по земја

Србија и Црна Гора

Коштуница вели дека Косово е поважно од членството во ЕУ

01/08/2006

Србија ќе продолжи да се противи на независноста на Косово дури и ако тоа им штети на нејзините напори за влез во ЕУ, изјави премиерот Воислав Коштуница за еден белградски весник.
Визнер: Потребни се „интензивирани“ преговори за решението за Косово

31/07/2006

Двете страни во преговорите за статусот на Косово мора да покажат флексибилност за да може да се постигне договор пред крајот на годинава, рече американскиот претставник Френк Визнер за време на неговата посета на Белград и Приштина.
Дипломатски дневник: Хрватска и Србија отворија граничен премин

25/07/2006

Хрватскиот премиер Иво Санадер и српскиот премиер Воислав Коштуница во петокот отворија граничен премин. Исто така во вестите од дипломатијата: Претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо, се состана со српскиот претседател Борис Тадиќ и Ерхард Бусек ја посети БиХ.
Водачите на косовските Албанци и на Србите останаа на своите позиции на самитот во Виена

25/07/2006

„Состанокот на слоновите“ во понеделникот во Виена им даде на водачите на косовските Албанци и Србите можност да ги потврдат своите остро спротивставени ставови во врска со иднината на Косово.
Приштина и Белград сé уште во ќор-сокак околу заштитата на културното наследство

24/07/2006

Уште еден круг разговори заврши минатата недела без некој значаен чекор. Фокусот беше ставен на културното наследство и процесот на децентрализација.
Првите 100 дена од владата на Чеку предизвикаа различни реакции

19/07/2006

Косовскиот премиер Агим Чеку говореше пред парламентот за првите 100 дена од доаѓањето на власт на неговата влада, но опозициските политичари ја бојкотираа седницата поради процедурална расправија. Во меѓувреме, граѓаните на Приштина даваат свое мислење за администрацијата на Чеку.
images/2006/07/18/NEWSphoto.jpg

18/07/2006

Специјалниот претставник на ОН за разговорите во врска со статусот на Косово, Марти Ахтисари, организира директен состанок помеѓу српските водачи и водачите на косовските Албанци на 24-ти јули. [Getty Images]
Состанок на Советот за безбедност на ОН за Косово

17/07/2006

Советот за безбедност на ОН минатата недела ги ислуша косовскиот претседател, српскиот премиер и претставникот на ОН за разговорите околу статусот.

по датум (последните 30 изданија)

повтсрчепесане
ноември 2008
456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
декември 2008
1234