09/06/2005

Изразувајќи ја поддршката на неговата земја за брзо решавање на прашањето за статусот на Косово, американскиот државен потсекретар за политички прашања, Николас Барнс, во средата рече дека континуираната ситуација повеќе не е прифатлива.
09/06/2005

Со доаѓање на обвинети лица во Хашкиот трибунал секој месец, Трибуналот на ОН за воени злосторства го има својот најуспешен период во својата 12-годишна историја. Но, неговата работа нема да биде комплетирана сé додека сите обвинети -- вклучувајќи ги и главните бегалци Радован Караџиќ, Ратко Младиќ и Анте Готовина -- не бидат изведени пред лицето на правдата, вели главната обвинителка Карла дел Понте.
09/06/2005

Македонската влада има намера да ја спроведе една од последните одредби на Охридскиот договор, подготвувајќи го законот за употреба на етничките симболи. Според предложениот закон малцинските заедници во 19 општини ќе може да користат знамиња и симболи по свој избор.
06/06/2005

Очекуваниот влез на Романија во ЕУ во 2007 година е доказ за драматичниот напредок на земјата. Но, се уште постојат неколку загрижувачки сфери, една од кои е распространетиот проблем со корупцијата. Анкетите постојано покажуваат дека корупцијата -- особено во судскиот систем -- е меѓу главните фрустрации и грижи на граѓаните. Иако оптимистите веруваат во способноста на структурните и институционалните реформи да го намалат неморалното однесување, останатите алармантно укажуваат на проблемите околу „довербата“ и замките што произлегуваат од неразвиеноста. Самата ЕУ би можела да стане неопходниот катализатор за продор во проблематичните сфери, тврди Даниел Даиану, економист и поранешен министер за финансии на Романија.