо платени, и медиумите немаат доволно ресурси за соодветно истражувачко новинарство. Како што вели Вујовиќ, "...секој новинар кој си ја работи правилно работата мора секогаш да мисли, каква ќе биде реакцијата на она што го пишувам? Дали моето семејство ќе мора да поднесува последици?"