Десетта годишнина од Дејтонскиот договор: Поглед кон иднината

На патот кон Европа

15/12/2005

Десет години по потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, БиХ отпочна процес на клучни реформи кои го отвораат патот за иден економски раст и повисок животен стандард. Сепак, прашањата како што е невработеноста и слабите инвестиции мора да бидат решени побрзо со цел да се забрза тој процес, пишува високиот претставник Лоренс Е.Батлер.

(Од амбасадор Лоренс Е. Батлер за Southeast European Times – 14/12/05)

photo

Амбасадор Лоренс Е. Батлер. [Стејт Департмент]

Секоја земја која успешно го завршува процесот на транзиција кон слободниот пазар е вклучена во една трка – колку брзо по нарушувањата и жртвите кои доаѓаат како последица од економските реформи можеш да им ги понудиш плодовите од тие исти реформи на граѓаните.

Ако тој временски период е премногу долг, процесот на реформи ќе стагнира. Доколку нема видливи резултати – нови работни места, подобри услуги, повисок животен стандард – процесот на реформи ќе пропадне.

Ова е парадигма која денес постои низ цела Југоисточна Европа, како што постоеше и низ цела Централна Европа во текот на 1990-тите.

Земјите од овој регион се во трка за просперитет, а судбините на милиони граѓани зависат од исходот на таа трка.

Од 25-ти ноември, кога БиХ и ЕУ започнаа преговори за Стабилизација и Асоцијација, БиХ им се приклучи на своите соседи на патот кон евро-атлантска интеграција. Таа се наоѓа во последната фаза од процесот на транзиција.

Треба да го имаме на ум важниот факт дека напредокот кон пристапување во ЕУ и НАТО не значи само дека земјите од југ и исток се сé повеќе и повеќе ориентирани кон земјите од север и запад. Да, Југоисточна Европа се приближува кон ЕУ, но истовремено земјите од Југоисточна Европа стануваат се поблиски една со друга. Преку донесување и имплементирање на клучните реформи насочени кон исполнување на европските стандарди, економиите во Југоисточна Европа сé повеќе и повеќе се надополнуваат една со друга и се во можност продуктивно да се натпреваруваат една со друга. Тие прифаќаат слични трговски и потрошувачки стандарди, слична бизнис-клима, како и слични инвестициски правила и социјални регулативи.

БиХ ги донесе и сега е во процес на имплементирање на стратешките економски реформи кои ќе и овозможат да ги искористи регионалните економски можности. Овие реформи вклучуваат унифицирање и рационализација на царинската служба, рационализирање на процесот за регистрација на фирмите, отворање на трговски судови со цел да се забрзаат деловните судски процеси, приближување на регулативите во секторот за јавни услуги кон европските стандарди, како и подобрување на корпоративното управување во јавните претпријатија. Реформите во банкарството, започнати кон крајот на 1990-тите, веќе создадоа здрав финансиски сектор: каматните стапки се намалени на околу 10 отсто, а банките се сé порасположени да им даваат заеми на малите и средните претпријатија – што општо се смета за стожер за иден економски раст.

Резултатите од овие, како и од останатите, реформи се значителни. Инфлацијата е мала, а индексите на индустриското производство, инвестициите и извозот се во нагорен тренд.

Договорите за слободна трговија склучени под покровителство на Пактот за стабилност се веќе на добар пат да создадат единствен пазар во Југоисточна Европа од 55 милиони луѓе. Овој пазар претставува платформа врз која фирмите ќе можат да се развиваат и да ги консолидираат нивните производи и услуги пред да се појават на поширокиот европски пазар.

Јасното приближување на интересите што сега постои кај земјите од регионот е особено значајно за БиХ во поглед на нејзината понова историја.

Србиај-Црна Гора и Хрватска се заглавени во процесот на евро-интеграција. Нивниот успех ќе се темели врз нивната добро-соседска поддршка за БиХ, а напредокот на БиХ ќе биде енормно потпомогнат од соработката, која сега се развива и проширува, помеѓу неа и нејзините најблиски соседи.

Во 2006-та година БиХ мора да се насочи кон одржување и зголемување на предностите што ги нудат економските реформи. Се отвораат нови работни места, но реалната стапка на невработеност од околу 18 отсто е социјлано неодржлива. Оваа бројка мора да се намали што еможно побрзо. Инвестициите се зголемуваат, но БиХ мора понатаму да ја подобрува бизнис-климата: можностите за инвестирање не се утврдени и не се промовираат ефективно, а локалните власти, особено оние на општинско ниво, сеуште не конкурираат доволно агресивно за пазарни средства.

Сепак, постои кумулативен и, верувам, незапирлив тренд кој ќе го одржи и поттикне понатамошното подобрување на инвестиционата, како и на бизнис-климата.Законската рамка е воспоставена. . Бизнисмените сега можат да започнат со бизнисот за создавање на богатство и отворање на нови работни места – доколку јавноста го прифати овој модел, станува полесно започнувањето на нови реформи, а тогаш е утврден виртуозниот циклус на реформи и економски раст.

Воведувањето на ДДВ на 1-ви јануари 2006-та година е вистински потег. Реструктуирањето на фискалниот систем ја затегнува административната и политичката структура на земји со поголе капацитет од БиХ – но, потенцијалното позитивно влијание врз економијата, како и врз социјалната благосостојба на граѓаните од ова фискално реструктуирање е огромно. Тоа ќе овозможи поправично и поефикасно собирање на даночните приходи; ќе помогне голем дел од сивата економија да се вклу~и во регуларните економски токови ; ќе ги намали можностите за корупција; и ќе ги зголеми средствата кои можат да бидат потрошени на јавните услуги.

До крајот од 2006-та година предностите што ги нуди ДДВ ќе бидат видливи за сите.

Пишувам во еден период во кој доминираат ретроспективни погледи за напредокот на БиХ поттикнати од десетгодишнината од Дејтонскиот мировен договор. Сепак итните преокупации на оваа земја сега се во голема мера поврзани со надминување на овие пречки кои сеуште постојат на нејзиниот пат кон Европа, отколку со навраќање кон тешкиот и променлив пат што не доведе до тука.

Тоа е извонреден тестамент за успехот на Дејтонскиот мировен договор – тој ја доведе БиХ до една точка каде самите договори повеќе не се одлучувачки фактор за политичката, економската и социјалната стабилност на БиХ. Позитивниот потенцијал на иднината има поголемо влијание врз јавната дебата отколку заканувачките спомени од минатото.

Народот во БиХ мораше да помине долг и тежок пат од почетокот на 1990-тите, но денес тој заедно со своите соседи се движи на патот кон Европа. Десет години по Дејтонскиот мировен договор, транзицијата почнува да дава резултати.

Она што сега сакаме да го видиме е забрзување во трката за просперитет.

Амбасадорот Лоренс Батлер е висок претстваник за Босна и Херцеговина